Ознака: Kina

logo

Рударска несреќа во Кина

Post Views: 0 Најмалку 35 рудари загинале, а 44 се водат за исчезнати во експлозија во рудник за јаглен во кинеската провинција Хенан, јавија тамошните власти . Експлозијата се случила во еден часот по полноќ по локално време во рудникот во градот Пингдингшан. Во окното во моментот на несреќата имало 93 рудари, соопштило раководството на рудникот. Кинеската влада во соопштение од утринава информираше дека 14 рудари биле спасени, 35 загинале, а по 44 се трага. Според официјалните бројки, досега оваа година во кинеските рудници загинале 3.215 лица. Причина за несреќите најчесто е...

Continue reading

Lasa

Кина ослободи 1200 тибетанци

Post Views: 6 Кина ги информираше Обединетите нации дека ослободила над 1.200 лица уапсени за време на минатогодишните демонстрации на Тибет. Во писмениот одговор до Комитетот на ОН за елиминација на расната дискриминација, кинеските власти наведуваат дека 1.231 лице се ослободени. Притоа се прецизира дека осомничените претходно биле казнети, дека потоа се покајале и дека биле „превоспитани“. Бран антикинески демонстрации го потресоа Тибет во пролетта 2008 година, но истите беа угушени од кинеските власти. {loadposition content9}

Continue reading

barikadi

Бројот на загинатите во немирите во Кина се зголеми на 184 лица

Post Views: 7 Кинеската државна новинска агенција Синхуа соопшти дека бројот на загинатите во етничките судири во западниот регион Ксингџијанг нараснал од 156 на 184. Според агенцијата, 137 од загинатите се од кинеското етничко мнозинство Хан, додека 46 од малцинството Ујгурци, кои во најголем дел се муслимани. Кинески владини претставници велат дека судирите започнале во неделата кога Ујгурци најпрвин нападнале Хан Кинези. Тие, пак, два дена подоцна излегле на улиците вооружени со ножеви, плаки и друго оружје, барајќи одмазда против Ујгурците. Биле уапсени најмалку 1,434 лица....

Continue reading

majka i dete

Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Кина

Post Views: 4 Стотици Ујгури ги продолжија протестите на улиците на Урумчи, главниот град на автономниот регион Синџинг Ујгур, во западниот дел на Кина во знак на протест поради вчерашното апсење на повеќе од 1.400 луѓе. И утрово демонстрантите се судриле со припадниците на кинеските безбедносни сили. Кинеската полиција вчера уапси 1.434 луѓе поради немирите во Урмучи во кои загинаа 156 лица. Поради немирите во провинцијата во прекин се мобилните телефони и интернетот.Кинеската полиција растури мирен протест на околу 200 луѓе во Кашгар, околу 1.050 километри југозападно од Урумчи....

Continue reading

avtobus

Целосно изгоре автобус со патници во Кина

Post Views: 0 Во пожар во автобус во југо-западна Кина утрово загинаа 24 патници, а 44 се повредени. Десет патници како што пренесуваат медиумите успеале да се спасат неповредени од градскот автобус кој пламнал без експлозија и многу брзо целосно изгорел во градот Шенгду во провинцијата Сешуан. Локалните власти се уште не ја соопштуваат причината за пожарот, но според очевидци возилото изгорело брзо поради тоа што користел плин наместо нафта. {loadposition content9}

Continue reading

Kina

Тибет мора да направи отстапки

Post Views: 1 Ситуацијата во Тибет е стабилна и мирна и овој автономен регион се радува на економскиот напредок, уверува кинескиот премиер Ван Џијабао, пренесуван од светските агенции. Тибетќаните сакаат да живеат и работат во мир, додаде тој и ги отфрли тврдењата за неуспех на кинеската политика во Тибет. „Сосема е спротивно. Долгорочната стабилност и напредокот на Тибет докажуваат за правилноста на нашата политика, истакна премиерот и подвлече дека Кина направи значајни инвестиции во регионот. Освен тоа Уставот и законите ги штитат слободите и правата на Тибетќаните, вклучувајќи...

