Ознака: првенство

logo

Германките во полуфиналето

Post Views: 3 Како одминува првенството германките играат се подобро. Со денешната победа над Шведска тие го направија првиот чекор кон полуфиналето. Стартот на првото полувреме беше фуриозно за „панцирките“. Поведоа со 9-0 со извонредната серија во која Јурак и Валцик беа незадржливи за голманката на Шведска, Каин. Првиот гол ракометарките на Шведска го постигнаа во 15-та минута како најава за добра игра во вториот дел од полувремето. Тој период на средбата трите круни го решија во своја корист со 11-4 и на одмор заминаа само со негатива од 4 голови 11-15. И наместо да продолжат...

Continue reading

rakometarki

Ракометарките за освоен медал, доживотна пензија

Post Views: 12 Македонските ракометарки ќе добијат спортско признание, доживотна пензија доколку освојат медал (златен,сребрен или бронзен) на Европското првенство. Ракометарките по вчерашната победа над Србија успеаја да се пласираат во вториот круг на ЕП и ќе добијат по 10.000 илјади евра за секоја наредна победа во овој круг. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски најави дека македонските ракометарки за освоено петто или шесто место ќе се стекнат со стипендија од меѓународна категорија во вредност од 1,3 просечни плати во наредните две години Додека за освоено...

Continue reading

logo

Заврши второто коло на европското женско ракометно првенство

Post Views: 0 Со одигрувањето на натпреварите од А и Б групата заврши второто коло на европското ракометно првенство за жени кое се одржува во нашата земја. Бранителот на титулата Норвешка, силната Романија, солидната Данска и изненадувањето Шпанија се новите сигурни учесници во втората рунда на 8 европски ракометен шампионат во нашата земја.ЕП Ракомет Групи А и Б – 2 коло Група А (Скопје) 18:15 Романија – Франција 30 : 25 20:15 Данска – Унгарија 26 : 26 Група Б (Охрид) 17:15 Шпанија – Португалија 29 : 24 19:50 Украина – Норвешка 20 : 33   {loadposition...

Continue reading

IHF

ЕХФ нема забелешки на организацијата на ракометното првенство

Post Views: 0 Европската ракометна федерација (ЕХФ) нема никакви посериозни забелешки околу организацијата на Европското првенство (ЕП) што се одржува во Македонија. Ова денеска за Макфакс го изјави координаторот на организациониот одбор на ЕП во ракомет во жени Христо Бошковски, во врска со сериозните забелешки што ги изнесе раководството на српската ракометна федерација, зборувајќи и во име на ЕХФ. „Српската федерација нема никакво право да изнесува забелешки во име на ЕХФ и таквиот однос од нивна страна е некоректен. Ние сме во постојан контакт со генералниот секретар на ЕХФ Михаел...

Continue reading

Spanija, Norveska

Комплетирано првото коло на Европското ракометно првенство

Post Views: 2 Со одигрување на натпреварите од првото коло во групите А и Б, по вчерашниот ден комплетирано е првото коло на ЕП во ракомет за жени кое се одржува во Скопје и Охрид. Во Скопје, во рамките од А-групата, Данска минимално ја победи Франција со 24 : 23, а Романија беше убедлива против Унгарија и победи со 27 : 21.На табелата водат Романија и Унгарија со по два бода, а Франција и Унгарија немаат освоено бодови. Во Охридската група Б, Украина беше супериорна против Португалија и победи со 38 : 34, додека Шпанија освои еден бод играјќи нерешено 21 : 21 против актуелниот европски...

Continue reading

ERP

Македонија поразена од Германија со 22:25

Post Views: 1 Македонската женска ракометна селекција синоќа во премиерниот натпревар на 8-то Европско првенство, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, загуби од Германија со 22:25. Во поголемиот дел од натпреварот Македонија држеше резултатски приклучок со германската селекција. Полувремето заврши со водство на Германките од 11:10. Македонските ракометарки на почетокот на вториот дел изедначија 11:11, а потоа и поведоа со 13:12, но по серијата од 5:1 германската репрезентација направи предност што остана недостижна за селекцијата на Македонија. Најпрецизни во македонскиот тим беа...

