Ознака: akcija

Karolina Goceva

„Скопје за Хаити и Чиле“

Post Views: 7 На првата програма на Македонската телевизија, утре во 20 часот ќе биде реализирана специјална хуманитарна манифестација „Скопје 1963 за Хаити и Чиле 2010“ Организатор на хуманитарната манифестација е градот Скопје, како град на солидарноста, а целта е да се соберат што повеќе финансиски средства за помош на настраданите градови во овие две латиноамерикански земји, што беа погодени од катастрофални земјотреси со многу човечки жртви. Парите ќе бидат собирани преку јавувања од сите телекомуникациски оператори во земјава, а на отворените телефони ќе се јавуваат актуелните...

Continue reading

akcija albatros

“Албатрос“ фати 14 криумчари со мигранти, петмина во бегство

Post Views: 6 Голема меѓународна група која пренесувала мигранти од Албанија преку Македонија за Грција е разбиена при вчерашната полициска акција „Албатрос“ при што 14 лица се приведени, а по уште петмина се трага. Полицијата ја разоткри групата од 19 лица кои во изминативе шест месеци за сума од 2000 до 2500 пренела околу 120 албански мигранти.“Во овој случај документирани се 50 наврати при што се прокриумчарени 120 мигранти. Оваа организирана група која подолг период се занимавала со криумчарење мигранти делата ги извршувала на тој начин што претходно било договарана одредена сума...

Continue reading

Акцијата „За посреќно детство“, успешна

Post Views: 0 Дружење, забава, спорт, хуманост. Вака денеска протече 4 тата по ред спортско рекреативна акција „За посреќно детство“, кое традиционално го организира Црвениот крст. „Целата на акцијата ни беше да го потикнеме спортскиот дух кај најмладите и да го развиеме  чувството на хуманост„, истакна претседателот на ОО на Црвен Крст, Сашо Точко.Парите кои ќе се соберат заедно до обезбедените донации ќе бидат искористени за набавка на креветчиња за детското одделение при општата болница во Охрид.Инаку денеска се одржа и 39 општински натпревар по прва помош, на кој учествуваат 17...

Continue reading

crven krst

Успешна акција: „Имаш 5 минути дарувај крв спаси нечиј живот“

Post Views: 2 30 –тина студенти  од Факултетот за туризам и информатички технологии се одзваа и даруваа крв на денешната заедничка акција на ОО„Црвен крст“ и одделението за трансфузилогија при Општа болница Охрид. Еден од студентите беше и Крсте Костоски кој во повеќе наврати досега има дарувано крв.Потребите на одделенито за трансфузиологија при Општа болница се задоволуваат со вакви хумани крводарителни акции, но и преку доброволни дарувања на поединци во нашето одделение нагласува д-р Соња Србакоска, специјалист трансфузилог.Денешната акцијата со наслов „Имаш 5 минути дарувај крв...

Continue reading

cistenje

Советниците во акција

Post Views: 7 Ги чистеа охридските плажи, кај Даљан. Во еколошката акција се вклучи и ЈП Охридски комуналец, како и ЕД  Грашница. Советниците се поделија и во еколошка акција. Чистењето на плажата кај младинското одморалиште од секаков вид на отпад, ја подржаа само советниците од мнозинството во градскиот совет. „ Целта ни е малку да ги поттикнеме службите да ја подигнат еколошката свест на граѓаните. Целта е да ја поттикнеме владата и тие да се вклучат во акцијата“, истакна Јаковчески. Еколошката акција беше иницирана од страна на советникот Кујтим Усејни кој живее во овој дел на...

Continue reading

gubre

Комуналец работеше и викендов

Post Views: 0 Охридски комуналец со полни раце работа.  ЈП во целост ги спроведува заложбите на локалната самоуправа, подеднакво да се уредени и центарот на Охрид, но и периферијата. Покрај зголеменото ангажирање на комуналците во чистење на кејот поради брановитото eзеро и неповолното време, деновиве вработените во ЈП покрај редовното собирање на сметот, превзедоа и вонредни активности за расчистување на дивите депонии.Минатиов викенд, десеттина работници и механизацијата на „Комуналец“ беа aнгажирани на расчистување на дивите депонии во с. Лескоец. Се чистеше сметот натрупан на...

