Роденденот на Планетата земја се одбележа и во Охрид
Post Views: 0
Роденденот на Планетата земја се одбележа и во Охрид. Акцентот на денешниот хепенинг кој се одржа на градскио плоштад Св. Климент Охридски се стави на подигње на еколошката свест кај граѓаните, пред се за заштита и зачувување на водите на Охридското Езеро. Охриѓанецот Славчо Христов кој работи како професор во Националниот институт за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје нагласи дека охридскиот регион изобилува со исклучителни природни вредности. Тој потсети дека во 1979 година Охридското Езеро е прогласено за светско природно наследство на УНЕСКО...