Ознака: кои

delegacija

Охридска делегација во посета на саеми во Дубровник и Будва

Post Views: 3 Охридска делегација составена од претставници на стопанската комора на Македонија, ЈП Билјанини извори и агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 24 до 28 март посети два саеми. Саемот во Дубровник насловен „Саем на маслинки или медитерански саем“ посветен на производството на Здрава храна и во Будва, традиционален саем, на кој свој штанд имаше и Општина Охрид. “Заминавме во Будва на покана на стопанските комори од Дубровник со кои имаме извонредна соработка“, вели Ружди Муфти, член на стопанската комора на Македонија и потпретседател на регионалната стопанска...

Continue reading

pres

Уште една прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 5 „Очигледно преплашени од глетката пред ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид во која ја видоа масовноста и подготвеноста на членството на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид за парламентарни избори, ОО на СДСМ брзо брзо свика прес на кој, преплашена, до јавноста се обиде да протне дезинформација дека некој на некого му се заканувал. Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ е организирана партија со огромно членство кое доаѓа на консултации пред секој поголем политички настан“, истакна на денешната пресс конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Илија Мојсовски. „ВМРО-ДПМНЕ не спаѓа во рецидивите на старата комунистичка...

Continue reading

tanas Tanasoski

За некои казна за други опомена

Post Views: 8 Праксата на дело. Урбаната опрема ќе се подига без пардон. Нема веќе прогледување низ прсти за неплаќачите на обврските кон локалната. Градежниот инспекторат отпочна со реализација на програмата за поставување на урбана опрема. Радикалните мерки на овој инспекторат вчера ги почуствуваа неколку сопственици на кафулиња лоцирани на градскиот плоштад и на потегот помеѓу обложувалницата „Премиер“ и Амамот. Објаснувањето на првиот човек на општинскиот инспекторат Танас Танасоски е дека мора од некаде да се почне за да се стави крај на проблемите од овој аспект.  Оваа опомена...

Continue reading

ekskurzii

Нов правилник, стари проблеми

Post Views: 23 Административно обременет, новиот Правилник за начинот на изведување на ученичките екскурзии, дополнително го усложни процесот на спреоведување на овие воннаставни активности. Кога во ноември месец минатата година, истиот беше донесен од страна на Министерството за образование, идејата и самата негова цел беше, да придонесе за подобрување на квалитетот на изведувањето на училишните екскурзии и да ја зголеми безбедноста на учениците. Но директорите на основните училишта со малку поинакво мислење. Директорката на најголемото охридско основно училиште, „Христо Узунов“,...

Continue reading

shankovi

Градежниот инспекторат денес рушеше шанкови

Post Views: 1 Урбаната опрема се отстрануваше од градскиот плоштад и на потегот помеѓу обложувалницата премиер и  Амамот. Неуспешни беа обидите да се стапи во контакт со првиот човек на инспекторатот Танас Танасоски. Ниту ние, ниту портпаролот на локалната самоуправа Симон Илиевски не успеавме да добиеме одговор дали станува збор за отстранување на дивопоставени шанкови, или пак се отстрануваат оние за кои сопствениците не ги подмириле своите обврски кон локалната самоуправа. Останува да видиме дали утре надлежните ќе излезат со објаснување, дали отстранетите шанкови работеле на...

Continue reading

jimi Ros

Поранешен претседател на LCI во посета на охридските лајонисти

Post Views: 4 „Нашата цел е една и единствена, да им помагаме на оние кои имале помалку среќа од нас“, вели Џими Рос, поранешниот претседател на Lions Club International. Рос со посетата на трите лајонс клуба во Охрид, ја заoкружи својата еднонеделна посета на нашата држава. Овој поранешен претседател на LCI, како и пранешен врховен судија на сојузната држава Тексас, е задоволен од глобалната соработка помеѓу Лајонс клубовите, како и од реализацијата на проектите преку средствата на фондацијата на LCI. „Фондацијата на LCI  им помага на лајонсите да аплицираат за грантови. Така ние...

