Ознака: VMRO

vmro-np

ВМРО–НП се подготвува за предвремени избори

Post Views: 1 Обраќање на седницата на Централниот комитет на ВМРО НП имаше експремиерот Љубчо Георгиевски.Tој предупреди, доколку и  натаму се игнорираат економските проблеми, сиромаштијата во Македонија ќе се продлабочи, што може да доведе до нова мултиетничка криза. Според Георгиевски, светската економска криза нема да заврши во 2010, ниту во 2011, туку евентуално во 2012 година. Тој смета дека тешката економска состојба е најголема закана по стабилноста на земјата. Исто така, новите конфликти и жаришта во светот ќе влијаат врз стабилноста на регионот, па од  суштинско значење...

Continue reading

vmro-dpmne

Петрески отшета во моментите кога е најпотребен

Post Views: 4 На градот му се случува катастрофа, а охридскиот градоначалник е на прошетка низ Австралија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Го повикуваат на одговорност и бараат објаснување по кои критериуми ја составил делегацијата со која отпатувал за Австралија.„Градоначалникот на Охрид со својата дружина заминува на одмор две недели во топлата Австралија и тоа во време кога целата влада со сите свои служби  и капацитети  му помага на градот  да ги надмине состојбите со временските неприлики“, обвинува Атанаско Михаилов, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид. Координаторот пак на...

Continue reading

Atanasko Mihailov

Михаилов : „Оди си од функцијата градоначалнику!“

Post Views: 4 Новиот претседател на општинската ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов официјално  се појави пред новинарите. Првиот човек на  општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во своето  прво обраќање до јавноста упати прашања и  критики на адреса на градоначалникот Александар Петрески, кој утрово со општинска делегација отпатува на две недели за Австралија. Михаилов праша, каква одговорност, морал и чест има градоначалникот да патува кога на градот му се случува катастрофа заради лошите временски неприлики.Прашува,  колку ќе го чини патувањето на Петрески со бизнис – тајфата и дали...

Continue reading

VMRO-DPMNE

Се крои општинската листа на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 0 ТВМ дознава некои од имињата кои ќе бидат на високи позиции во Општинскиот комитет.Д-р Хари Шокаровски, Проф. Д-р Цветан Андрееска, М-р Јованка Дамовска и Марјан Ристевски се само дел од дваесеттината членови на новиот состав на  Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Шокаревски кој беше еден од сериозните кандидати за претседател на комитетот и сега е во игра за висока позиција. Од партиски извори дознаваме дека во новиот состав ќе има претежно млади и амбициозни луѓе, кои имаат јасна визија за просперитет на Општинскиот комитет и на партијата воопшто. {loadposition...

Continue reading

VMRO DPMNE

Нови ветрови во општинската ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 23 Копјата се кршеа помеѓу традицијата и новите партиски сили. Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, конечно доби свој челник. Атанаско Михаилов, актуелниот директор на ЗЗЗ е човекот кој во наредните години ќе се обиде да му донесе победа на ВМРО ДПМНЕ и на локално ниво. Сценариото за избор на претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ  што ТВМ го пласираше пред извесен период, синоќа стана реалност. Прв човек  стана личност со партиско искуство, но сериозен играч беше и личност од новите партиски сили. Атанаско Михаилов е новиот претседател на општинската ВМРО. Вака...

Continue reading

logo

Koj ќе биде, кој ќе биде…?

Post Views: 0 Од 39 кандидати за координатор на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид останаа само 5. Тие чекаат на предпоследна рунда преговори кај премиерот Груевски. Конечна одлука ќе даде Извршниот одбор на високото партиско раководство најдоцна до крај на јануари наредната година. Селектирани 5 кандидати за координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид. Гласините што провејуваат во охридската јавност дека до крај на годинава ќе  има нов координатор на актуелната ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода. Името на новиот челник на оваа партија ќе се знае дури на крај од јануар наредната година, дознава Тв М. Во моментов...