Continue reading

avion

Кина со уште поголем буџет за одбрана за 2009 година

Post Views: 2 Кина објави дека за воени расходи оваа година се предвидени 480,6 милијарди јуани (70,24 милијарди долари). Таа сума е поголема од ланскиот буџет за одбрана за „скромни“ 14,9 отсто, посочиофицијален претставник на кинеските власти. Според него, зголемениот буџет за одбрана ќе се искористи „за да се подржи суверенитетот и интегритетот на Кина и не претставува закана за која и да е држава“. Буџетот за одбрана на Кина е 1,4 отсто од БДП. Зголемувањето ќе се искористи главно за зголемување на платите, за информатички технологии, за мерки против тероризмот и внатрешна безбедност....

Continue reading

Hilari Klinton

САД и Кина може да помогнат светот да се опорави од сегашната економска криза

Post Views: 4 Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави денеска дека САД и Кина може да помогнат светот да се опорави од сегашната економска криза работејќи заедно. За време на посетата на Кина, Клинтон изјави дека се надева оти на самитот на Г20 во Лондон во април ќе биде усвоен договор за протокот на капитал вон границите на одделни држави. Таа додаде дека Вашингтон ја цени довербата на Пекинг во однос на задолженоста на американската Влада со оглед на тоа дека Кина има девизни резрви од два билиона долари и огромен суфицит во трговската размена со САД. Посетата на Кина...

Continue reading

zatvorenicka

Прва смртна казна во судењето за млекото со меламин

Post Views: 7 Судот во Кина денеска осуди едно лице на смрт, а друго на доживотен затвор поради учество во производство и продажба на млеко со отровен меламин. Отровната супстанца во млекото предизвика смрт кај најмалку шест бебиња во Кина, а околу 300 илјади се разболеа. Портпаролот на судот најави дека по објавувањето на првите две пресуди во рамки на големото судење поради труење со меламин, наскоро ќе бидат изречени и другите пресуди и за останатите осомничени стопанственици и државници во Шијиажуанг, град во северна Кина.     {loadposition content9}

Continue reading

tunel

Во Кина отворен првиот транспортен тунел под реката Јангце

Post Views: 5 Во Кина беше отворен за движење на автомобили првиот транспортен тунел под реката Јангце – најдолгата река во евроазискиот регион. Тунелот со должина од 3,63 километри е изграден во градот Ухан, во централната провинција Хабеи и го поврзува деловниот кварт Ханкоу со реонот Учан, каде што се наоѓаат административните згради и големите високи образовни центри во градот. Патот има четири коловозни ленти и секој ден во двете насоки преку него можат да преминуваат до 50.000 автомобили со брзина од 50 километри на час.Тунелот е проектиран да може да издржи поплави и...

Continue reading

Hunan

Деветнаесет повредени и илјадници евакуирани во земјотреси во Кина

Post Views: 1 Деветнаесет лица се повредени, а илјадници се евакуирани во три земјотреси што го погодија југозападниот дел на Кина, јавија денеска кинеските медиуми. Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Жујли во провинцијата Јунан при што 19 лица се повредени.Претставник на локалната власт соопшти дека околу 10.000 лица се евакуирани. Земјотрес со интензитет од 4,3 степени е почувствуван во село во близина на главниот град на Јунан, Кунмин.Третиот земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтер е регистриран во провинцијата Гуејџоу, но...

Continue reading

satelit

Кина лансира во вселената нов сателит „Јоган-5“

Post Views: 0 Кина успешно го лансира сателитот „Јоган-5“ во веселената за дистанционо снимање на Земјата, јавија денеска кинеските медиуми. Сателитот бил лансиран од космодромот „Таијуан“ во северната кинеска провинција Шанси со помош на носачот на ракети „Чанжан-4Б“. Тој ќе извршува различни задачи. Ќе ја набљудува еколошката состојба, ќе бара корисни наоѓалишта и ќе дава информации за градежништвото, земјоделството и шумските пожари.     {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top