Risto vrtev

Враќање на „Архангел“

Risto vrtevМакедонската легендарна група Архангел повторно ќе се качи на концертната сцена.

На 26 октомври во Спортскиот центар “Борис Трајковски” овој македонски состав повторно ќе докаже дека македонски подобро звучи.

Македонските Архангел и песните кои едно време ги пееше цела Југославија, на 26 октомври во Борис Трајковски на сцена ќе застанат со Македонската филхармонија. Предвидено е да има повеќе од 60 луѓе на сцената.

Risto vrtevАрхангел е македонска рок група основана во февруари 1989 година. Основачот на овој денес легендарен рок состав е Ристо Вртев. Во својата дискографија, потпишуваат 4 албуми благодарение на кои и денес се сметаат за една од најдобрите македонски рок групи. Архангел е првиот албум издаден во 1991 година. По него, Архангел 2 од 1993 година кој пак за потребите на југословенскиот пазар касетно бил издаден под наслов “Дно”. Со албумот Heart Core од 1998 година, се заокружи замислената трилогија на Вртев. Во 2003 Архангел го издадоа нивниот четврти албум Небесна машина.

Архангел во 1993 и 1994 година се наградени за најдобри настапи во живо. Во својата биографија, ја запишуваат и музиката за филмот “Збогум на 20 век” на Александар Поповски и Дарко Митревски.

{loadposition content9}

1993, core, heart, албум, албумот, архангел, вртев, година, група, денес, издаден, кои, македонската, македонски, овој, октомври, рок, својата, состав, сцена

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top