Continue reading

logo

Оставки на членовите на комисијата, бараат од ВМРО НП

Post Views: 4 Политичките притисоци и пазарења кои постоеја во текот на работата на „Комисијата за одбележување празници и манифестации“ треба да бидат санкционирани, велат од ВМРО НП. Кон серијата обвиненија на сметка на доделените „Светиклиментови награди“, денеска се приклучија и членовите на ВМРО НП. Тие ги изнесоа своите ставови и забелешки по однос на одлуката донесена од страна на „Комисијата за одбележување празници и манифестации“ при советот на Општина Охрид. Забелешките во најголема мера се донесуваат на начинот, постапката и изборот на  добитник на наградата Патрон на...

Continue reading

Boris Stefanovski

Нескриени страсти

Post Views: 18 Борис Стефановски не ја препушта на друг претседателската позиција на ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека работи добро, се залага за партиските цели, и е релативно нов координатор. Очекува повторно да ја добие поддршката на Премиерот Груевски. Нескоромно е, но очекувам повторно да бидам координатор на ВМРО-ДПМНЕ стои во изјавата на актуелниот претседател Борис Стефаноски. Стефаноски рече дека максимално ја почитува партиската процедура, во која повеќе од јасен е партискиот став на централно ниво, после секои избори посебно во општините каде е изгубено градоначалничкото место...

Continue reading

znaminja

Македонија пред прагот на ЕУ

Post Views: 0 Комесарот за проширување на Европската Унија Оли Рен на денешната прес конференција во Брисел, соопшти дека Европската комисија ќе препорача почеток на претпристапните преговори за полноправно членство во Унијата.Општинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид го одбележа овој момент.Македонија доби препорака за отпочнување на преговори со ЕУ. Македонија се оправда пред Европа преку исполнување на критериумите кои и беа поставени како услов да зачекори кон нејзиниот праг. „Би сакал да подвлечам дека препорачавме отварање на преговорите за пристап во членството на ЕУ за Р...

Continue reading

logo

Нова иницијатива на охридскиот огранок на ВМРО-НП

Post Views: 1 Ослободување од наплата на 20 метри кубни вода за пиење, канализација и колектор на семејствата кои имаат членови од детска церебрална парализа и на социјалните семејства кои имаат инвалидизирани лица. Две целни групи од социјалната сфера на живеење на граѓани на Охрид опфатени со новата иницијатива на ВМРО-НП. Имено, група советници на оваа партија бараат од градоначалникот Петрески и охридските советници, семејствата кои имаат членови заболени од церебрална парализа и инвалидизирани лица да бидат ослободени од наплата на 20 метри кубни вода за пиење, канализација...

Continue reading

logo

ОК од ВМРО ДПМНЕ обвинува

Post Views: 7 Точките од дневниот ред на  вчерашната седница се изгласаа зад нивни грб. Претседателот на советот ги негира ваквите обвунувања и вели СЕ се работеше легитимно. „Вчера точно на 5 месеци од формирањето на Советот на општина Охрид јасно видовме како се кршат сите принципи на работа на истиот од страна на карикатурално составеното мнозинство поттикнато од задоволувањето на свои интереси, наместо на граѓаните“, ова стои во дел од дописот од ОК на ВМРО ДПМНЕ испратен до редакцијата на ТВ М. Советниците од ВМРО ДПМНЕ, Реагираат за случувањата на вчерашната седница и експресното...

Continue reading

Vlado Cvetkovski

Владо Цветкоски преминува во ВМРО-НП

Post Views: 0 Цветкоски  гледа можност да ги исполни своите предизборни ветувања дадени на граѓаните во политичката опција на ВМРО-НП.  Ова е уште еден доказ оти луѓето веруваат во она што го нуди оваа партија, вели претседателот на партијата. Политика на долги патеки. Тоа е главната причина заради која независниот советник Владо Цветковски заедно со неговите симпатизери се припојуваат кон ВМРО-НП. Цветкоски изјави, дека неговото преминување во ВМРО-НП ќе придонесе за зацврстување на единството во партијата која работи на принципот на еднаквост и максимално меѓусебно почитување.Инаку,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top