Затворот Идризово ќе биде урнат, ќе се гради нов
Post Views: 9
Затворите во земјава ќе бидат целосно реновирани, според најстрогите европски стандарди. Зградата на најголемиот затвор во државата „Идризово“ ќе биде урната и на нејзино место ќе се изгради нова зграда, според најсовремените европски стандарди на 43.000 квадратни метри со капацитет за 1.510 лица.
Административниот совет на Банката за развој при Советот на Европа и одобри заем на Македонија во износ од 46 милиони евра, а вкупниот износ за проектот реконструкција на казнено-поправните институции ќе чини 52 милиони евра. Македонската влада ќе обезбеди 2,5 милиони евра...