Ознака: budzet

sobranie

Ребалансот на Буџетот влегува во собраниска процедура

Post Views: 1 Ребалансот на Буџетот на Република Македонија за 2009 година со кој се кратат расходите и приходите за 3,2 проценти од денеска е на разгледување во Парламентот. Почнува со расправа во собраниската Комисија за економски прашања, а во матичната Комисијата за финансирање и буџет ќе се најде наредната недела. Со овој ребаланс, кој е втор годинава, се проектирани приходи од 138,459 милијарди денари и расходи од 149,5 милијарди денари. Дефицитот се намалува околу 300 милиони денари, а ќе остане во проектираните рамки од 2,8 отсто од БДП. Ребалансот се прави со цел да се приспособи...

Continue reading

Zoran Stavreski

Кастрење на буџетот

Post Views: 2 Кратење на приходите и расходите за 3,2 проценти, се предвидува со новиот ребаланс на буџетот, прифатен на вчерашната владина седница. Со ребалансот, кој дополнително треба да биде усвоен од Собранието, ќе бидат сопрени капитални инвестиции и проекти, а ќе нема ни нови вработување во државната администрација освен оние што се однесуваат за еврооинтегративните процеси и за исполнување на обврските од Рамковниот договор. Со најновите владини пресметки, целосно ќе се стопира набавката на нови автобуси, ќе се одолжи и доградбата на стадионот “Филип втори“, одложена е и изградбата...

Continue reading

sobranie

Продолжува дебатата за Предлог-буџетот за 2009 година

Post Views: 1 Собранието на Република Македонија денеска трeба да ја продолжи 41. седница со расправа за Предлог-буџетот за 2009 година. Буџетот за наредната година е планиран да изнесува 164 милијарди и 215 милиони денари. Приходите се проектирани на 153 милијарди и 215 милиони денари, а дефицитот е 11 милијарди и 584 милиони денари што е 2,8 отсто во однос на планираниот БДП. Собраниската дебата за буџетот почна минатата среда, а продолжи во петокот. Според новиот Деловник на Собранието, пратениците треба за три дена да ја завршат расправата и да ја го донесат буџетот за 2009 година....

Continue reading

Sobranie

Предлог-буџетот за 2009 година на собраниска седница

Post Views: 7 Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 41-та седница на чиј дневен ред е второто читање на дополнетиот Предлог-буџет на Република Македонија за 2009 година. Пратениците ќе одлучуваат и по предлог – одлуките за испраќање припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на ЕУ во Босна и Херцеговина ЕУФОР, Алтеа и за испраќање на единица на АРМ за учество во мировна операција во Авганистан. На дневниот ред на седницата е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште...

Continue reading

zname

Јапонија ќе ги намали уплатите во буџетот на ОН

Post Views: 13 Владата на Јапонија се подготвува значително да го скрати своето учество во финансирањето на ОН, но и покрај тоа Јапонија ќе остане втората држава, по САД, според уделот во буџетот на светската организација. Досега делот на Токио во буџетот на ОН беше 16,6 отсто, а Владата планира да го намали до 12 отсто, пишуваат денеска јапонските весници. ОН на секои три години ги преразгледуваат уплатите на земјите членки во буџетот. Сега се водат преговори за периодот 2010-2012 година. Се очекува САД да останат со најголем удел – 22 проценти од финансирањето на ОН. Заради...

Continue reading

komisija

Одобрен буџет за Пентагон

Post Views: 1 Претставничкиот дом на САД одобри вчера нацрт-закон за расходите за одбрана во висина од 550,4 милијарди долари за фискалната 2010 година. Во него се 130 милијарди долари за финансирање на војната во Ирак и Авганистан за таа фискална година која почнува на 1 октомври. Дел од советници на Белата куќа предупредија дека ќе побараат вето од претседателот ако не се поништат две измени со кои се бараат дополнителни пари за нови авиони-ловци Ф-22 и за втор мотор за Ф-35. Сенатска комисија вчера одобри своја верзија на нацрт-закон во кој се вметнати 1,7 милијарди долари за...

