“Мајки“ селектиран за Берлинскиот филмски фестивал

Уште еден огромен успех на филмот “Мајки“ на Милчо Манчевски по светската премиера на филмскиот фестивал во Торонто, филмот е селектиран за Берлинале, еден од трите најголеми филмски фестивали од А класа во светот (покрај Кан и Венеција). 61-то издание на Берлинале ќе се одржува од 10 до 20 февруари 2011 година.

 |  Маја Савиќ  | 
Majki
Мајки

Уште еден огромен успех на филмот “Мајки“ на Милчо Манчевски по светската премиера на филмскиот фестивал во Торонто, филмот е селектиран за Берлинале, еден од трите најголеми филмски фестивали од А класа во светот (покрај Кан и Венеција). 61-то издание на Берлинале ќе се одржува од 10 до 20 февруари 2011 година.

Majki“Мајки“ на Берлинале ќе има европска премиера и тоа во престижната програма Панорама, која заедно со програмата Кензен во Кан е убедливо најсилната селекција за авангарден уметнички филм во светот.

Фактот дека “Мајки“ е уште сега избран за Берлинале особено добива на значење ако се има предвид дека селекцијата се врши меѓу 3.000 филмови од целиот свет и дефинитивниот избор ќе биде објавен во периодот декември до јануари.

Откако пред 30 години на Берлинале е создадена програмата Панорама, во неа биле прикажани филмовите на најголемите светски филмски автори, од Жан Лик Годар до Оливер Стоун. Програмата Панорама нема натпреварувачки карактер, туку единственото признание е Наградата на публиката за која гласаат и која ја доделуваат гледачите.

Бидејќи веќе имаше светска премиера во Торонто, “Мајки“ не може да конкурира и во натпреварувачката селекција за Златната мечка на Берлинале.

Учеството на “Мајки“ на Берлинале е од огромно значење не само за македонската кинематографија туку и за културата на Македонија воопшто, зашто овој голем фестивал лани, на јубилејното 60-то издание, имаше над 300.000 гледачи и над 20.000 акредитирани гости и новинари од 120 земји во светот.

Согласно регулативите на Берлинскиот филмски фестивал, “Мајки“ не може да се прикажува на другите европски фестивали до февруари следната година. Но “Мајки“ доби посебно одобрение за прикажување на Меѓународниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки во Битола, како и за редовна дистрибуција и киноприкажување во Македонија. “Мајки“ ќе го отвори фестивалот Браќа Манаки на 16 октомври во Битола, а истовремено во Скопје ќе игра на редовниот репертоар во киното Милениум.

Milco Mancevski“Мајки“ е четврт филм на Милчо Манчевски и е македонски кандидат за оскар. Филмот е македонско-француско-бугарска копродукција. Главните улоги ги толкуваат Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев, Марина Поп Панкова, Петар Мирчевски, Горан Трифуновски, Благоја Спиркоски, Борис Чоревски, а за прв пат на филм се појавуваат Емилија Стојковска и Милијана Богдановска. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, продукциски дизајнер Дејвид Манс, костимограф Елизабета Монталдо, дизајнер на маска Марио Микисанти, монтажер Жаклина Стојчевска, дизајнер на тонот Питер Балдок, кастинг директор Маја Младеновска, а музиката е на Игор Василев Новоградска. Продуцент е Кристина Калас, а копродуценти се Тиери Ленувел, Мари-Пјер Масиа и Методиус Петриков.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top