Римскиот император, Фелпс

Како и минатата година на Олимписките игри во Пекинг, и на денес завршеното Светско првенство во пливање, еден човек е во центарот на вниманието.

 |  Крсте Голабовски  | 
Majkl Felps
Мајкл Фелпс

Како и минатата година на Олимписките игри во Пекинг, и на денес завршеното Светско првенство во пливање, еден човек е во центарот на вниманието.

Majkl FelpsПогодувате, Мајкл Фелпс го освои петтото злато во „вечниот град“. Овој пат беше член на штафетата која беше најдобра во дисциплината 4х100метри мешано. Ова беше 22златен медал во кариерата.

Фелпс до златото дојде пливајки со Арон Пирсол, Ерик Шантеу и Давид Валтерс, а американската штафета исплива нов светски рекорд (3:27,38).

Најдобро време на „сите времиња“ исплива и британецот Лиам Танкок на 50грбно, оставајќи го зад себе Јапонецот Јунј Коге и Јужноафриканецот Герхард Зандберг.

На 50метри градно исто така беше забележан нов светски рекорд. Јулија Јефимова, руска пливачка, бише побрза од Реарсон во Монтреал минатиот месец, а денес од Ребека Сони и Австралијанката Сара Катсоулис.

Трет светски рекорд на последниот ден исплива и Брит Штефен на 50метри слободно.
Олимпискиот победник од Пекинг, Тунижанецот Осама Мелоули беше најдобар на 1.500метри, пред Рајан Кочране и Сан Јанг.

Во последната поединечна трка на 400метри, најдобро време исплива Катинка Хосзу од Унгарија, додека втора беше Кристи Ковентри, а трета Стефани Рајс.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top