Охрид остана без градска плажа

Од крајбрежјето на Охрид пред очите на јавноста исчезна уште една градска плажа.

 |  Валентина Нелоска  | 
J'No
Ј’Но

Од крајбрежјето на Охрид пред очите на јавноста исчезна уште една градска плажа.

J'NoИако во генералниот урбанистички план на Охрид јасно е зацртаната плажата Ј`но, овој некогаш култен простор за охриѓани, сега ја нема. Граѓаните негодуваат што се случи со овој дел од брегот ,  некогаш нивен омилен простор, за кој се грижеле со огромна љубов се сеќава 77 годишната Олга Балева. Во просторот на Долна порта, постоеа плажите Ј‘но и Сариште каде што граѓаните и гостите во жешките летни денови се разладуваа се сеќава  со носталгија Балева. Тука истовремено охриѓани белеа алишта, рибареа,  спортуваа додава таа.

Граѓаните ги  прашуваат зачудено надлежните институции, на централно и посебно на локално ниво, кога и како дозволија узурпација на оваа плажа. Изникнаа едно чудо кафулиња и ова еснафско место го снема негодува Балева. До езерото мора да има пристап  категорична е нашата  сограѓанка.
Иако мала, оваа градска плажа претставуваше единствен слободен пристап до езерото. Узурпирањето на оваа плажа повлече  и  негативни импликации на и онака слабите спортски активности во градот. На кајакарите им е оневозможено таму да ги изведуваат секојдневните тренинзи. Сараиште под концесија, Јно узурпирана, па Охрид остана без градска плажа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top