Ознака: ohrigani

pristanishte

Охриѓани на традиционално капење

Post Views: 7 Со традиционално капење, со полнење од осветената вода и палење свеќи со топла ракија и пача, охриѓани традиционално го одбележаа големиот христијански празник Богојавление-Водици. Православните верници денеска го прославуваат големиот христијански празник Богојавление-Водици. Празникот е поврзан со крштевањето на Исус Христос од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа. Охриѓани овој празник масовно го празнуваат, а го празнувале и во времето кога тоа беше забрането. Петар Коцо вели дека езерските води...

Continue reading

Охриѓани со различни впечатоци по што ќе ја паметат годината која изминува

Post Views: 3 31 декември, последен ден од годината која е на одминување. Се резимираат успесите и впечатоците од  претходните 364 дена. За охриѓани, на личен план едни 2008 ќе ја паметат  како успешна, а  други пак по сиромаштијата, во зависност кој каква среќа го следела.По се изгледа најзадоволни сепак  се  пензионерите од покачувањето на пензиите. Настаните пак во 2008 ќе ги паметат најмногу по политичките случувања и реформите. Сепак охриѓани се оптимисти  во очекувањето на новото 2009 господово лето. Покрај стандардните желби, граѓаните посакуваат  и поголема благосостојба...

Continue reading

sud

Охриѓани се потпишуваа во знак на подршка на семејството Спиркоски

Post Views: 21 Правниците советуваат- не потпишувајте документи без совет од стручно лице. Голем број охриѓани денес пред Основниот суд го ставија својот потпис во знак на подршка за семејството Спиркоски, кое пред два месеца остана без својот дом. За само два часа, од 9 до 11 утринава, се потпишаа 200 граѓани. „Дојдовме да му дадеме подршка и веруваме дека на нечесен начин ја изгуби куќата и со целото семејство остана на улица. Детето го знам од мало и е многу добро. Секој треба да го подржи“, велат граѓаните. Јовче Спиркоски, во изминатите три дена постојано е пред вратата на...

Continue reading

Johan Tarculoski

Охриѓани ќе го бранат Тарчуловски со своите потписи

Post Views: 1 Граѓаните на Охрид со својот потпис му даваат подршка на Јохан Тарчуловски. На два пункта кај градскиот плоштад и кај чинарот денес се собираа потписи кои ќе бидат доставени до Хашкиот Трибунал. Поголемиот дел од нив велат дека се убедени во невиноста на Јохан и дека Трибуналот направи огромна грешка со донесувањето на пресудата. Од пред една недела во тимот на адвокатите на одбраната на Јохан Тарчуловски е вклучен и Ален Дершовиц, реномиран професор на Харвард и еден од најголемите експерти по кривично право. Поради тоа одбраната побара од Трибуналот да го продолжи...

Continue reading

paketi

Охриѓани уште еднаш ја покажаа својата хуманост

Post Views: 1 Над 500 пакети со прехрамбени производи ќе им бидат доделени на социјалните случаи во градов. На ваков начин Црвениот крст го одбележа Светскиот ден за борба против гладта. Охриѓани го одбележаа почетокот на неделата за борба против гладта. Денес на градскиот плоштад активисти од Црвениот крст како и ученици од основните училишта во градов на нивните соученици чии родители имаат помали финансиски примања им делеа пакетчиња со прехрамбени производи и средства за лична хигиена. Црвениот крст заедно со повеќе институции, маркети и поединци од градов подготви над 500 пакети...

Continue reading

Притворени двајца охриѓани поради сомнение дека продавале наркотични дроги

Post Views: 11 Поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривично дело ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори,, Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното Јавно обвинителство во Охрид, поднесе кривична пријава против лицата О.Н. роден 1983 година и Д.Р. родена 1981 година и двајцата од Охрид.   На ден 29.08.2008 година, околу 23 часот и 30 минути кај лицето О.Н. познат дилер и уживател на опојни дроги, пронајдени се три опаковки опојна дрога-хероин наменети за продажба. Дрогата е одземена во момент на...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top