Далас ја „згази“ Оклахома

Кошаркарите на Далас Маверикс поведоа со 1-0 во првата средба од финалната серија на Западната конференција, откако на свој паркет ја совладаа Оклахома со 121:112.

 |   | 

Серж Ибака, со распон на рацете 225 сантиметри, само стоеше покрај Дирк Новицки, неможеше да го чува. Всушност кој и да се обидеше неможеше да стори ништо. Дирк застана на 48 поени со шут од поле од 12-15 и нов НБА плеј-оф рекорд 24 од 24 од линијата за слободни фрлања.

Џејсон Тери го следеше Новицки со 24, а Џеј-Џеј Бареа додаде 21 поен за Мавси. Доволни за победа од 121:112 на Далас во првата средба од финалната серија на Западната конференција.
Гостите од Оклахома Сити не можеше да ги спаси ниту Кевин Дурент и неговите 40 поени. Тој ја немаше помошта која ја доби од Расел Вестбрук во седмата средба од серијата со Мемфис кога плејот забележа трипл-дабл.
Овој пат Вестбрук погоди само три од своите 15 обиди од игра за конечни 20 поени и по три асистенции и скокови.
Втората средба се игра во четврток, повторно во Далас, каде Мавси во ова разигрување имаат скор 6-0.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top