Ознака: Ilinden

zeleznicka

„Железничка“, најпосле дојде на ред

Post Views: 4 По околу една година пауза  АД „Илинден“ со својата механизација се стационира на овој потег. Раководниот инжинер на објектот, Горан Домазетоски вели дека добиле нова дозвола за изведба на ул. „Железничка“ потпишана од градоначалникот Александар Петрески. Таа се однесува за целосна градба на улицата за разлика од претходната дозвола каде имале право за изградба само на дел од истата. Домазетоски вели дека со новото одобрение за градба отпочнати се повеќето активности, од кои приоритет се дава на првиот проект кој се однесува на атмосферската канализација. И покрај комплетираната...

Continue reading

Ilinden

Заврши финалното вештачење на „Илинден“

Post Views: 5 Конструкцијата на бродот Илинден го издржа оптоварувањето со  канистри полни со вода и со друг товар. Со ова заврши финалното вештачење на бродот. Останува комплетирање на истрагата и предавање на предметот до јавното обвинителство. Експерти од Македонија, Хрватска и од Франција, ја тестираа издржливоста на бродот Илинден. Со овој зафат, заврши финалното вештачење на бродот, за кој како клучна причина за потонувањето се наведуваше неговата преоптовареност. По завршувањето на вештачењето останува комплетирање на истрагата и предавање на педметот во јавното обвинителство.Засега...

Continue reading

Заврши првиот дел од финалното вештачење на бродот Илинден

Post Views: 4 Заврши првиот дел од финалното вештачење на бродот Илинден. Останува да се реализира и втората фаза во која е предвидено тестирање на издржливоста на Илинден, при оптовареност со одредена тежина. Со ова ќе биде докомплетиран извештајот на вештите лица, кој ќе биде доставен до судијката Весна Кичеец, која пак ќе го испрати до јавното обвинителство. Врз основа на извештајот и предметот кој веќе се наоѓа кај вештите лица во Скопје, јавното обвинителство ќе одлучи дали капетанот Сотир Филески ќе биде единствениот обвинет во овој случај, или пак ќе има и други кои ќе сносат...

Continue reading

Ilinden

Ставот на охриѓани, прифатен од Бугарија

Post Views: 19 Македонија и Бугарија после големата бродска трагедија мора да ги надминат сите негативности и недоразбирања. Оваа порака упатена е од страна на здружението „Охрид 5 ти септември“ во знак на понатамошна соработка меѓу двете земји, на полето на туризмот. Големата бродска незгода во која 15 бугарски туристи се удавија во водите на Охридското езеро, не треба да делува врз досегашната добра меѓудржавна соработка на полето на туризмот. Оваа се дел од настојувањата и пораките на здружението „Охрид 5 ти септември“, упатени до Бугарскиот конзулат во Битола и сите останати инволвирани...

Continue reading

Ilinden

Изјави околу „Илинден“ тешко се даваат

Post Views: 6 Како фурија, пред нашата камера проструи Бранко Баиќ, инспекторот кој денеска околу четири часа беше сослушан како сведок, во основниот суд Охрид. Баиќ е лицето од германски „Лојд“ кој вршел контрола и преглед на бродот „Илинден“, кој несреќно потона на 05 септември годинава. Тој денес, пред истражниот судија Весна Кичеец, сведочеше за издадениот сертификат на бродот „Илинден“ со кој се потврдува техничката исправност на бродот и му се дозволува пловидба до мај 2010 год. Изненадија кратките изјави на Баиќ и одбегнувањето на камерите. Баиќ рече дека  имал напорен ден...

Continue reading

Ilinden

Што ќе биде со бродот „Илинден“?

Post Views: 24 Дали Бродот „Илинден“, кој е вкотвен во каналот „Студенчишта“, ќе остане само експонат, или повторно ќе вплови во водите на езерото? Ова прашање деновиве си го поставуваат охриѓани. Одговорот ќе следи одкога ќе заврши истражната постапка, велат од судот. Истражната постапка за бродот „Илинден“, се води под итна процедура за разрешување. Оваа информација за ТВМ ја потврди истражниот судија Весна Кичеец. Според неа итноста на постапката се наложила заради тоа што се работи за притворенички предмет. Сеуште се прибираат информации од распит на сведоци, се прибира писмена...