Continue reading

катинар

Акцијата започнува и во Охрид

Post Views: 1 Инспекциските служби и покрај празниците најавија дека ќе бидат постојано на терени со цел истиот да се спроведе. Пазарниот инспекторат задоволен од тоа како помина 2009 год. Пазарниот инспекторат минатата година работејки според законите на Р Македонија спровел 2800 надзори. Решенија во управана постапка биле поднесени 156, од кои дел во основниот суд во охрид и дел до комисијата за прекршоци, вели началникот на пазарниот инспекторат Ѓоко Бошалевски. „ Беа наплатени преку 20 000 евра глоба и мандатни казни преку 30 000 евра. Постапката што се чека повратно е над 150...

Continue reading

Охридските студенти добри крводарители

Post Views: 4 Тие масовно излегоа на денешната крводарителска акција, покажувајќи хуманост. За тоа добија привилегија од деканатот на факултетот за туризам и универзитетот по информатика, олеснување во полагањето. Студенска крводарителска акција. Традиционално и годинава во организација на Црвениот Крст од Охрид одделението за трансфузиологија при општа болница, и  факултетот за туризам и универзитетот за информатика, студентите на дело ја покажаа својата хуманост. Годинава новина е приклучувањето на студентите по информатика кон акцијата а со самото тоа и очекувањата се поголеми...

Continue reading

smet

Се чисти „Галичица“

Post Views: 0 Нема место за отпадоци во природата. Ова е мотото на акцијата која деновиве се спроведува на НП „Галичица“. Акцијата е помогната од ЈП Охридски Комуналец и „Македонија пат“. Се чистат дивите депонии на НП „Галичица“. Согласно стратегијата на паркот деновиве се спроведува акција за чистење на цврстиот отпад, со цел да се заштити природата. 16 удрани точки во паркот се мета на сторителите, кои на овие места трпаат планини од градежен шут, меѓу другото и друг отпад. Иницијативата на паркот, е во соработка со ЈП Охридски Комуналец и Македонија Пат, и се одвива на веќе зацртани...

Continue reading

logo

Придонес во неделата за борба против гладта

Post Views: 0 Црвениот Крст од Охрид во соработка со ресторанот Далга, даваат придонес во кампањата на неделата за борба против гладта. Се надеваат дека до крајот на акцијата ќе им ја олеснат состојбата и ќе направат посреќни барем 100тина најзагрозени семејства. Оваа традиција се практикува со години нананзад и докажува дека граѓаните на Охрид навистина знаат да искажат хуманост. Одредена сума од досега собраните средства се вложија за купување храна која денеска беше поделена на лицата кои се хранат во народната кујна. „Нашите активности продолжуваат и наредните денови“, вели...

Continue reading

divogradbi

Ќе се рушат сите дивоградби во општина Охрид

Post Views: 2 „За сите дивоградби имаме поднесени пријави до градежната инспекција“, вели директорот на завод и музеј Тања Паскали. „Сите доградби, поткровја за кои се нема соодветна документација, ќе бидат срушени“, вели Петрески. Тој истакна дека комуналниот инспекторат подготвува список на објекти кои не поседуваат соодветни дозволи и кои есенва треба да бидат срушени. Оваа акција која се кува во локалната ја потврдија и од комунлниот инспекторат. Раководителот Танас Танскоски вели дека истата која е најавена за овој месец, ќе се спроведе со сигурност, но  може само да се пролонгира...

Continue reading

policija

Десетина рибокрадци приведени при акција на охридската полиција

Post Views: 3 Охридската полиција вчера спроведе обемна акција за спречување на криволов на риба од Охридското Езеро, која траела во текот на целиот ден се до доцните вечерни часови. Од СВР – Охрид е потврдуваат дека биле преземени активности на полицијата за спречување рибокрадство, но најавија дека со поединости околу акцијата ќе се произнесат во текот на денешниот.Aкцијата почнала вчера утрото кај автокампот „Андон Дуков“, каде екипи на орхидската полиција со засилување од специјални единици на МВР поставиле заседа за риборадците кои со чамци пристигнувале на брегот. Во акцијата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top