Седницата започна со час и половина доцнење

Со кратки дискусии од страна на претседаталите на одредени работни дискусии, беа прифатени сите 10точки предвидени со дневниот ред.

logo
лого

Со кратки дискусии од страна на претседаталите на одредени работни дискусии, беа прифатени сите 10точки предвидени со дневниот ред.

sovetniciСо невообичаено доцнење од час и половина започна петтата седница на советот на Општина Охрид. Долготрајната дебата помеѓу Градоначалникот и граѓаните од 15тата урбана единица, беше причина поради која советниците почнаа со работа со толкаво доцнење. Граѓаните од овој дел на градот засегнати од состојбата која им се наметнува со дадениот плански опфат, не отстапуваа од барањето истата да биде изземена како точка на дневен ред. Барањето беше прифатено од страна на градоначалникот Петрески,  а по истото образложение даде и претседателот на совет, Душко Јаковчевски.

Предлогот на градоначалникот за изземање на првата точка на дневниот ред беше прифатена едногласно. Наместо неа се стави нова точка на тема решавање на проблемот на жителите од Горно Лакочереј со водоснабдување.

Петтата седница на Советот на Општина Охрид протече во продуктивна работна атмосфера. Без дискусии по предлог точките на дневен ред, со кратки и ефективни образложенија од страна на претседателите на работните комисии, беа прифатени сите 10 Предлог одлуки по предложениот редослед.
Тематски беа опфатени предлозите за поставување на спомен обележје на руската Кнегиња Олга и Кнезот Владимир, за измена на Статутот на ЈП „Охридски комуналец“ и неговата организациона поставеност и дополнување на одлуката за учество на МЈП „Проаква“ како содружник во проектот за изградба и стопанисување со четирите мали електрани на  „Летничките извори“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top