Словенско – македонски ден на Охридско лето

Овој ден е посветен на големиот ликовен творец Марко Бутина од Словенија, кој лани починал во Охрид.

 |  Николовска Биљана  | 
logo
лого

Овој ден е посветен на големиот ликовен творец Марко Бутина од Словенија, кој лани починал во Охрид.

pres konferencijaБутина важел за пионер на компјутерската графика во Словенија. Преку неговата изложба на фестивалот Охридско лето продолжува соработката на културно ниво помеѓу овие две земји.

Врвните уметнички имиња не се забораваат. Годинава во рамките на Охридско лето, Словенија ќе биде претставена со уметничките слики на Марко Бутина кој веќе не е меѓу нас. Како претставник на уметничките дела на Бутина се јавува неговата сопруга Милјана. Со оваа изложба таа го продолжува веќе започнатиот  меѓународен проект кој е на Европско ниво.

Директорот на фестивалот Тони Симоноски вели дека се работи за дела на автор уметник од врвна класа кои заслужуваат простор на Охридско лето.

Соработката на Словенија со Македонија е повеќестрана, изјави Милјана Бутина, сопруга на големиот уметник.

„За уметноста на мојот покоен сопруг нема што да се каже бидејќи сликите зборуваат сами за себе“, рече таа. Бутина додаде, дека и е чест  што на изложбата ќе присуствува словенскиот амбасадор Бергант.

Во чест на Марко Бутина денеска беше засадено и дрвце, во знак на  почит кон луѓе кои оставиле траг во Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top