Ознака: reka

Црн Дрим прекриен со отпадоци

Post Views: 1 Еколозите велат дека состојбата не е за оценување, туку за потценување. Никој нема надлежност за да ја исчисти реката:- службите меѓусебно си ја префрлаат вината. Пластични шишиња, кеси и облека,  се само дел од отпадоците со кои е прекриена реката Црн Дрим. Фактичката состојба со хигиената на реката  излезе на виделина откако овие неколку  дена се спуштени клапните од браната,  на истекот од езерото. Состојбата со реката е загрижувачка, особено на потегот од металната клапна па се до местото викано „Даљан“. На ова реагираат еколозите, кои сериозно се загрижени за моменталната...

Continue reading

avion

Авион „Ербас A 320“ се урна во реката Хадсон

Post Views: 3 Авион „Ербас А 320“, на американската авиокомпанија „Ју Ес ервејс“, со над 150 патници, се урна во студените води на реката Хадсон, во близина на аеродромот во Њујорк „Ла Гвардија“, пренесоа светските агенции. Непосредно пред инцидентрот, авионот полетал од „Ла Гвардија“ за Шарлот, во Северна Каролина. Тој се обидувал да се врати на аеродромот откако се судрил со јато птици. Според првичните податоци птиците оштетиле два мотора на авионот. Портпаролката на Федералната администрација за авијација (ФАА) соопшти дека сите патници од авионот се извлекле неповредени и без...

Continue reading

tunel

Во Кина отворен првиот транспортен тунел под реката Јангце

Post Views: 5 Во Кина беше отворен за движење на автомобили првиот транспортен тунел под реката Јангце – најдолгата река во евроазискиот регион. Тунелот со должина од 3,63 километри е изграден во градот Ухан, во централната провинција Хабеи и го поврзува деловниот кварт Ханкоу со реонот Учан, каде што се наоѓаат административните згради и големите високи образовни центри во градот. Патот има четири коловозни ленти и секој ден во двете насоки преку него можат да преминуваат до 50.000 автомобили со брзина од 50 километри на час.Тунелот е проектиран да може да издржи поплави и...

Continue reading

ribce

Помор на риби во Коселска река

Post Views: 6 Еколошки инцидент во селото Орман. Претпладнево по  самостојно и нестручно чистење на сепричка јама се случи помор на риби во Коселска река која директно се влива во Охридското езеро.  „Ова не се случува по прв пат и не само овде, велат екологистите од Грашница кои го пријавија инцидентот. Кај сите  природни водотеци од Орман, Горно и Долно Лакочереј и Косел има чести појави од излевање на септичките јами во природните токови, обвинува Ванчо Стојаноски од Грашница. „Конкретно овде имаме чистење на јами, што допринесе да се случи помор на рибите“, вели Ванчо Стојаноси...

Continue reading

reka

Се излејаа Црна Река и Треска

Post Views: 14 Половина од површините кои  беа поплавени од Црна Река се одводнети, но реката почна да се излева кај демирхисарските села Единаковци, Света и Бучин, соопшти Центарот за управување со кризи. Реката Треска, пак, е излеана од своето корито во атарот на селата Пласница и Лисичани. Поплавени се површини од околу 10 хектари (ливади и необработена земјоделска површина), а делумно е поплавен и дворот на ОУ „Мирче Ацев“ во с.Лисичани. Не се загрозени други објекти и друга инфраструктура. Излевање на Треска има и во Македонски Брод. Одржана е работна средба меѓу ракодителите...

Continue reading

stolici

Кејот на Дрим се полни со маси и столчиња

Post Views: 11 Комуналните инспектори најавија дека дено-ноќно ќе ја следат состојбата и нема да дозволат угостителите да го прекршуваат правилникот за поставување сезонска опрема. Струшките угостители ги извадија масите и столчињата. Сезонската опрема е поставена по целиот кеј на реката Црн Дрим. Иако одлуката за поставување на летната опрема сеуште не е одобрена од советот на о.Струга, угостителите на своја рака ги поставија масите и столчињата. Иако наизглед се чини дека има многу летна опрема по кејот на Дрим  и истата ја попречува нормалната комуникација, искуството од претходните...

Continue reading

Skrebatska reka

Кај Лакочереј ставена под контрола Скребатска река

Post Views: 1 Делови од Лакочереј  за време на викендот беа поплавени.   25 хектари обработлива површина и насади од јаболка и цреши се најдоа под вода, кажува  советникот Климе Тренески, жител на ова село. „Сега засега, состојбата е мирна, за време на критичните денови водата е вратена во речното корито и само мал дел се излива во нивите“-изјави Тренески. Топењето на снегот и обилните дождови го наполнија коритото на Скребатска река. Делови од селото беа  поплавени од прелеаната  вода, па предизвика штети на земјодлеските површини, кажува Тренески. Само со навремена реакција на...

Continue reading

sahta

Многу Охридски куќи поплавени

Post Views: 4 Причина за ова е излевањето на реките Коселска и Грашница од своите корита, во населбите Воска, Лескајца и Далјан. Од локалната самоуправа решение на проблемот гледаат исклучиво во пренасочување на реката Даљан во Сатеска.Населбите Воска, Лескајца и Далјан под вода. Сопствениците на куќите од овој дел на Охрид  деловни простории, подрумите, неможеа да ги испразнат од надојденета вода и покрај тоа што цела ноќ црпеле од водата.  Под вода се и земјоделски површини во Орман и Лакочереј. Голем број граѓани од наслебата Воска денеска ги напуштија своите домови. Водата покрај...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top