Post Views: 1
На 21.02.2022 година во 00:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките моторни возила со охридски регистарски ознаки: „Ауди” управувано од М.Л. (24) од селото Белчишта, општина Дебрца и „Фолксваген Поло”, управувано од Х.К. (30) од Охрид.
На местото на несреќата починал возачот Х.К., а екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт додека, М.Л.-возач на возилото „Ауди” се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо”. Врз телото на починатиот...
Post Views: 23
Сообраќајна несреќа се случи утрово на кружниот тек помеѓу булеварот „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“ во Охрид. Во несреќата учествувале две возила.
Според првичните информации во незгодата полесно се повредени две лица, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во изјава за ОХРИД 24.
Димоски додаде дека во моментот увид вршат полициски екипи, по што ќе бидат познати причините кои довеле до незгодата.
Извор/Охрид24
Фото/ОхридПрес
Post Views: 1
На 04.09.2021 околу 15,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на новоселски гробишта во с.Ново Село се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.М.(41) од Охрид, патничко моторно возило “бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(23) од с.Радиовце-тетовско, и товарно моторно возило “фургон сангјонг“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Љ.(32) од с.Д.Бањица-гостиварско. На местото на незгодата починал сопатникот од товарното возило...
Post Views: 12
На 17.12.2021 година во 13:50 часот на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кај населбата Рача, патнички автомобил „Сузуки” со охридски регистарски ознаки, управуван од Е.Р.(18) од Охрид, удрил во метален столб.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Т.Н. (18), а со телесни повреди се здобиле возачот и вториот сопатник О.С. (18), двајцата од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид извршија полициски екипи – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Post Views: 7
Едно лице загина, а најмалку 49 се повредени во тешката сообраќајна несреќа во Турција, кога патнички автобус се судрил со училишен автобус.
Несреќата се случила на автопатот Мугла Денизли околу 7.30 часот по локално време, јавуваат турските медиуми.
Патничкиот автобус, како што пренесуваат тамошните медиуки, удрил во училишен автобус и се превртел.
Возачот на автобусот со туристи починал на лице место. Според првичните информации непосредно пред несреќата претрпел срцев удар. Меѓу повредените има 42 туристи од Украина, седум ученици, како и возачот на училишниот автобус....
Post Views: 2
Македонски државјанин загинал во сообраќајна несреќа на локалниот пат Муданиа-Палиоури на првиот крак на Халкидики, јави МИА. Од засега непознати причини се превртел автомобилот со македонски регистарски таблици.
Од грчката полиција соопштија дека околу 6.20 часот во неделата на локалниот пат меѓу Муданиа и Палиоури на Халкидики се превртел автомобилот со кој управувал 22-годишен странски државјанин и загинал возачот, а неговиот 21-годишен сопатник, исто така странски државјанин е повреден.
Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за државјани...
Post Views: 1
На 28.01.2022 година во 06.20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај влезот за аеродромот во Охрид, патничко возило „Голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К. (64) од Скопје излетал надвор од коловозот.
Во несреќата, притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид. Увид извршија полициски екипи од СВР Охрид – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 10
Пет лица се повредени од кои четири потешко во сообраќајна несреќа која вчера околу 17.35 часот се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај селото Опеница.
Во несреќата учествувале три возила: автомобил „тојота“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.П.(61) од Битола, автомобил „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.К.(54) од с.Делогожда, струшко, и товарно возило „ман“ со полуприколка, со албански национални ознаки, управувано од К.М.(57) од Р.Албанија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Т.П. и Н.К.,...
Post Views: 3
Рано утрово во Смедерево се случи ужасна сообраќајна несреќа, во која загинаа три лица.
Имено, дошло до судир на автобус со белградски регистарски ознаки и патнички автомобил. Возачот, совозачот и патникот од автомобилот ги загубија животите.
Неколку патници во автобусот се повредени, а медицински екипи им пружаат помош.
Според првичните информации кои ги пренесува Пинк, судирот се случил кога автобусот преминал на спротивната лента и се судрил со автомобилот.
Како што може да се види на фотографијата од местото на настанот, автомобилот е целосно смачкан, додека големи...
Post Views: 7
Четири лица загинаа, а четири се тешко повредени во судир на патничко комбе и камион кој утринава околу 6:20 часот се случил во Србија.
До несреќата дошло кога најверојатно возачот на комбето, кое превезувало сезонски работници кои береле јагоди, излегувајќи од спореден пат не застанало на „стоп“ знакот. На него налетал камион кој се движел по магистралниот пат.Тројца работници од комбето и возачот загинале на лице место, додека четворица со тешки повреди се пренесени во болница.
Меѓу настраданите има брачен пар, родители на четири деца. Сопругот починал на лице место,...
Post Views: 3
На 19.01.2022 година во 19.40 часот во угостителски објект на кеј „Македонија” во Охрид, А.Ф.(41) физички го нападнал Г.Б.(58), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18/19.01.2022 година од 21 до 02 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, при сообраќајни контроли на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, констатирале 3 прекршоци. Возачите се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
На 19.01.2022 година...
Post Views: 10
Најмалку осум луѓе, меѓу кои и едно дете, загинаа а 44 се повредени во тешката сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Далматина во Хрватска.
Сите повредени се пренесени во блиските болници освен тројца во критична состојба од кои две деца кои со хеликоптер се префрлени во Загреб. Според очевидците, автобусот со чешки регистрески таблички рано утрината удрил во уред за сигнализација, се превртел, ја пробил заштитната ограда на автопатот и преминал на лентите од спротивен правец. Во него се наоѓале туристи од Брно кои патувале кон хрватското приморје. Се претпоставува...