Шест ѕвезди за шест генерациски месарска традиција
Post Views: 0
Фамилијата Билјанови е симбол за најстарата месарска традиција во Струга. Тие од пред година дена отворија фабрика за производство на месни производи, во еден еколошки предел кој изобилува со чиста вода, воздух и природа, на крајбрежјето на две води, Охридското Езеро и реката Црн Дрим, под падините на Јабланица. Најмладиот потомок кој ја презеде шест генерациската традиција Славчо Билјан не го крие задоволството од досегашниот успех и вели дека долгот и почитта кон предците е негова обврска и желба, чесно и еснавски да продолжи понатаму и преку пласман на производи...