„Домашна визита“ и во Охрид

Домашна визитаа е новиот проект на Министерството за здравство, кој почнува од денес.

domashna vizita
домашна визита

Домашна визитаа е новиот проект на Министерството за здравство, кој почнува од денес. Проектот се состои од превентивни здравствени прегледи на повеќе од девет илјади стари лица во нивните домови, за што се ангажирани 340 патронажни сестри, кои работат во здравствените домови. Во Охрид и Дебрца медицинските сестри ќе посетат над 500 пациенти кои претходно беа пријавени за овој проект.

Проектот, како што информираше министерот за здравство Никола Тодоров, ќе се одвива низ цела Македонија, во 652 населени места распределени во 84 општини. Симболично ќе почне пред Неделата на грижа за стари лица, од 18 до 24 ноември.

domashna vizita– Ова е моќна јавно – здравствена мерка, препорачана од Светската здравствена организација, која во ист миг ќе овозможи грижа и превенција за пациентите, нагласи Тодоров.

Акцент ќе биде ставен на лица со кардиоваскуларни заболувања, хронични респираторни заболувања, дијабетес и други хронични заболувања. Патронажните сестри во домовите, како што рече, ќе вршат определени прегледи, мерење крвен притисок, шеќер во крвта, хемоглобин, холестерол, а во определени случаи и ЕКГ прегледи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top