Continue reading

Biljanini izvori

Се е подготвено за најголемиот спортски настан

Post Views: 0 Се е подготвено за најголемиот спортски настан од осамостојувањето на Република Македонија, Охрид  и  Скопје од денеска до 14 декември ќе бидат домаќини на 8-то Европско првенство во ракомет за жени – сениорки. Подготовоките на кои интензивно се работеше последниов период се готови и тоа навистина добро.Околу спортската сала „Билјанини извори“се обележија паркинг местата, уредени се  зелените површини, поставени се  граничници пред главниот влез, а надворешноста на салата„Биљанини извори“ во Охрид, доби нов лик, се тоа по европските стандарди. Охридскиот градоначелник...

Continue reading

logo

Македонија домаќин на Европското ракометно првенство за жени

Post Views: 9 Македонија од денеска до 14 декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени – сениорки. Во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и во „Билјанини извори“  во Охрид, ќе настапат вкупно 16 европски селекции поделени во четири групи. Во групата А ќе се натпреваруваат Франција, Унгарија, Данска и Романија. Групата Б ја сочинуваат екипите на Норвешка, Португалија, Шпанија и Украина. Во третата-Ц група се селекциите на Русија, Шведска, Австрија и Белорусија. Македонската репрезентација е во групата Д со Германија, Хрватска и Србија.Избраничките...

Continue reading

ERP logo

Скопје и Охрид подготвени за старт на Европското ракометно првенство

Post Views: 0 Република Македонија од 2 до 14 декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени – сениорки. Во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и во „Бијалнини извори“ во Охрид, ќе настапат вкупно 16 европски селекции поделени во четири групи.Во групата А ќе се натпреваруваат Франција, Унгарија, Данска и Романија. Групата Б ја сочинуваат екипите на Норвешка, Португалија, Шпанија и Украина. Во третата-Ц група се селекциите на Русија, Шведска, Австрија и Белорусија. Македонската репрезентација е во групата Д со Германија, Хрватска и Србија. Избраничките...

Continue reading

sportska sala

Тарафлексот пристигна вчера

Post Views: 11 Во Спортската сала Билјанини извори почна поставувањето на Тарафлексот кој пристигна вчера. Во салата денеска дојдоа германските експерти кои во целост ја средуваат внатрешноста на салата. Околу спортската сала „Билјанини извори“ интезивно се обележуваат паркинг местата, се уредуваат зелените површини, се поставуваат граничници пред главниот влез и се шминка  надворешноста од салата. Кога ќе се влезе внатре се осеќа мирисот на свежи бои, како и на новиот Тарафлекс на кој работат германски експерти ангажирани за поставување на истиот.На влезот од салата се поставени...

Continue reading

ERP logo

Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет

Post Views: 10 Завршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид. Со вакви добро организирани настани градот Охрид се става на Светската карта како туристичко место кое мора да се посети – сметаат од локалната самоуправа. Добивањето на организацијата за ЕП е голема чест бидејќи критериумите на ЕХФ за организирање на вакви настани се многу големи. Исто така тој ги поздравува напорите кои локалната самоуправа ги вложила за да ги исполни барањата на Европската Ракометна...

Continue reading

sportska sala

Европското Првенство во ракомет за жени

Post Views: 11 Денеска во просториите на спортската сала Биљанини Извори се одржа прес конференција во врска со Европското Првенство во ракомет за жени кое во декември се игра во Охрид и Скопје. На прес конференцијата збор зедоа градоначалникот на Охрид г.Александар Петрески, директорот на ЈПБИ Иван Цветкоски и поранешниот ракометен репрезентативец на Македонија Горан Андоноски.Тие зборуваа за настаните што ќе се случуваат овој месец како увертира за Европското Првенство но и подобро запознавање на граѓаните со истото. ЈПБИ заедо со локалната самоуправа за време на ЕП ќе доделува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top