Ознака: програмата

Ohridsko leto

Како да се стокми „Охридско лето“ во пет до 12?!

Post Views: 1 Благоја Петкоски, маркетинг менаџер во Македонската опера и балет, со амин на министерката за култура  ќе помага во организацијата и реализацијата на програмата на 51-то издание на фестивалот „Охридско лето“. После два неуспешни конкурси за избор на директор на фестивалот, во пет до дванаесет министерката заклучи дека на охриѓани им е потребна помош за да истуркаат уште едно издание на оваа реномирана културна манифестација. 50 години наназад „Охридско лето“ се движеше по нагорна патека во чекор со елитата на најголемите и најзначајни фестивали во светот. Половина век...

Continue reading

NU Ohridsko leto

Пребирливост или несоодветни кандидати за директор на Охридско лето

Post Views: 5 Министерството за култура ни по седум месеци никако да избере  директор на Фестивалот „Охридско лето“. Нема резултат ни од вториот конкурс иако во најстрога тајност се чувани имињата на кандидати за  потенцијален директор. Не се остварија и предвидувањата дека најдоцна до Велигден ќе биде познато името на првиот човек на оваа институција. Во јавноста наголемо се шпекулира дека министерката Елизабета Канческа Милеска не е задоволна од пријавените охридски кандидати и бара директор од Скопје. Ставот, пак  на членови од Управниот одбор на дирекцијата „Охридско лето“ е...

Continue reading

eko

Домаќински школи-поздрава животна средина

Post Views: 2 Вакви цели се промовираат со програмата за Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем. Еко-менаџмент и еко-стандарди за училиштата во Македонија. Ќе се обучуваат како да заштедат финансиски средства, а притоа и да ја чуваат животната средина. Обуките се дел од програмата за Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем. Имплементатор на оваа програма е Здружението на граѓани ОХО. Ова здружение програмата ја реализира веќе 11 години. Таа е дел од проектот „Немаме резервна планета“ Минатата година со оваа програма биле...

Continue reading

proekt Plaoshnik

Треба ли Охрид да учествува во проектот на Плаошник?

Post Views: 2 Треба ли Општина Охрид да биде ко-инвеститор во проектот за  изградба на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник? Оваа точка на денешната седница на Советот на општината, предложена од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по две долги координации стана дел од дневниот ред. Имено, станува збор за предлог за учеството на општината во проектот за изградба на административните објекти на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник. Координаторот на оваа советничка група, Дејан Паноски со свое видување:-„Општина Охрид треба да земе учество во целокупниот проект...

Continue reading

kej

И повторно….за урбаната опрема

Post Views: 7 Повторно големи ветувања за решавање на проблемот со поставување на урбаната опрема во градов за претстојната летна туристичка сезона. Минатата година, иако беше донесен Правилник за поставување на урбана опрема, изгласан од охридските советници, а поделбата на локации се одвиваше за прв пат преку лицитација, сепак, по охридската чаршија, кејот и шеталиштето се тргуваше на големо, се тргуваше нелегално. На последната одржана седница на Советот, одржана на крајот на месец февруари годинава, беше донесена годишната програма за поставување урбана опрема, а овој пат и првиот...

Continue reading

sednica na Sovet

Извештаите за работата на локалната пред советниците

Post Views: 3 Работен ден за охридските советници. На денешната 30 та седница, беа усвоени извештаите за работата на секторите и одделенијата во локалната самоуправа за минатата година. Но не се помина така глатко. По давање зелено зветло за Предлог Одлука за измени на одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 година, кај советниците спротоставени мислења околу Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работа на Советот на општина Охрид за 2010 година. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски забележа дека во извештајот се само ископирани...

Continue reading

sednica na Sovet

Фалат иницијативи за нови програми

Post Views: 2 Променет концептот на 28та седница. Наместо да се почне со предлог Буџет на единицата на локaлна самоуправа Охрид за 2011 год, како прва точка на дневен ред и предлог Одлука за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 год, како втора точка, први се најдоа програмите на Секторите во општината за тоа каде ќе се трошат буџетските средства. Така одлучија советниците. Тие исто така се согласија расправата да тече во два дела, општа и амандманска. Но наместо посакуваниот сублимиран тек на разговор, дискусијата уште на почетокот замина во недоглед. Дејан Паноски од ВМРО...

Continue reading

priredba

Малечки протагонисти, но големо финале

Post Views: 1 Синоќа учениците од О.У. „Св.Климент Охридски“ со свечената приредба, која мина во знакот на екологијата, ги заокружија активностите по повод одбележувањето на патрониот празник на училиштето. Некои со големи, некои со помали улоги во училишниот настан, но сите среќни поради придонесот во чествувањето на светецот чие име го носи нивното училиште. Директорката на училиштето, Славица Илич кажа дека намерата е секоја наредна година да биде што поинтересна и секоја година со различен белег. Оваа година, истакна Илиќ активностите траат во текот на цела оваа недела, од кои...

Continue reading

NP Galicica

НП „Галичица“ небезбедна во зимски услови

Post Views: 4 Секоја обврска носи одговорност. Како што е познато од 15 ноември до 15 март, согласно програмата на Агенцијата за патишта и годинава патниот правец према „Галичица“ е затворен за сообраќај. Советниците на општина Охрид велат дека секоја година се соочуваат со истиот проблем, кој треба да се надмине. Претставникот на Комисијата за јавни и комунални дејности Јоне Станкоски, рече дека имаат програма за зимско одржување на локалните патиштата и доколку им се дозволи можат да се грижат и за патниот правец према НП „Галичица“. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески...

Continue reading

opshtina

Вина кај сите, само не кај Охрид!

Post Views: 0 Сивите зони до израз. Предлог одлуката за усвојување на Извештајот за остварување на буџетот за периодот од 01.07 до 30.09 годинава, темпирана бомба. Јованка Дамоска, советничка на ВМРО – ДПМНЕ, рече дека слабостите за кои редовно укажуваат, со кварталниот извештај доаѓаат до израз. Според неа сивите зони посебно се очигледни во контото за субвенции и трансфер. Дамоска потенцира дека најголемата слабост е процесот на реализација на буџетот, како и нереалните соништа на градоначалникот Петрески. „Кварталниот извештај е образец кој во целост е преземен онака како што...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top