Ознака: prvenstvo

logo

Утре почнува Светското првенство во ракомет

Post Views: 3 Со натпреварот во групата Б меѓу Хрватска и Јужна Кореја, утре во 20:30 часот во Сплит почнува Светското првенство во ракомет за мажи. Фаворити за највисок пласман се бранителот на титулата Германија, олимпискиот шампион Франција, европскиот првак Данска, Шпанија и домаќинот Хрватска. Ќе учествуваат 24 репрезентации распоредени во четири групи, а натпреварите ќе се играат во седум градови: Осијек, Сплит, Вараждин, Пореч, Пула, Задар и Загреб. •    Во групата А ќе се натпреваруваат: Франција, Унгарија, Словачка, Романија, Аргентина и Австралија.•    Во групата Б: Хрватска,...

Continue reading

logo

Последни тренинзи пред Светското првенство во ракомет

Post Views: 13 Дваесет дена подготовки, пет контролни натпревари, четири победи, едно реми, два пехара, празници, повреди. Нашите најдобри ракометари минаа низ се што е вообичаено на патот кон Хрватска и второто мундијалско учество. Нема изненадување на списокот на селекторот Темелковски, засега во резерва ќе останат Златко Мојсовски, Недановски, Митревски и Стојанче Стоилов.Добрата работа и триумфите позитивно ја градат атмосферата. Се е според предвиденото, трите последни дена и пет тренинзи пред заминувањето за Вараждин треба да ја најдат фината глазура на формата. „Она што го...

Continue reading

rakometarki

Македонија го заврши Европското првенство на седмо место

Post Views: 6 Македонската женска ракометна репрезентација синоќа ја совлада Белорусија со 29:24 со што го избори најголемиот успех досега на Европските првенства, 7-то место. Македонските ракометарки уште од самиот почеток доминираа на теренот носени на крилјата на шест илјадната публика во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Белорусија даваше отпор до дваесеттата минута, кога при водство на нашата селекција од три разлика, беше направена мини серија од 4:0 за уверливо водство од 17:11. Највисокото водство Македонија го имаше на пет минути пред крајот, кога поведе со 29:19, по што...

Continue reading

selektor Spanija

Шпанија со големо изненадување

Post Views: 0 Репрезентативките на Шпанија приредија големо изненадување во првото коло од втората рунда на средбите коишто се играат во групата М1 во Охрид откако успеаја да го совладаат составот на Романија со 26:18. Со одлична игра пред с$ во финишот од средбата Шпанија успеа да го добие овој меч и тоа со разлика далеку поголема од она што можеше да се очекува.Првото полувреме донесе многу интересен натпревар во кој и двете репрезентации имаа свои периоди. Романките беа многу поквалитетни до 20 минута кога водеа со 6:4, но како одминуваше времето Шпанија успеваше да се врати во...

Continue reading

logo

Германките во полуфиналето

Post Views: 3 Како одминува првенството германките играат се подобро. Со денешната победа над Шведска тие го направија првиот чекор кон полуфиналето. Стартот на првото полувреме беше фуриозно за „панцирките“. Поведоа со 9-0 со извонредната серија во која Јурак и Валцик беа незадржливи за голманката на Шведска, Каин. Првиот гол ракометарките на Шведска го постигнаа во 15-та минута како најава за добра игра во вториот дел од полувремето. Тој период на средбата трите круни го решија во своја корист со 11-4 и на одмор заминаа само со негатива од 4 голови 11-15. И наместо да продолжат...

Continue reading

rakometarki

Ракометарките за освоен медал, доживотна пензија

Post Views: 12 Македонските ракометарки ќе добијат спортско признание, доживотна пензија доколку освојат медал (златен,сребрен или бронзен) на Европското првенство. Ракометарките по вчерашната победа над Србија успеаја да се пласираат во вториот круг на ЕП и ќе добијат по 10.000 илјади евра за секоја наредна победа во овој круг. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски најави дека македонските ракометарки за освоено петто или шесто место ќе се стекнат со стипендија од меѓународна категорија во вредност од 1,3 просечни плати во наредните две години Додека за освоено...

