Post Views: 2
Во две недели три фатални сообраќајни несреќи во кои животот го загубија три лица, а десетина се повредени. Ова е црниот биланс од билтенот на СВР Охрид, кој повторно го вклучи алармот. Вчера во тешка сообраќајка кај селото Горенци загина 40 годишен жител на Мешеишта. Пред два дена на патот Подмолје Кичево кај селото Мислешево, во страотна сообраќајка меѓу автомобил и автобус, едно лице го загуби животот а петмина завршија во болница. Истиот ден во струшко кај селото Теферич 17 годишник со возилото излетал од патот.
Пред десетина денови во сообраќајка кај Свети...
Post Views: 3
Македонија е над европскиот просек според бројот на загубени животи во сообраќајни незгоди. Анализите покажуваат дека во земјите во ЕУ во просек има 5 жртви во сообраќај на 100.000 жители, а во Македонија просекот е 8 жртви и бележи тренд на зголемување. Потребно е да се работи на анализа на црните точки и причините за сообраќајните несреќи, слабоста на инфрастуктурата, да се зајакнат механизмите за контрола на однесувањето на возачите кое потенцијално е опасност во сообраќајот. За таа цел потребен е ефикасен систем на податоци за сообраќајките според стандардите на...
Post Views: 15
По неколку месечна забрана отворен, патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево, за сообраќај на сите возила.
Потсетуваме дека на овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.
{loadposition content9}
Post Views: 20
Патниот правец Струга-Калишта конечно добива фејслифтинг. Овој пат, досега важеше за еден од патните правци во најлоша возна состојба во Струга. Од рано изутринава, екипите на Македонија пат, започнаа со асфалтирање на оваа делница за која во минатото, мештаните на Калишта често реагираа.
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко задоволен што конечно по седум години на кормилото на Струга, добил позитивен одговор од Агенцијата за патишта за асфалтирање на оваа делница.
„Ние направивме една добра соработка и оваа соработка еве носи плодови, не само денеска, туку и пред...
Post Views: 0
Одредбите од законот со кои што е предвидена обврската на правните лица да се врши аудио-видео снимање при обуката на кандидатите за возачи се избрзани, нејасни и дискриминирачки за кандидатите и инструкторите, нарушувајќи го нивниот личен интегритет и задирајќи во нивната приватност со можност за понатамошни бројни злоупотреби , обвини кандидатот за пратеник Рајко Домазетоски.
Тој најави дека коалицијата ВМРО за Македонија, ќе донесе Нов закон за Безбедност на сообраќајот на патиштата по европски терк, преиспитување на работата на испитните центри , намалување на даночната...
Post Views: 7
Од АМСМ информираат дека поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, денес 30-ти март 2016 година ќе има прекин на сообраќајот.
Според информациите на АМСМ како и на ЈП Македонија пат, сообраќајот ќе биде во прекин околу 20 минути во периодот од 13:00 до 15:00 часот.
Post Views: 0
Снежните врнежи наместа проследени со силен ветер затворија неколку патни правци во Македонија, а има појава и на поситни снежни лавини, соопшти претпладнево АМСМ:
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во државата се одвива исклучително отежнато и забавено по влажни и лизгави коловози и со големи остатоци од снег.
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Пресека, Буково, Ѓавато, како и на патните правци крак Маврово – Дебар, Дебар – Струга и Струга – г. п. Ќафасан.
Поради поинтензивни врнежи...
Post Views: 1
Од АМСМ ги информираат сите учесници во сообраќајот дека денес сообраќајот ќе биде повторно во прекин поради изведување работи на пат на патниот правец А2 Кичево-Охрид.
Имено поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево-Охрид на делот помеѓу Пресeка и с.Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу 14.30-16.30 часот.
Post Views: 0
Од АМСМ информираат дека поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево кај селото Извор, во среда на 21-ви октомври 2015 година ќе има прекин на сообраќајот.
Според најавите, сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 – 20 минути во периодот од 15 до 17 часот.
Post Views: 6
Денес, 30.04.2015, помеѓу 15:00 и 16:00 часот, на патниот правец Кичево – с. Извор, М-4, ќе се изведуваат градежни работи (минирање).
Од АМСМ информираат дека сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути.
{loadposition content9}
Post Views: 4
Од АМСМ информираат дека 24.04.2015 (петок) на патниот правец А2Е Охрид-Кичево, делница Подвис – Пресека, во период од 16.00-17.00 часот ќе се изведуваат градежни работи на патот – минирање.
Во тој период делницата ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај.
{loadposition content9}
Post Views: 9
Од АМСМ информираат дека утре, 17- ти март, вторник, на патниот правец А2 Охрид- Кичево, делница Пресека- Врбјани во перод од 15 до 16 часот ќе се изведуваат градежни работи на патот-минирање.
Во тој период делницата ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај.
{loadposition content9}