СЕ ИНТЕНЗИВИРАА ПОДГОТВИТЕЛНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО СКЛОПОТ НА ОХРИДСКАТА БОЛНИЦА
Post Views: 0
Општина Охрид ги започна градежните активности за подготовка на просторот во болничкиот комплекс каде што ќе биде поставена Модуларната болница за третман и лекување на пациентите со КОВИД 19.
Согласно задолженијата на кризниот штаб на Општина Охрид, општинските надлежни служби во најбрз можен рок спроведоа тендерска постапка и беше избрана фирмата “МН-АС Констракшн” од Струга, за реализирање на градежните активности.
На просторот каде што ќе бидат поставени монтажните објекти ќе биде извршен земјен ископ, тампонирање и бетонирање на подлогата. Исто така, ќе биде извршено...