Ознака: соопшти

цветан грозданов

Кои се добитниците на државната награда „Св.Климент Охридски“?

Post Views: 1 Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ во 2014 година ги соопшти годинешните добитници. Во областа на воспитанието и образованието наградата им се доделува на проф.д-р Амет Шериф, историчар, како и на проф. д-р Велимир Стојковски, биохемичар. Во областа на културата и уметноста награден е академик Цветан Грозданов, историчар на средновековната уметност.Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември 2014 година (понеделник ) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија. {loadposition content9}

Continue reading

logo

Денот на албанската азбука неработен за Албанците

Post Views: 10 Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ, 22 ноември, сабота, Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука. {loadposition content9}

Continue reading

nesrekja

Четворица припадници на единицата „Јастреби“ загинаа во хеликоптерска несреќа

Post Views: 4 Засега е исклучена можноста дека станува збор за диверзија, а точните причини за падот на хеликоптерот ќе бидат утврдени по испитувањето на црните кутии. Началникот на полициската хеликоптерска единица” Јастреби” и дел од раководниот кадар на единицата се жртвите во вчерашната хеликоптерска несреќа кај Струмица, потврди МВР. Министерот Јанкулоска со солзи во очите го соопшти идентитетот на настраданите и изрази длабоко сочувство до нивните семејства. Причините за хеликоптерската несреќа што се случи во четврток вечер во Струмица сé уште се утврдуваат, а леталото...

Continue reading

logo

Од утре ќе плаќаме повисока цена за струјата

Post Views: 0 Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека во наредниот период ќе плаќаме повисока цена на струјата. Зголемување на цената на струјата поради повисоките трошоци побарале трите енергетски компании ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО. Македонските граѓани ќе плаќаат повисока цена на струјата за околу 3,5 отсто. Од утре започнува примената на повисока за 0,15 отсто акциза за цигaрите, со чие пресметување се очекува и повисока цена на цигарите.Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,30 отсто, објави Регулаторната...

Continue reading

tabela

Колку ѓубре прават македонците?

Post Views: 1 Вкупното количество создаден комунален отпад во Република Македонија во 2013 година изнесува 792.785 тони, а годишното количество создаден комунален отпад по жител изнесува 384 килограми, што е за 0,6 отсто повеќе од истото количество во 2012 година, соопшти Државниот завод за статистика. Оттаму информираа дека вкупното количество собран комунален отпад во Македонија во 2013 година изнесува 554.938 тони. Споредено со 2012 година, вкупното количество собран комунален отпад во 2013 година бележи намалување од 0,1 отсто. Од вкупното количество собран комунален отпад, 439.571...

Continue reading

crkva

За една недела обиени три цркви во мавровскиот крај

Post Views: 1 Украдени се шест икони и 600 денари. Денеска полицијата соопшти за кражба во црквата „Свети Никола“ во мавровското село Трница каде се исчезнати четри дрвени икони. Пред три дена надлежните информираа за разбојништво во црквата „ Света Петка“ во истата општина,  од каде арамијата присвоил две икони и 600 денари. Вчера беше ограбена и црквата „Свети Никола“ во селото Кичиница во истиот регион. Полицијата засега ги расчистува трите случаја, но поалармантно е прашањето каде завршуваат овие икони? Рацијата која се случи во Албанија во која беа препознанени македонски икони...

Continue reading

logo

Први Мај, неработен ден за сите граѓани на република Македонија

Post Views: 3 Денот на трудот 1 Мај (четврток), согласно Законот за празниците, е неработен за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Меѓународниот ден на трудот е меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше...

Continue reading

ЧАО за Батиста

Post Views: 6 Во понеделникот Батиста имал средба со Извршниот комитет на Аргентинската фудбалска федерација и на неа било донесено решение тренерот да ја напушти позицијата. “Извршниот комитет одлучи да го раскине договорот со Батиста”, соопшти портпаролот на АФА, Енрике Черкис Биало. Батиста го презеде кормилото на Аргентина од Диего Марадона по неуспешните настапи на Светското првенство во Јужна Африка минатата година. Тој прво беше назначен за привремен тренер, а подоцна потпиша перманентен договор. Со големи амбиции влезе на Копа Америка каде не се прослави. Аргентина...

Continue reading

Sharplaninski kup

Шарпланинскиот куп може да почне

Post Views: 8 -Се средуваат патеките „Орлова“ и „Езерино“ и има доволно снег, изјави претседателот на Организациски одбор на оваа традиционална спортска манифестација, Димитар Танурков.Покрај учесниците од Македонија, засега учество потврдиле околу 40 натпреварувачи од шест држави – Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Шведска и Словачка, меѓу кои има и скијачи со добар број на ФИС-поени. Претседател на Одборот на трките и оваа година ќе биде прославениот словенечки скијач, Бојан Крижај, кој како и секогаш, ќе придонесе за професионална подготовка на патеките. Следната сабота...

Continue reading

policija

Полицијата трага по тројцата исчезнати унгарски државјани

Post Views: 19 Полицијата трага по тројца унгарски државјани за кои постои сомнеж дека исчезнале во Охридското езеро со своите кајаци, соопшти МВР.Чуварот на автокампот Градиште пријавил во полиција дека кога влегле унгарските државјани во кампот на автомобилот „фиат добло“ имало три кајаци. Автомобилот стоел се уште на паркингот во автокаммпот, а Унгарците и кајаците кои биле на автомобилот ги немало. Унгарците влегле во Македонија преку граничниот премин Табановце на 5 мај. Од СВР Охрид велат дека засега не се пронајдени знаци кои укажуваат на тоа дека се случила трагедија. На...

Continue reading

Bozik

Бадник и Божиќ неработни денови

Post Views: 13 Шестти јануари, Бадник, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, а седми јануари, првиот ден на Божиќ, е неработен за сите граѓани на Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Согласно со Законот за празниците седми јануари (сабота), првиот ден на Божиќ според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Неработен само за граѓаните од православна вероисповед е Бадник на шестти јануари (петок). {loadposition content9}

Continue reading

ezerata na satelitot Titan

Охридско Eзеро на сателитот Титан!

Post Views: 3 Едно од езерата на сателитот Титан ќе биде именувано како Охридско Eзеро, соопшти денеска Планетарумот при Младинскиот културен центар, истакнувајќи дека информацијата е објавена од страна на Работната група за номенклатура на планетарниот систем Езерото има пречник од 17,3 километри и веќе се наоѓа на соодветните мапи на Титановата површина. Титан е најголемиот сателит на планетата Сатурн и е единствениот во Сончевиот планетарен систем кој има атмосфера. На неговата површина се откриени езера и мориња од течен метан и етан за кои во тек е процедурата за нивно именување. Планетарумот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top