Ознака: ред

Охриѓанец го нарушил јавниот ред и мир во локал на ул. „15 корпус“

Post Views: 3 На 02.03.2022 година во 07.30 часот во СВР Охрид приведен е Ј.Ѓ.(36) од Охрид, кој, претходно, во угостителски објект лоциран на улицата „15 корпус” во Охрид го нарушил јавниот ред и мир и бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

natprevar angliski

Деветти по ред натпревар по англиски јазик во колеџот „Јахја Ќемал“

Post Views: 2 Деветти по ред натпревар по англиски јазик во приватното средно училиште „Јахја Ќемал“ од Струга. На него учество годинава зедоа околу 210 ученици од основните училишта од Охрид, Дебрца, Струга, Ресен, Дебар, Демир Хисар, Кичево, Центар Жупа, Вевчани, Пласница и Другово. „Целта на организирање на овие натпревари е да се влијае на развојот на образованието и науката во нашето општество. Исто така на учениците ко освојуваат добри места, на првите десет им поделуваме стипендии. Првото место на пример освојува 90 проценти попуст од школарината за запишување во „Јахја Ќемал“...

Continue reading

Sebastijan Fetel

Фетел прв во Бахреин

Post Views: 12 Формула 1 шампионот Себастијан Фетел се врати на врвот во генерален пласман остварувајќи ја првата победа за Ред Бул во оваа сезона на интересната трка во Бахреин. Со 22. победа на 24-годишниот Германец, и прва во кралството во Персискиот Залив, формула 1 сега има четири победници во првите четири не-европски трки. Тој добро се испоти во последните кругови во борбата со светскиот шампион од 2007, Кими Раиконен, кој заврши втор пред својот колега Роман Грожан, во фантастичен резултат за тимот на Лотус, додека четврти беше Марк Вебер во вториот Ред Бул, и сега има четири...

Continue reading

prva sednica sovet

Конститутивна седница на струшкиот Совет

Post Views: 0 Струшките советници ја одржаа првата конститутивна седница. На самиот почеток екс претседателот на Советот, Џеваир Беќири ја предаде својата должност на најстариот советник од новиот состав Мустафа Забзун, да ја води седница со три точки на дневен ред. Беше избрана верификационата комисија во состав Абдула Ќазимоски претседател, Ристо Ќушкоски и Фитни Далипи членови на верификационата Комисијата.  Забзун советникот на ДПА рече дека се наоѓаат пред еден нов почеток, од каде треба да ја оправдаат довербата која граѓаните им ја дадоа на Локалните избори 2013. „Денеска...

Continue reading

glasanje

„Дупли“ избори во недела

Post Views: 1 Граѓаните во недела ќе одлучуваат на кого ќе му дадат мандат да раководи со државата во следните неколку години на петтите по ред претседателски и третите предвремени парламентарни избори. Коалициите и политичките партии во петок точно до полноќ треба да ги одржат своите завршни митинзи по што во сабота започнува изборниот молк во пресрет на најавените двојни избори кои треба да се одржат на 27 – ми април, а со тоа да заврши и кампањата за избор на претседател и нов пратенички состав. Народните избраници добиваат мандат во Собранието на Република Македонија според...

Continue reading

Велгоштанец го нарушил јавниот ред и мир во спортска обложувалница

Post Views: 8 На 11.09.2021 година околу 19  часот, во СВР Охрид приведен е Н.М.(34) од охридското село Велгошти кој претходно, во спортска обложувалница лоцирана на улицата „Кленоец” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, а потоа и кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 11.09.2021 година во 20,20 часот, во СВР Охрид пријавен е пожар на возило кое се движело по улицата „7 ноември” во Охрид, во кој, нема повредени лица. Од извршениот увид, констатирано е дека, пожарот настанал во патнички...

Continue reading

sednica

Струга ќе назначи комунални редари

Post Views: 0 Во Струга под итно треба да се постави ред во комуналните дејности. За таа цел советот на општина Струга  даде зелено светло на одлуката за воспоставување на комуналниот ред, за што пак општината има потреба од назначување на комунални редари. Секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски, рече дека мерките за спроведување на комуналниот ред се важен сегмент за спроведувањето на законот. „Ако до вчера се жалевме дека немаме соодветни законски решенија по однос на комуналните инспекции и дека имаме одредени активности кои што не можеме да бидеме истовремено ставени во...

Continue reading

Локалната самоуправа ќе воведува ред во поставувањето урбана опрема

Post Views: 8 Локалната самоуправа ќе воведува ред во поставувањето урбана опрема. Повеќе нема да се толерира нелегално поставување столици и маси и друга опрема на јавни површини . Сите субјекти кои веќе поставиле ваква опрема, а за тоа не добиле одобрение ќе бидат соодветно санкционирани. Програмата за поставување урбана опрема е донесена во месец февруари годинава, но според информациите, досега постапката ја започнал само еден угостител. Физичките и правните лица можат и понатаму да поднесуваат барање за поставување урбана опрема , но додека не добијат одобрение не смеат да ја...

Continue reading

koncert Struga

Предновогодишна музичка магија во струшката чаршија

Post Views: 4 Онаму каде што допира музиката, не успева да допре ништо друго. Музика, ноти, хармонии кои ја загреваат душата и празничната атмосфера ја прават да биде токму празнична. Втора година со ред, за празничниот дух, се погрижија талентираните средношколци од државното средно музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ од Струга. „Лани овој концерт помина добро, народот дојде и не слушна, виде дека постоиме, па се одлучивме и оваа година да го направиме истиот концерт во близина на новогодишните празници и се надевам дека ова ќе ни прерасне во традиција, да создадеме еден концерт...

Continue reading

plocajci

7 000 полицајци за мирни избори

Post Views: 12 Околу 7000 полициски службеници ќе го одржуваат јавниот ред и мир на денот на изборите на 13 април информираат од Mинистерството за внатрешни работи. Министерската Гордана Јанкуловска вели дека оперативниот штаб е подготвен да одговори на парламентарните избори, а во досега спроведената кампања за претседателските избори учествувале 800 полицајци кои обезбедиле 67 митинзи и 33 средби со граѓани. {loadposition content9}

Continue reading

Ќе се става ред во каналот Студенчишта

Post Views: 7 Ќе се уредува каналот Студенчишта, а се поизвесна станува и изградбата на марина. Градоначалникот Јован Стојаноски вели дека овој капитален проект мора да се реализира, но најпрво треба да се заштити Студенчишкото блато бидејќи неговото значење за Охридското езеро е огромно. Веќе е договорено да се направи ревизија на Студијата за Студенчишкото блато, разговорите со Министерството за транспорт и врски и со Министерството за одбрана се во завршна фаза и ако студијата за блатото покаже дека може да се гради марина на тој потег тоа и ќе се направи, вели Стојаноски. Идеен...

Continue reading

gruevski i ahmeti

Вечерва ќе се знае дали ќе има предвремени парламентарни избори

Post Views: 1 Вечерва извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи вонредна седница на која единствена точка на дневен ред ќе биде одлуката на ДУИ во понеделник да побара распуштање на парламентот. Ако и ВМРО-ДПМНЕ се согласи со оваа одлука на нивниот коалициски партнер, тогаш владеачката коалиција лесно ќе го обезбеди потребното мнозинство за самораспуштање на парламентот. Тоа ќе значи дека веќе наредната недела претседателот на Собранието Трајко Вељаноски би можел да ги распише предвремените парламентарни избори. Ова би биле осми по ред парламентарни избори. Ваквото сценарио е актуелно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top