Клуч на врата за неколку угостителски објекти

Во голема контрола која се одвивала пред неколку дена инспекторите од дирекцијата за храна ставиле клуч на 5 угостителски објекти.

 |  Валентина Нелоска  | 
sendvicara
сендвичара

Во голема контрола која се одвивала пред неколку дена инспекторите од дирекцијата за храна ставиле клуч на 5 угостителски објекти.

ресторанВо акцијата биле исконтролирани  56 ресторани, летни тераси, хотели и одморалишта на потегот од Св.Наум па се до Горица 3.Инспекторите при тоа издале 32 решенија за  нехигиена во објектите и за непоседување на санитарни книшки и непосетен  курс по хигиена  на вработените лица. Земени се и 48 мостри од храна кои се дадени на испитување во заводот за здравствена заштита. Од нив само една мостра покажала позитивен наод со што фирмата и одговорното лице заработиле прекршочна пријава. Инпспекторите сепак укажуваат дека безбедноста на храната е подобрена.
Гостите кои престојуваат на охридското крајбрежје може да се спокојни  каква храна јадат. Ситуацијата се подобрува споредено со минатат година велат инспекторите. Во таа насока големо влијание има воведувањето на Хасап системот додаваат тие.  

Инспекторите од дирекцијата за храна биле активни и во месеците јуни и јули. Тие исконтролирале  82 угостителски објекти и издале 36 решенија со кои угостителсите објекти треба да отстранат некои недостатоци.  При тоа затвориле 3 објекти и врачиле 3 прекршочни пријави. Земени се 78 мостри од кои сите биле негативни.  Во овој период вредни биле и ветеринарните инспектори. Блиски извори за ТВМ кажуваат дека тие при контрола на месо за јавна потрошувачка заплениле и уништиле околу 500 килограми. Месото било без потврда за здравствена исправост.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top