За само 10-ина дена оцаринети 1.405 возила

Во Царинската управа на Република Македонија во првите десет дена од стапувањето на сила на промените на Законот за царинска тарифа и на Законот за акцизи за царинење на нови и употребувани возила започната е постапка за царинење на вкупно 1.752 нови и половни возила од кои 1.405 се веќе оцаринети, а 347 се во постапка за царинење.

 |  Маја Савиќ  | 
carina
царина

stari koliВо Царинската управа на Република Македонија во првите десет дена од стапувањето на сила на промените на Законот за царинска тарифа и на Законот за акцизи за царинење на нови и употребувани возила започната е постапка за царинење на вкупно 1.752 нови и половни возила од кои 1.405 се веќе оцаринети, а 347 се во постапка за царинење.
Во царинската испостава Скопје започната е царинска постапка за 972 возила, 727 се веќе оцаринети, а 245 се во царинска постапка. Во Гевгелија започната е царинска постапка за 151 возило, 131 е веќе оцаринето, а 20 се во царинска постапка, додека во Штип бројот на започнати царински постапки е 208, 194 се веќе оцаринети, а 14 се во царинска постапка.

Собранието на Република Македонија на 12 март го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за Царинска тарифа со кои меѓу другото, се изедначија на пет отсто царинските давачки за новите и употребуваните автомобили.  Законот стапи во сила веднаш по неговото објавување во Службен весник на 13 март од кога и започна царинењето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top