Ознака: светот

banani

Охридски мали зелени банани

Post Views: 44 Три метарско стебло на банана во цветниот двор на охриѓанецот Нијази Махмуд. Покрај украсните цветни билки, лозницата, кивите и  палмата тој одгледува и банана. Годинава, егзотичното дрво родило и мали зелени плодови. Пред шест години Махмуд дрвото го донесол во саксија од соседна Грција и го засадил во својот двор. Објаснува дека за одгледување на дрвото банана претходно немал познавања. Во зима го покривал со сламa а стеблото през  годината го прихранувал со природно ѓубриво. За одгледување на стеблото банана учел од свое искуство, но и споделувал знаења со охриѓани...

Continue reading

Ohridsko leto-otvoranje

Спектакуларно отворање на „Охридско лето“

Post Views: 2 „Музиката започнува онаму каде што говорот завршува“. Со овие зборови на Де Ла Мартин, покровителот на реномираната светска манифестација „Охридско лето“, претседателот на Р.Македонија, Ѓорге Иванов, го прогласи фестивалот за отворен. Иванов рече дека вистинска чест е да се биде покровител на фестивал кој во континуитет ја промовира врвната европска и светска култура во срцето на древниот Охрид. Додаде, дека од синоќа, сите патишта на сценската, вокалната и музичката уметност водат кон Охрид. Иванов истакна дека годинава неговото задоволство е поголемо, бидејќи отварањето...

Continue reading

Sv Naum

Охрид-рај место за развој на еко-туризмот

Post Views: 1 Охридско езеро, чисти, незагадени води, биолошка разновидност. Параметри и услови кои без никаков проблем можат да не одведат до развиен еко-туризам. Поим кој често се експлоатира во секојдневниот говор, но што тој конкретно значи? Еко-туризмот е дел од одржливиот туризам кој нуди еко-дестинации односно туризам во предели кои се одликуваат со посебни карактеристики и е познат по својата едукативна цел. Тој подразбира искачување по планина, параглајдерство, набљудување на птици, фотографирање на интересни предели, но зошто да се избере еко-туризмот пред другите видови? „Сеуште...

Continue reading

Ohrid

Охрид меѓу топ 10 дестинации според британски Гардијан

Post Views: 348 Охрид се најде меѓу листата на десетте топ туристички дестинации за младите студенти во Велика Британија направена од британскиот весник Гардијан. Охрид е на истата листа со Хавана, Ибица, Хамбург… Истражувањето го направи британскиот ’Гардијан’ во кое беа вклучени сегашни и поранешни студенти кои ги раскажуваа своите искуства и авантури од летните одмори кои ги минувале на повеќе локации низ светот. Според Гардијан, не постои човек кој може да остане индиферентен и неимпресиониран од религиската толеранција и хармонијата која ја доловуваат црквите и џамиите...

Continue reading

univerzitet Sv Apostol Pavle

Универзитетот „Св. Апостол Павле“ доби пофалби и од Груевски

Post Views: 3 Информатичката технологија е една од најразвиените индустриски гранки во светот. Иако по навика кај нас работите се случуваат со задоцнување, сепак може да се рече дека полека но сигурно фаќаме чекор со технолошкиот напредок, пред се од информатичката технологија. Македонија произведува нови и одлично образовани кадри, од кои дел излегуваат и од Охридскиот универзитет за информатички науки и технологии, „Св.Апостол Павле“. Во последната своја посета на градов, премиерот Груевски се запозна поблиску со функционирањето на овој факултет, и искажа само пофални зборови за...

Continue reading

muzej na voda

Мина времето на магаре туризам , доаѓа ерата на културниот туризам

Post Views: 5 Македонија, за жал ни по 20 години самостојност нема изградено старатегија  за развој на туризмот.. Сопственикот на хотелот Славија Спектар , Зоре Темелкоски, со своите визии за развој на туризмот вели последен момент е кога треба конечно да се изработи  стратегија на национално ниво. Темелкоски препорачува во нејзината изработка да се  вклучат Факлутетот за туризам, Факултетот за економија и стопанствениците, а не поединци кои ќе се промовираат себе си  дека се експерти. Таа треба да биде промовирана како генерална стртегија во светот,  од неа да нема отстапувања туку...

