Охриѓани ќе го бранат Тарчуловски со своите потписи
Post Views: 1
Граѓаните на Охрид со својот потпис му даваат подршка на Јохан Тарчуловски. На два пункта кај градскиот плоштад и кај чинарот денес се собираа потписи кои ќе бидат доставени до Хашкиот Трибунал. Поголемиот дел од нив велат дека се убедени во невиноста на Јохан и дека Трибуналот направи огромна грешка со донесувањето на пресудата.
Од пред една недела во тимот на адвокатите на одбраната на Јохан Тарчуловски е вклучен и Ален Дершовиц, реномиран професор на Харвард и еден од најголемите експерти по кривично право. Поради тоа одбраната побара од Трибуналот да го продолжи...