Continue reading

logo

Заврши второто коло на европското женско ракометно првенство

Post Views: 0 Со одигрувањето на натпреварите од А и Б групата заврши второто коло на европското ракометно првенство за жени кое се одржува во нашата земја. Бранителот на титулата Норвешка, силната Романија, солидната Данска и изненадувањето Шпанија се новите сигурни учесници во втората рунда на 8 европски ракометен шампионат во нашата земја.ЕП Ракомет Групи А и Б – 2 коло Група А (Скопје) 18:15 Романија – Франција 30 : 25 20:15 Данска – Унгарија 26 : 26 Група Б (Охрид) 17:15 Шпанија – Португалија 29 : 24 19:50 Украина – Норвешка 20 : 33   {loadposition...

Continue reading

IHF

ЕХФ нема забелешки на организацијата на ракометното првенство

Post Views: 0 Европската ракометна федерација (ЕХФ) нема никакви посериозни забелешки околу организацијата на Европското првенство (ЕП) што се одржува во Македонија. Ова денеска за Макфакс го изјави координаторот на организациониот одбор на ЕП во ракомет во жени Христо Бошковски, во врска со сериозните забелешки што ги изнесе раководството на српската ракометна федерација, зборувајќи и во име на ЕХФ. „Српската федерација нема никакво право да изнесува забелешки во име на ЕХФ и таквиот однос од нивна страна е некоректен. Ние сме во постојан контакт со генералниот секретар на ЕХФ Михаел...

Continue reading

Spanija, Norveska

Комплетирано првото коло на Европското ракометно првенство

Post Views: 2 Со одигрување на натпреварите од првото коло во групите А и Б, по вчерашниот ден комплетирано е првото коло на ЕП во ракомет за жени кое се одржува во Скопје и Охрид. Во Скопје, во рамките од А-групата, Данска минимално ја победи Франција со 24 : 23, а Романија беше убедлива против Унгарија и победи со 27 : 21.На табелата водат Романија и Унгарија со по два бода, а Франција и Унгарија немаат освоено бодови. Во Охридската група Б, Украина беше супериорна против Португалија и победи со 38 : 34, додека Шпанија освои еден бод играјќи нерешено 21 : 21 против актуелниот европски...

Continue reading

ERP

Македонија поразена од Германија со 22:25

Post Views: 1 Македонската женска ракометна селекција синоќа во премиерниот натпревар на 8-то Европско првенство, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, загуби од Германија со 22:25. Во поголемиот дел од натпреварот Македонија држеше резултатски приклучок со германската селекција. Полувремето заврши со водство на Германките од 11:10. Македонските ракометарки на почетокот на вториот дел изедначија 11:11, а потоа и поведоа со 13:12, но по серијата од 5:1 германската репрезентација направи предност што остана недостижна за селекцијата на Македонија. Најпрецизни во македонскиот тим беа...

Continue reading

Biljanini izvori

Се е подготвено за најголемиот спортски настан

Post Views: 0 Се е подготвено за најголемиот спортски настан од осамостојувањето на Република Македонија, Охрид  и  Скопје од денеска до 14 декември ќе бидат домаќини на 8-то Европско првенство во ракомет за жени – сениорки. Подготовоките на кои интензивно се работеше последниов период се готови и тоа навистина добро.Околу спортската сала „Билјанини извори“се обележија паркинг местата, уредени се  зелените површини, поставени се  граничници пред главниот влез, а надворешноста на салата„Биљанини извори“ во Охрид, доби нов лик, се тоа по европските стандарди. Охридскиот градоначелник...

Continue reading

logo

Македонија домаќин на Европското ракометно првенство за жени

Post Views: 9 Македонија од денеска до 14 декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени – сениорки. Во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и во „Билјанини извори“  во Охрид, ќе настапат вкупно 16 европски селекции поделени во четири групи. Во групата А ќе се натпреваруваат Франција, Унгарија, Данска и Романија. Групата Б ја сочинуваат екипите на Норвешка, Португалија, Шпанија и Украина. Во третата-Ц група се селекциите на Русија, Шведска, Австрија и Белорусија. Македонската репрезентација е во групата Д со Германија, Хрватска и Србија.Избраничките...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top