Ознака: festival

alarm

АЛАРМ повторно стартува

Post Views: 3 Од 25ти до 27ми јуни, на плажите на Љубаништа ќе се одржи единствениот опен ер музички фестивал во Македонија – „Аларм за природата“, објавија организаторите на  фестивалот. Најавени се 3 сцени (main, dance, alternative) со 24/7 музичка програма, преку 100 артисти и ДиЏеи, кино, театар, фудбал, ликовни колонии, изложби, предавања и посебен однос кон природата и нејзиното зачувување. Според организаторите, Аларм за природата ќе се обиде да пробуричка во совеста на младите, кои сакале или не, ќе ги наследат реките, езерата, шумите и сите чуда што природата ни ги подарила....

Continue reading

plasici

Започна фестивалот за плашицита

Post Views: 7 Тој се одржува денеска и утре и е во рамки на саемот за туризам. Денеска кај каналот Студенчишта се одржа првиот дел од фестивалот – натпревар по риболов, а утре ќе се подготвуваат рибни чорби. Денеска на каналот Студенчишта се ловеше плашица. Оваа риба утре ќе се најде на бројни трпези  припремени од Охридските хотели, а ќе има и дегустатори кои ќе го одберат најфкусното од припременото. Ова е првата фаза од фестивалот за плашица. Вториот дел од истиот е утре кога ќе се палат огнови и натпреварувачите ќе подготвуваат рибни чорби. Од организацијата на фестивалот...

Continue reading

pres konferencija

Фестивал на плашица

Post Views: 2 Охрид ќе добие фестивал на плашица во рамките на третиот македонски саем за туризам. Риболовните клубови „Св.Апостол Петар“ и „Рибарска Вистина“ организираат меѓународен натпревар во спортски риболов на плашица. Покрај натпреварот, претседателот на спортското риболовно друштво „Св.Апостол Петар“, Радован Димитриески, ја објасни и нивната друга намера-поголема промоција на Охридските можности за риболовниот туризам пред странските туроператори.Манифестацијата „Фестивал на плашицата“ е помогната од Агенцијата за развој и поддршка на туризмот. Од таму планираат Македонија...

Continue reading

Toni Simonoski

Интензивни подготовки

Post Views: 17 Фестивалот Охридско лето интензивно се подготвува за јубилејното издание. Со полна пареа во Фестивалот Охридско лето се прават подготовките за одбележување на јубилејот 5 децении од почетокот на нашата најзначајна културна манифестација. Директорот Тони Симоноски информира дека престојното фестивалско издание   ќе изобилува со квалитет и емоции. Поканети се да гостуваат странски и домашни музички  имиња кои  ги поставиле темелите на манифестацијата, но и они кои учествувале досега. Иако сеуште не се откриваат  имињата на уметниците кои ќе учествуваат, оптимистички...

Continue reading

Guitarissima

„Гитарисима“ со свој перформанс

Post Views: 0 Вечерашниот концерт ќе понуди едно сосема ново доживување, велат организторите на фестивалот. Пет млади гитаристки од Австрија, Унгарија и Германија, вечерва ќе се претстават на сцената на „Св. Софија“. Благодарение на нивните аранжмани, составот е револуционерен во полето на музиката за класична гитара. Тие создаваат освежувачки нов звук, кој дава нова димензија на популарната класична музика, како и на помалку познатите композиции, велат музичките селектори на фестивалот.„ Скоро сите аранжмани се направени од нас самите и вечерва публиката ќе има можност да ужива во...

Continue reading

logo

„Високи остварувања од ниската земја“

Post Views: 8 Во организација на фондацијата „Културна помош“ од Холандија и здружението „Јавна соба“ од Македонија од денес до 26ти овој месец , Охрид ќе биде домаќин на Холандски филмски фестивал насловен како „ Високи достигнувања од ниската земја“. Традиционалните, длабоки и втемелени врски се основа за организацијата на овој фестивал, кој ќе придонесе за продолжување на туристичката сезона, вели Тони Тунтев, заменик на градоначалникот на Охрид. Холандскиот филмски фестивал е замислен како ротирачки фестивал, чија појдовна точка е Охрид. Истиот има за цел да ја анимира публиката...

