Светот денеска ја пречекува 2012, прославата започнува на Пацификот
Post Views: 4
Милиони луѓе во светот денеска ќе ја испратат старата 2011 и ќе ја дочекаат новата година. Секој на различен начин. Некој дома, некој во кафеана, на плоштад, во ресторан…Новогодишното одбројување прво започнува во Нов Зеланд, како и во сите пацифички острови. Наскоро 2012 ќе започне и во некои региони во Русија и Австралија, а потоа во Јапонија, Кина, Индонезија и Мјанмар.
По нив, 2012 ќе ја дочекаат Бангладеш, Непал, Индија, Шри Ланка, Пакистан и некои делови на Казахстан. Пред нас Нова година ќе стигне и во остатокот од Русија и Австралија, Грција, Ирак и Иран,...