Сеќавање на првото заседание на АСНОМ

Се испреплетоа безброј замисли за реализирање на првото заседание на АСНОМ, многу крв се пролеа за него меѓутоа резултатите кои произлегоа дадоа печат за иднината на Македонија.

Vanco Bajkov
Ванчо Бајков

Се испреплетоа безброј замисли за реализирање на првото заседание на АСНОМ,многу крв се пролеа за него меѓутоа резултатите кои произлегоа дадоа печат за иднината на Македонија.

Vanco Bajkov„Малку луѓе знаат дека првичната замисла за одржување на првото заседание на АСНОМ беше тоа да се одржи во местото Плаќе во Кичевскиот манастир“, започнува да раскажува Ванчо Бајков, учесник на заседанието.

„Меѓутоа не нападнаа Германците, го завзедоа Кичево и отпадна оваа замисла. Потоа се размислуваше тоа да се одржи во Крушево, меѓутоа и оваа идеја не се реализира од безбедносни причини“, продолжува Бајков.„ Така првичната идеја се реализира дури наредната година. Другарите Ченто, Кирил Петрушев и Емануел Чучков заминаа на Вис каде добија дозвола од Другарот Тито за одржување на првото заседание на АСНОМ. Беше одлучено тоа да се одвива во Манастирот „ Прохор Пчински“.

„Заседанието за отворено го прогласи тогаш најстариот член другарот Панко Брашнаров, кој потоа заврши на „Голи Оток“ и гробот не му се знае“, тажно раскажува Бајков. „Заседанието траеше само еден ден, а потоа се работеше во комисии“, појаснува нашиот соговорник.  

„За време на заседанието јас работев како командир на омладинска чета за непосредно обезбедување“, вели Бајков.„ Голема помош за безбедноста на истото одигра четвртата бригада, која спречи секаква инвазија. Сето тоа беше генијална идеја на Генерал Апостолски. На ова заседание се втемели друштвеното уредување на Македонија“, вели Бајков.

„Целокупната идеја на првото заседание на АСНОМ
Беше да се обедини некогашната Македонија со сите свои делови. Тоа го поддржуваше и другарот Тито и самиот во една прилика рече:„И јас би сакал да се брчнам во тоа Егејско море, но кога ќе биде ваше“, раскажува Бајков.„ Меѓутоа средбата на Јалта помеѓу Черчил, Рузвелт и Сталин одлучија границите од пред војната да не се менуваат, па така целта не се реализира во потполност„, констатира за крај нашиот соговорник.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top