Енио Мориконе го отвори овогодинешното „Охридско лето“
Post Views: 9
Музичкиот спектакл “Беше еднаш во Македонија” под диригентската палка на светски познатиот композитор на филмска музика Енио Мориконе го отвори синоќа 49-то „Охридско лето”.
Италијанскиот композитор Мориконе диригираше со унгарскиот филхармониски оркестар „Гјор”, кои во Античкиот театар во Охрид изведоа колаж од неговата авторска музика во филмовите „Добриот, лошиот и грдиот”, „Беше еднаш на Дивиот Запад”, „Беше еднаш во Америка”, „Недопирливите”, и други.
Најпрестижната културна манифестација во Македонија, „Охридско лето” свечено ја отвори македонскиот претседател...