Continue reading

krvodaritelska

Далечината не може да ја сопре хуманоста

Post Views: 5 Традиционална крводарителска акција на Црвен крст-Охрид и Здружение на крводарители од месна заедница Даме Груев од Скопје. Малку прошетка, малку дружење, а најмногу од се хуманост. Нивната соработка трае повеќе од 5 успешни години. За хуманоста очигледно нема далечини. Со здружени сили, Охридскиот Црвен крст и Скопското Здружение на крводарители од месната заедница Даме Груев ќе даруваат крв за оние на кои таа им е потребна. Скапоцената црвена течност, доволен мотив за да се поминат стотина километри и да се спасат нечии животи. Ова е традиционална посета на Скопското...

Continue reading

Gorica

Земјиштето кај „Горица“, златна кокошка за општината

Post Views: 1 Општина Охрид ги доби првите пари од продажбата на земјиштето кај Горица. На сметката од општината  веќе се легнати се околу милион евра, бидејќи износот на целата парцела е нешто повеќе од еден милион евра. Портпаролот на Општината Симон Илиевски информира, дека 80% од износот на уплатените средства кои според Законот за градежно земјиште треба да ги добие општината, се веќе на нејзината сметка. Парцелата е со површина од 15.878 метри квадратни, површината за градење изнесува 6.667, а нејзината максималната бруто развиена површина изнесува 29.343 метри квадратни. Понудата...

Continue reading

хор

Добриот глас надалеку се слуша-Охридскиот хор оди во Босна

Post Views: 22 Овојпат охридското хорско пеење ќе се слушне дури до Босна и Херцеговина. Охридскиот хор ќе учествува на фестивалот во хорско пеење во Приједор. Охридските хористи за Босна ќе патуваат со финансиска подршка од Локалната самоуправа. Охридскиот хор-последен војник во борбата за зачувување на оваа ретка уметност. Охридското хорско пеење овојпат ќе се презентира во Босна и Херцеговина, а истовремено ќе го претстави и нашиот град. Охридскиот хор активно се подготвува за овој фестивал кој покрај промотивниот, има и натпреварувачки карактер. „На фестивалот Златна вила кој...

Continue reading

voda

Денес е Светскиот ден на водата

Post Views: 1 Водата е извор на живот и природно богатство без кое нема опстанок. Две третини од земјината површина се покриени со вода, а човечкото тело содржи 75 проценти вода, оттука јасно е дека водата е една од основните елементи кои се одговорни за животот на земјата. Сепак преку една милијарда луѓе денес немаат пристап кон чиста вода за пиење, додека во остатокот од светот луѓето неразумно ја трошат. На предлог на Генералното собрание на Обединетите нации, Светскиот ден на водата почнал да се одбележува во 1992 година. Во изминативе години фокусот бил ставан на најразлични...

Continue reading

varosh

Збогум на „дивите“ чекачи

Post Views: 2 Пред почетокот на туристичката сезона Локалната самоуправа ќе поставува 5 информативни центри и 10 информативни пунктови во градот. Информативните центри  се планира да бидат лоцирани на влезот на Охрид,  во Пешатани, а преостанатите три  кај Косел, во центарот на градот и на Плаошник. Информативните центри ќе бидат типизирани објекти во кои ќе може да се добиe туристички материјал, сувенири и сите неопходни информации. Информативни пунктови ќе бидат поставени на фрекфентни места во градот, истакнува Симе Илиески, портпаролот на Локалната самоуправа. Сега сите понуди...

Continue reading

den na proletta

Пролеттна генералка

Post Views: 1 Во првиот дел од пролетта, еколошки акции во Охрид.  Ова беше повод секој на свој начин да придонесе во чистење на својата околина. Дечињата од основните училишта утрово беа припомош на вработените од ЈП Охридски Комуналец и помогаа при расчистување на дворовите на училиштата. Се расчистуваше и Охридското крајбрежје и тоа посебно во населбата Даљан. Акцијата се спроведе и покрај фактот што со овој дел не стопанисува локалната самоуправа, туку владата. Директорот на ЈП Сашо Алче вели денешната акција е симболична и дека преку неа праќаат порака до надлежните дека ова...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top