Continue reading

Истрага

Post Views: 13 „Илинден“ е исправен и на неговиот труп нема никакви знаци на оштетувања. Според првичните резултати од истрагата околу потонувањето на бродот „ИЛИНДЕН“, тој бил исправен и на неговиот труп нема никакви знаци на оштетувања.Освен скинатата сајла, ништо сериозно не укажува дека бродот потонал поради некакво насилно оштетување, потврди директорот на Управата за безбедност при МВР, Љупчо Тодоровски. На бродот кој во моментов е вкотвен во каналот Студенчишта не биле пронајдени траги на оштетувања.  Со ова се исклучува можноста „Илинден“ да бил насилно потопен,вели Тодоровски. Причините...

Continue reading

Ilinden

„Илинден“ извлечен

Post Views: 4 Бродот Илинден исплива на површина со помош на балони. Акцијата на извлекување на потонатиот брод се изведуваше околу 4 часа, под водство на стручниот тим од фирмата “ДУБИНА ИНЖИЊЕРИНГ од Хрватска. „Сега засега не можеме да видиме видни штети на бродот, но тоа ќе го утврдат нашите стручни лица, рече директорот на бирото за јавна безбедност“, Љупчо Тодоров.Екипи на оваа  специјализираната компанија по извлекувањето на бродот со пумпи ја извадија водата од трупот на ИЛИНДЕН кој беше оспособен за да може безбедно да биде извлечен на копно. После повеќедневно координирање,...

Continue reading

zdruzenie

Охриѓани бараат чесна истрага за бродот „Илинден“

Post Views: 2 Охриѓани покренаа граѓанска иницијатива за расветлување на причините за несреќата и  потопувањето на бродот Илинден, во кој животот го загубија 15 бугарски туристи.    На средбата  присуствуваа околу стотина граѓани, бродари и членови на екипажот кои бараат чесна истрага. Зоран Гилески, сопственик на бродот Александрија, вели „ целта за формирање на Здружение е  вистината да дојде до истрагата без притисоци и политичко влијание , а немилиот настан да не се користи за политичка пресметка, затоа што  сето тоа доведува до згрозување на истрагата“.   Една од целите на Здружението...

Continue reading

Naumka Joleska

Повторно лаги и невистини околу трагедијата на бродот „ИЛИНДЕН“

Post Views: 2 Овој пат, разноразни комори и здруженија, ја детектираат клучната причина за трагедијата. Никако да престанат шпекулациите, лажните обвинувања и ноторните невистини околу трагедијата со потонувањето на бродот „Илинден“. Денес се огласи Стопанската комора за туризам со седиште во Скопје со обвинувања дека клучна причина за трагедијата е тоа што бугарските туристи немале водич.  Од Здружението на водичи пак,  Бранко Босилков со изјава „ Ако групата туристи од Бугарија имаше локален водич, случајот ќе изгледаше многу поинаку, зашто тој знае колкав е капацитетот на бродот...

Continue reading

spasuvanje

„Илинден“ уште најмалку една недела останува под вода

Post Views: 6 ТВМ дознава дека бродот „Илинден“ уште најмалку една недела ќе остане во водите на Охридкото езеро. Оваа информација доаѓа од стручни лица учесници во постапката за расветлувење на случајот кои во интерес на понатамшните истраги инсистираа да останат анонимни. Она што се знае е дека мешовитата комисија составена од експерти од Бугарија, Хрватска и Македонија, ја завршија својата работа.  Тимовите  од Бугарија и Хрватска веќе ја напуштиле нашата земја. Неофицијално дознаваме дека во извештајот експертите констатирале дека бродот Илинден бил технички исправен за пловидба....

Continue reading

Потона бродот Илинден

Post Views: 32 Потона бродот Илинден.Најмалку петнаесет лица го загубија животот а неколку се водат за исчезнати во трагичната несреќа што денеска околу 10 часот и 35 минути се случи во водите на Охридското Езеро на околу 200 метри од автокампот Елешец ,на длабочина од 6-8 метра. Неофицијално, бродот, балансот го одржувал со помош на метални сајли. Се претпоставува дека едната од саjлите пукнала по што, според изјави на очевидци, бродот се преполовил и потонал за неколку минути. Oчевидци ни изјавија дека несреќата се случила многу брзо и дека бродот потонал за само неколку минути. Ова...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top