Вечерва во црвквата Св. Софија, настап на филхармониската хорска капела „Јарославија“
Post Views: 6
Вечерва со почеток во 18 часот во Црквата „Света Софија“ ќе се одржи концерт на хорот „Јарославија“ на Јарославската државна филхармонија Станува збор за настан кој е дел од програмата на „Деновите на духовна култура на Русија во Македонија“.
Филхармониска хорска капела „Јарославија“ од древниот руски град Јарослављ има многу настапи во Русија и во странство. Оваа капела ги продолжува најдобрите традиции на руската хорска изведувачка школа. Уметнички раководител и диригент е Владимир Контарев.
На концертот ќе се слушнат класични хорски нумери од руски композитори, како...