„Илинден“ денес треба да биде извлечен на површината

Доколку бидат поволни временските услови, предвидено е во текот на денов да започне извлекувањето на потонатиот брод „Илинден“ од водите на Охридското Езеро.

spasuvanje
спасување

Доколку бидат поволни временските услови, предвидено е во текот на денов да започне извлекувањето на потонатиот брод „Илинден“ од водите на Охридското Езеро.
За денеска е предвидено само извлекување на бродот на површината на езерото, додека одвлекувањето на „Илинден“ до каналот Студенчишта најверојатно ќе се врши друг ден, за што ќе биде ангажиран брод на Министерството за внатрешни работи.

IlindenАктивностите околу извлекувањето на „Илинден“ се одвиваат согласно строго утврдена процедура и план изготвен од страна на екипата на специјализираната компанија „Дубина“ – хрватската фирма за подводни активности ангажирана за извлекување на бродот од дното на езерото.
Засега е познато дека „Илинден“ ќе се извлекува на површината на Охридското Езеро со специјални каиши и воздушни балони. Последните активности на експертите од сплитската фирма спроведени претходните два дена биле во насока на означување на позициите за нивно поставување.
Вчера во Охрид допатуваат уште експерти на „Дубина“, заедно со преостанатата специјализирана опрема и логистика неопходна за извлекувањето на потонатиот брод.

Комисијата што беше формирана од страна на Министерството за транспорт и врски за утврдување на причините за несреќата, инсистираше целиот процес на извлекување на бродот од дното на езерото да го врши фирма специјализирана за такви активности, за да се избегнат какви било оштетувања на бродот што би и наштетиле на истрагата.
Министерот за правда Михајло Маневски кој вчера престојуваше во Охрид за текот на истрагата околу „Илинден“ кусо изјави дека истражните органи во Република Македонија и истражниот судија од Основниот суд во Охрид, заедно со ангажираните странски експерти и вешти лица, како од земјата така и од странство, максимално настојуваат да се преземат сите дејствија за утврдување на фактите и причините на потонувањето на бродот „Илинден“.
Бродот „Илинден“ потона на 5 септември кај Авто-кампот „Елешец“, при што со себе однесе 15 животи. Сите жртви беа туристи од соседна Бугарија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top