Continue reading

Enio Moricone

Ќе фрла ли Мориконе слободни?

Post Views: 0 Сите погледи кон небото. Денот на отворање на фестивалот „Охрдиско лето е тука но, дали грандиозниот настап на Мориконе ќе пропадне во вода? Дали постои друга опција, освен античкиот театар како место за почеток овој гламурозен настан? Спортската сала Билјанини извори која изминативе години беше каква таква опција, годинава неможе просторно да му излези во пресрет на организаторот на фестивалот. Останува да видиме кои опции се во игра, ако воопшто ги има и дали Спортската сала се враќа повторно во игра како опција? {loadposition content9}

Continue reading

Tanec

Крај на овогодинешниот Балкански фестивал

Post Views: 0 Фестивалот на народни песни и ора „Балкански фестивал“, завршува утре со настапот на ансамбли од Грција и Србија. Гостите учесници на фестивалот воодушевени од организацијата, од убавините на Охрид и од луѓето во градот. Вечерва настапува токму ансамблот од Хрватска, по него следат и ансамблите од Северен Кипар, Никозија и Косово. Со претстсавување на културните друштва од Грција и Србија завршува овогодинешниот Балкански фестивал. Со свое присуство нема да не удостои најавуваната атракција од Нигерија-Африка. „Фестивалот е можност на многубројни фолклорни групи од земјава...

Continue reading

Tanec

Започна 48 –то издание на Балканскиот фестивал

Post Views: 5 Со свечено дефиле  низ охридската чаршија учесниците на Балканскиот фестивал го означија  почетокот на годинешното  48 –мо издание. Манифестацијата за отворена ја прогласи претседателот на Македонското Собрание, Трајко Вељаноски. Тој истакна дека големиот број ученици на фестивалот ја потврдуваат универзалната категорија на музиката која не познава граници, дневна политика, јазични и културни бариери. Македонскиот народ е познат по тоа што преку народните песни и игри ги изразувал своите чувства , кога бил среќен или тажен, кога заминувал на печалба или кога се борел...

Continue reading

logo

Заврши второ издание на Фестивалот на Француски филм во Охрид

Post Views: 3 Шарл Азнавур замина од Охрид трогнат од македoнската песна „Јовано, Јованке“. Со доделувањето на „Златната маска“ за животно дело на Шарл Азнавур и прикажување на филмот „Такси за Тобрук“,  во кој една од главните улоги ја толкува тој , заврши второто издание на Фестивалот на Француски филм во Охрид. Славниот француски актер и шансионер , Азнавур замина од Охрид трогнат од македонската песна „Јовано, Јованке“ која ја интерпретираше Тања Царовска. Хармонијата на песната ми е блиска со хармонијата на песните од мојот крај , од моите корени искрено призна  Азнавур пред...

Continue reading

logo

Подготовките за фестивалот Охридско лето пред крај

Post Views: 7 Од дирекцијата на фетивалот велат дека годинешново издание ќе понуди многу квалитетна програма, за која билети се бараат насекаде во светов. За прв пат годинава една претстава ќе се одигра и на новата сцена Залив на коските. Деновиве од печат треба да излезат фестивалските брошури, како и сите останати пропратни елементи кои се потребни за добро информирање на посетителите на фестивалот.Граѓаните видно задоволни од фестивалската понуда. За свеченото отворање на фестивалот има само уште малку билети, вели директорот на фестивалот Тони Симоноски. Годинава ќе бидат одиграни...

Continue reading

otvoranje

Второ изданиe на фестивалот на францускиот филм во Охрид

Post Views: 0 Започна второто издание на Фестивалот на Францускиот  филм  во Охрид со проекцијата на филмот „Добредојде“ на режисерот Филип Лиоре. Пред голем број почитувачи на филмската уметност и гости од Франција фестивалот за отворен го прогласи министерот за култура Елизабета Канческа Милеска. Таа меѓу другото напомена дека овој фестивал е продлабочување на врската помеѓу македонската и француската филмска кинематографија, размена на идеи и искуства, како и запознавање со културите и разноликостите помеѓу двете земји. Францускиот амбасадор во земјава, Бернар Валеро смета дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top