Post Views: 0
На малиот плоштад кај Т.Ц.АМАМ екипите на „Паркови и зеленило„ формираа ново хортикултурно катче со декоративни садници од сопствено производство од расадникот кој функционира во рамките на Ј.П.„Охридски Комуналец“.
Вакви хортикултурни содржини се планира да се реализираат на повеќе локации во градот и тоа: кружната сообраќајница на пресекот од ул.„Јане Сандански„ и „Питу Гули„, кружната сообраќајница кај ЕМУЦ.„Наум Охридски„ , во градскиот парк и други локации предвидени со Програмата за јавно зеленило за 2019 год.
Post Views: 0
Од денеска градскиот парк го краси дрвен воз кој 100% е сопствено производство на вработените од „Паркови и зеленило„ при Ј.П.„Охридски Комуналец.
Во градскиот парк во близина на детското игралиште е формирано ново хортикултурно катче од дрвена композиција-воз во кој се поставени цветни жардињери и декорирано со украсен камен. Дрвениот воз е изработен од стеблата од дрвја кои се отстранети од различни критични точки на територијата на општина Охрид, а вработените со голема умешност истите ги издлабија и формираа уникатно дело.
Post Views: 4
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве изведуваат работни активности за хортикултурно уредување на зелените површини на тротоарот на улица „Јане Сандански“, согласно проектот за реконструкција на улицата.
Се врши поставување на нов систем за наводнување на зеленилото и дрворедот, се насипува земја и ќе се врши засадување на трева.
Откако ќе бидат завршени сите подготвителни работи ќе се пристапи кон засадување на новиот дрворед.
Post Views: 2
„Бидејќи е зима и не можеме да садиме ни трева ни цвеќа во овој период се одлучуваме за зимзелени растенија и изградување на малечки патеки, за да не се оштетува паркот во иднина, а со тек на време би требало тој парк да се надградува односно да биде изведба во процес“ потенцира Петреска.
Главната цел на ЛИГ-а и потребата од неа е акционите планови да бидат претставувани пред советот на Општината, Градоначалникот, бизнис секторот и други локални чинители, со цел нивното спроведување да биде буџетирано од јавните средства, спонзорства и донации. Се очекува оваа група...
Post Views: 2
Северозападниот влез на Охрид сеуште не е хортикултурно уреден. Освен куќарката во стилот на старата охридска архитектура и една стрелка која е направена од левата страна на патот кога од Скопје доаѓаш за Охрид нема ништо друго што би асоцирало на тоа дека тука е влезот во најголемиот туристички центар во Македонија. Од Локланата ветуваа дека просторот кој меѓу охриѓани е познат како кај петљата ќе биде уреден, ќе биде засадено зеленило и цвеќиња, ќе бидат поставени и некои други содржини, а старите ќе бидат отстранети. Но еве и оваа сезона помина, а тоа не се направи....
Post Views: 4
Кружниот тек на пресекот на „Булевар Туристичка“ и „Стив Наумов“ , екипите на „Паркови и зеленило„ го уредуваат хортикултурно.
Во првата фаза се донесе плодна земја која се обработи, по што следеше фазата на засадување.
Во централниот дел на кружниот тек се засади украсно дрво- сребрена пицеа, кое за оваа намена подолг период беше одгледувано во расадникот на Ј.П.„Охридски Комуналец„. На пет сегменти се формирани цветни леи, а во околниот простор се засадени декоративни зимзелени грмушки. Заради подобар естетски изглед поставен е декоративен камен и декоративен мулч.
Во...
Post Views: 3
Општина Охрид објави конкурс за избор на архитектонско идејно решение за партерно и хортикултурно уредување на кејот Македонија. Просторот за кој треба да се изработи идејно решение за уредување во моментов е оплеменет со зеленило и нуди убави места за одмор, прошетки, релаксација, рекреација и други содржини, сметаат од локалната самоуправа но додаваат дека истовремено му недостасуваат квалитетни содржини, уредување и понуда која во текот на целата година ќе ги првлекува домашните и странски посетители.
Со конкурсот се бара идеја за партерно и хортикултурно уредување...
Post Views: 0
Хортикултурно ќе се уредува зелениот појас на патниот правец Охрид-Св. Наум. Иако овој магисрален пат е под ингеренции на Македонија пат, Јп „Комуналец“ согледувајќи ја потребата од негово уредување на сопствена иницијатива ќе го исчисти, нивелира и оплемени просторот.
-Во наредниот период подготвени сме да направиме два бунари и на целиот ќе се постави водоводна мрежа за наводнување, а наесен ќе го озелениме со соодветни растенија за ваков простор, вели Елена Скрческа, директорката на ЈП „Комуналец„.
Директорката вели дека ќе се погрижат за хортикултурно уредување ...
Post Views: 24
Екипите на Јавното претпријатие „ Градски гробишта“ деновиве интензивно работат на поставување на нови ивичници на постојните патеки во муслиманските гробишта.
По санирањето на патеките и поставувањето на нови и замена на оштетените ивичници, просторот околу нив, хортикултурно ќе биде уреден.
{loadposition content9}
Post Views: 9
Пештаници но и бројните гости за брзо време, ќе прошетаат по нов кеј. Изминативе три месеци Локалната самоуправа на Охрид интензивно работи на комплетна реализација на проектот околу уредување на шеталиштето. Како што изјави градоначалникот Никола Бакрачески, со зафатите кои што се изведуваат во Пештани пред почетокот на туристичката сезона, било исполнето она што е предвидено за тој дел, во програмата за работа на Локалната самоуправа.
„Од она што можев денес да го видам на терен, задоволен сум како се одвивале активностите во изминатиот период. Како и што и сами можевте...
Post Views: 0
Темелно се расчистени викенд населбите „Даљан“, „Расадник“, „Никола Карев„“ и др.
Стариот дел од градот, кој е првата локација каде се упатуваат туристите, е темелно расчистен и искосена е тревата покрај „Илинденска“, „Климентов Универзитет“ и „Кирил и Методиј“.
Канделабрите на градскиот плоштад се украсени со паѓачки сардели, а во наредните денови со сардели ќе се украсат канделабрите по чаршијата и градскиот плоштад.
И главната сообраќајница во Охрид-„Булевар Туристичка„ хортикултурно се уредува и трoтоарите се метат. Денот на трудот „1-ви Мај” вработените од „Јавна...
Post Views: 1
Охридските социјал-демократи со обвинувања до локалната дека наместо ветувањата за градежно и хортикултурно уредување, жителите на урбаната заедница Воска 4 добиле депонија.
Портпаролот на општинската организација на СДСМ, Александар Кузески информира дека граѓаните од оваа урбана заедница уште во Ноември минатата година како дел од приоритетите за нивната урбана заедница го посочиле градежното и хортикултурно уредување на просторот помеѓу зградите на улиците „Сатеска“ и „Трајче Трајчески“. Кузески вели дека откако не било ништо преземено, жителите реагирале до Одделението...