Continue reading

ON

Генералното собрание одобри зголемен буџет за ОН

Post Views: 6 Генералното собрание на Обединетите нации го зголеми двогодишниот буџет поради зголемените расходи за мисиите во кризните региони и новите функции. Буџетот на ОН за периодот 2008-2009 година изнесува 4,86 милијарди долари, иако претходно беше фиксиран на 4,17 милијарди долари. Како причини за зголемувањето на расходите се 27 мисии на ОН во светот, посебно мисијата во Авганистан, во Ирак и во Судан. Генералното собрание на Светската организација одобри финансирање на 92 нови функции во ОН за развој и 49 во политичкиот оддел односно за превентивна дипломатија. Генералниот...

Continue reading

logo

2010 година плодна за стружани

Post Views: 3 Градоначалникот Мерко се пофали со 15% повисок буџет за идната година. Тој голем приоритет дава на урбаната сфера, бидејќи покрај домашните, голем интерес има и кај странските инвеститори за градба. А тука веќе е познато каде се инкасираат средствата. Буџетот на општина Струга за 2010 год тежок над 14 милиони евра. Во споредба со годинава тој е за 15 % повисок. Првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко вели, дека иако се соочуваат со последиците на економската криза, зголемувањето на буџетот за 2010 год се темели пред се на донесувањето на деталните урбанистички планови....

Continue reading

sobranie

Пратениците денес расправаат за предлог-буџетот за 2010 година

Post Views: 2 Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 86. седница, треба да ја почне расправата по Предлог-буџетот за 2010 година. Според Предлогот, приходите се планирани на 143 милијарди и 257 милиони денари, а расходите на 153 милијарди и 720 милиони денари. Дефицитот е проектиран а 2,5 проценти од БДП и ќе изнесува 10 милијарди и 460 милиони денари. Кај приходите има зголемување од 3,4 проценти, а кај расходите за 2,8 отсто. Владината проекција за 2010 година е дека растот на БДП ќе биде два отсто, а на максимум два отсто е планирана и годишната стапка на инфлација....

Continue reading

Буџетот за 2010 пред Владата

Post Views: 1 Владата на седница денеска треба да го разгледа буџетот за 2010 година. Според најавите на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески со буџетот нема да има зголемување на тековните расходи. Со буџетот наредната година нема да има зголемување на платите во администрацијата, што може да се случи само доколку се остварат подобри економски резултати од тие што ги очекува Владата. Очекувањата за наредната година се дека економскиот раст ќе биде во позитива, а според Меѓународниот монетарен фонд тој ќе достигне два проценти, а буџетскиот дефицит 2,5% од БДП. {loadposition...

Continue reading

logo

Предлог буџетот на Општина Струга за 2009-та година под лупа

Post Views: 11 Истиот денес беше  на јавна расправа. Не се дискутираше многу околу распределените средства. Предлог буџетот на општина Струга за следнава година ќе изнесува 729.467.696 денари. Од него, основниот буџет изнесува 317.760.000 денари,  со самофинансирачки активности предвидено е да се обезбедат 9.831.000 додека буџетот од дотации да изнесуваа 397.876.969 денари. Од овие средства колку и за кои активности ќе троши општината, надлежните образложија на денешната јавна расправа по предлог буџетот за 2009 година. „Планираме да го изготвиме проектотза патеката Струга-Ташмаруништа,...

Continue reading

Panoski

Зошто не го сакаат Паноски во комисијата за финансии и буџет?!

Post Views: 0 Членовите на комисијата за финсии и буџет, треба да расправаат за разрешување на нивниот колега Дејан Паноски од редовите на оваа комисија. Ова прашање  го потегна претседателот на комисијата Ахмед Патељ по неколкуте отсуствувања на советникот Паноски од работата на седниците. „ Советникот Дејан Паноски согласно членот 68 треба да го информира претседателот за неговото одсуство. На неколку комисии советникот Паноски воопшто не присуствуваше. Деловничката одредба од овој закон јасно и гласно кажува дека за отсуство на било кој член од комисијата се информира претсеадтелот...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top