Македонските доктори ќе се усовршуваат на UCLA

Здравствените работници од Македонија ќе имаат можност своето знаење да го усовршуваат на реномираниот Универзитет на Калифонија и Лос Анџелес (УКЛА).

Nikola Todorov
Никола Тодоров

Здравствените работници од Македонија ќе имаат можност своето знаење да го усовршуваат на реномираниот Универзитет на Калифонија и Лос Анџелес (УКЛА).

Министерот за здравство Никола Тодоров, кој престојува во посетан а САД, го потпиша Меморандумот за соработка со УКЛА со генералниот управител на Центарот за меѓународна соработка Томас Розентал.

uclaМеморандумот ја дефинира соработката со Медицинскиот центар Роналд Реган, кој е во рамки на УКЛА, што претставува токму рамка на меморандумот, со цел македонските лекари и останатиот медицински кадар да имаат пристап до врвна обука, но и  доктори од САД да доаѓаат и го пренесуваат своето знаење и искуство на нашите доктори, со можност за научна надградба кои ги нуди оваа врвна здравствена институција, како и проширување на соработката со другите здравствени установи на Медицинскиот центар Роналд Реган. Овој Медицински центар е основан во 1955 година, а реотворен во 2008 година како Медицинскиот центар Роналд Реган и е карактеристичен по обезбедувањето врвна грижа за пациентите.
 
Оваа болница, која е една од поголемите во Лос Анѓелес, е врвна здравствена установа во светски рамки, со постигнати особени успеси во пресадувањето црн дроб, лекување болести од различни видови на канцери, срцеви заболувања и друг вид тешки заболувања.
 
Меморандумот посебно ќе се фокусира на унапредување и развој на следните медицински области: кардиоваскуларна хирургија, неврохирургија, рехабилитација, ортопедија, трансплантација, неонатологија и педијатрија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top