Continue reading

Den na planeta Zemja

Да ја зачуваме планетата Земја

Post Views: 1 Американскиот сенатор Гејлорд Нелсон, далечната 1970 година организираше протест кој беше насочен кон подигнување на свеста за загадувањето на воздухот и водата. На 22 Април, повеќе од 20 милиони Американци излегоа на неговиот протест, и на она што денес сите го знаеме како Ден на планетата Земја. Обединетите нации овој ден го слават под името Светски ден за заштита на животната средина. Слоганот на овогодинешниот Ден на планетата Земја е „Милијарда зелени дела“ кој ја потенцира потребата од активно вклучување на секој поединец во глобалната акција за спасување на нашата...

Continue reading

akcija

Бизнис на иднината

Post Views: 1 Монитори од компјутери, тастатури, мобилни телефони и полначи, екрани од Тв приемници секојдневно завршуваат на градските депонии. Сите овие апарти кои го отслужиле своето кај нас сеуште не се селектираат и не се рециклираат. Отпадот содржи пластика, бакар метал и фрлен на  депонија никогаш  нема да се распадне па стануваат опасни загадувачи на животната средина, вели Јасмина Момироска, виш соработник во секторт за урбанизам и заштита на животна средина. Во светот, пак  одамна пронашле начин како да се справат со овој вид опасен отпад. На практичен начин ги споиле ...

Continue reading

skulptura jagula

Конечно се најде место за скулптурата Jагула

Post Views: 25 Најдолгата скулптура јагулата, во нашата земја и во светот, конечно ќе биде изложена на соодветен простор. Јагулата ќе биде лоцирана на почетокот од  шетачката патека кај Горица, на просторот околу плажата Куба Либре. Скулптурата  ќе биде изложена како  туристичка атракција најдоцна до почетокот од мај. Уметникот кој ја изработи јагулата Сергеј Цингулоски задоволно вели дека конечно најдоа заеднички јазик со Локалната самоуправа. Деновиве  од секторот за урбанизам ќе започнат со постапката за издавање дозвола за партерно уредување на просторот. Сопствениците на Куба...

Continue reading

Kaneo na Bing

Да се погордееме

Post Views: 1 Цркавата Канео и Охридското езеро за прв пат се најдоа на насловната страница на познатиот интернет пребарувач Bing. Сите интернет корисници во светот кои ќе го посетат Bing ќе ја видат прекрасната фотографија од охридската црква Св. Јован Канео, а во нејзината позадина се гледа едно од најубавите езера во светот. И не само тоа. Кликнете на линкот погоре а потоа  на насловната на Bing прошетајте со курсорот. Сликата вреди илјада зборови но за секој случај модераторите на пребарувачот решиле да стават и текстуални објаснувања. На самата фотографија има тагови кои линкираат...

Continue reading

oko

Недела на борба против „тивкиот крадец“ на видот, глаукомот

Post Views: 1 Недела за борба против болеста, која после Дијабетисот е втора водечка причина за слепило во светот. Др.Соња Филева, олфталмологот при ЈЗУ Општа болница од Охрид, вели дека станува збор за болест на очниот нерв, при што поради покачен интраокуларен очен притисок, доаѓа до негово оштетување. Болест која предизвикува трајни и медицински и социјални последици кај пациентите. Филева додаде дека оштетувањата на видниот нерв, предизвикани од оваа болест се трајни и иревирзибилни. Колку болеста порано се открие, дотолку  со соодветен третман може да се спречи прогресот кај...

Continue reading

Biblioteka

Литературата за деца непрофитабилна за авторите

Post Views: 0 Во земјава скоро и да нема автори кои творат литература за деца и млади. Оваа литература е непрофитабилна за авторите. Засега на ова поле остана осамен единствено писателот за деца Горјан Петрески. Овој сериозен проблем се провлекува со години наназад, од осамостојувањето на земјава, велат писателите. Станува збор за негрижа на општествениот систем кон најмладите, а  недозволиво е тие да бидат препуштени сами на себе потенцира директорот на НУ Библиотеката „Григор Прличев“, Тоде Илиески. „Авторите не се мотивирани да творат за деца затоа што оваа литература од школскиот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top