Агонијата на Марјан Котески трае веќе пет години. Неговата животна приказна го приморала да тропне и на вратите од Премиерот Груевски и до повеќе други министерства.
Во нашата редакција со надеж за помош, денеска се обрати Г-динот Марјан Котески- вработен во ПШС Галичица.
„Мојата голгота започна на 2ри март 2004год. По пет години малтретирање, деградирање и шиканирање од страна на мојот раководител Илија Дуклески, сега сум половина човек со нарушено психичко и физичко здравје. Последното мое преместување во Ресен дополнително ја влоши мојата состојба, а и односите со луѓето кои беа вмешани во мојот случај“, вели Котески.
„Мојата агонија не запира тука. Следното мое работно место беше на 40 км во планина со намера самиот да дадам отказ. Меѓутоа јас не се предавам така лесно. Кредитот кој го зедов за да ја доизградам мојата трошна куќа, во која живеам во никакви услови, го потрошив за патувања до министерствата во Скопје, разговори по телефон, претставки, жалби и поплаки. Се обратив и до Премиерот Груевски и до Министерката за Внатрешни работи Јанкуловска и од таму добив надеж дека мажам да се надевам на некаква разрешница на мојот случај“, посочува Котески.
„Доколку на Г-динот Илија Дуклески ова не му е доволно или смета дека лажам, слободно и самиот нека се увери во следново:„ Јавно ве повикувам на дуел со сите свои аргументи“
„Јас сум решен да се борам до крај за да ја истерам правдината. Ако треба до крајот на мојот живот ќе продолжам да живеам во вакви бедни услови во кои престојувам, меѓутоа нема да се откажам од потрагата по правда“, завршува Марјан Котески. Нашата редакција го контактираше и Г-динот Илија Дуклески. Тој исклучиво се повика на записниците од ревизијата на ЈП „ Македонски шуми“ кои велат дека сите претставки од Котески не се релевантни и не се веродостојни.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град