Донаторска конференција за обнова на Појасот Газа
Post Views: 1
Во египетското летувалиште Шарм ел Шеик денеска започнува донаторска конференција за собирање на околу три милијарди долари за санирање на штетите во Појасот Газа, кои беа причинети за време на израелската офанзива во ова палестинско подрачје.
На конференцијата ќе учествуваат 80 држави и меѓународни организации.
На форумот е најавено присуството и на неколку шефови на држави, меѓу кои се египетскиот претседател Хосни Мубарак, палестинскиот претседател Махмуд Абас и шефот на француската држава Никола Саркози. На конференцијата ќе учествуваат и генералните секретари на...