Ознака: пратеници

Klime Sesosk

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не е политичка опција која му е потребна на народот

Post Views: 1 Позади кандидатите за пратеници на СДСМ, останаа низа неодговорени прашања, низа нерешени проблематики кои пред се им значат на граѓаните на Охрид а со тоа и на пошироката јавност. „Без одговор останаа прашањата за милионските долгови направени од страна на СДСМ, како и  и прашањето кон нив за тоа што се можело да се направи за инфраструктурата во градот со парите потрошени од нивните директори за репрезентации, службени патувања, мобилни телефони и сл.“ истакна на денешната прес конференција Климе Шешоски, член на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.   Одбегнувањето од одговорите на...

Continue reading

5ie

Охридскиот регион ќе биде големо градилиште

Post Views: 5 Носителот на кандидатската листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ во петтата изборна единица Антонио Милошоски денес во посета на Охрид. Тој на пресс конференцијата покрај тоа што зборуваше за 2046те нови проекти кои ќе овозможат 64 илјади нови вработувања во Македонија најави дека охридскиот регион ќе биде едно големо градилиште во текот на наредните четири години. –Охрид и Охридско во наредните 4 години ќе биде едно големо градилиште како што не било во последните 50 години. Тоа градилиште ќе почне со автопатот – Кичево-Дебрца-Охрид,...

Continue reading

dpmne kandidati

Кандидатите за пратеници од ДПМНЕ се заложија дека ќе работат за доброто на охриѓани

Post Views: 5 Охридските кандидати за пратеници од редовите на ВМРО ДПМНЕ на својата прва официјална прес конференција се заложија да работат за доброто на охриѓани, да придонесуваат во донесувањето на позитивните законски решенија кои ќе се однесуваат на Охрид и да придонесат во реализацијата на новите проекти најавени од Владата. Уверуваа дека нема да ја изгубат довербата од граѓаните. „Како кандидат за претставници во парламентарниот двор, како охриѓани, ќе ве претставуваме чесно и одговорно. Тоа го зборувам затоа што во изминатиот период од доаѓањето на власт и водење на оваа...

Continue reading

logo

Партиите го чекаат крајниот рок за поднесување на кандидатските листи за пратеници

Post Views: 5 Иако денес официјално започнува кампањата за претседателски избори, вниманието на јавноста насочено и кон предвремените парламентарни избори. Некои од политичките играчи сеуште го чекаат крајниот рок за доставување на кандидатски листи за пратеници, додека други веќе излегоа со подетални листи кои до крајниот рок, неминовно ќе претрпат одредени измени. Започнуваме со информациите за кандидатските листи за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, најголемата владејачка партија, кои сеуште се на граница со шпекулација. Официјалниот став на партијата е дека   целосните листи на кандидати...

Continue reading

Veljanoski

„Ова е пирова победа за ВМРО ДПМНЕ“ велат од СДСМ

Post Views: 2 Пратеникот Митре Велјаноски ја честита победата на ВМРО ДПМНЕ на државно ниво и истакна дека СДСМ се математички победници на овие предвремени парламентарни избори освојувајќи 43 пратеници наспроти осумнаесетте кои ги имаа досега. Претседателот на изборниот штаб на СДСМ, Александар Петрески им порача на своите политички опоненти да соберат храброст и да му ја честитаат победата во Охрид. „Власта ги искористи сите можни средства за да победи на овие избори, па некои луѓе поради сиромаштијата биле принудени да го земат она што им било ветено…“ вака рече пратеникот...

Continue reading

izbori

Неофицијално: СДСМ, победник во Охрид, ДПМНЕ во 5-та ИЕ

Post Views: 1 На единаесеттие предвремени парламентарни избори, во Охрид, победата неофицијално ја понесе СДСМ, со околу 500 гласови повеке од ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалникот Петрески, кој воедно беше и претседател на изборниот штаб на СДСМ, изјави дека ова е уште една победа на СДСМ, но и на Охрид и своевидна казна за ВМРО-ДПМНЕ во овој град. Во 5-та ИЕ, неофицијално ВМРО-ДПМНЕ, ќе има 9-10 пратеници, што значи дека Александар Николовски и Хари Шокаровски ќе седнат во пратеничките фотељи, а за Анита Кипаризовска Крстевска, е сеуште незивесно. На ниво на држава, неофицијално ВМРО-ДПМНЕ...

Continue reading

dostoinstvo

„Достоинство“ се поклона пред споменикот на Св. Кирил и Методиј

Post Views: 8 Дел од членството на Достоинство се поклона пред споменикот на Светите Кирил и Методи. „Нас како партија главна задача ни е одбраната на македонските национални достоинства, бидејќи македонскиот народ е загрозен од сите страни, поточно тоа е името, идентитетот, историјата и територијата“, истакна претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов. Ангелов реагираше и на досегашниот тек на кампањата која ја водат двете нејголеми политички партии кои како што кажа за патувачкиот циркус кој го прават, фрлаат огромни средства. Претседаелот на Достоинство проговори и за притисоците...

Continue reading

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата порачаа сигурна победа на 5 јуни

Post Views: 1 Со Манифестот за реформи и развој, пред потенцијалните гласачи, претседателто на Вмро Дпмне, Никола Груевски со Коалицијата за подобра Македонија, ја бараа довербата  на граѓаните. Лидерот Груески истакна, 20 години по ред Вмро Дпмне својата изборна камапања ја започнува од Охрид. Од говорницата ги праша граѓаните: Дали сте за нови 1200 проекти во наредните 4 години? Дали сте за реформи и развој на Македонија? Дали сте за да имаме нови намалувања на даноците? Дали сте за да се намали ДДВ-то за туристичките услуги од 18 на 5 проценти? Дали сте за да се обезбедат уште...

Continue reading

vmro-dpmne

Охридските кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ пред очите на јавноста

Post Views: 1 Денот на победата над фашизмот, ВМРО-ДПМНЕ го одбележа и во Охрид. Им оддадоа почит на сите жртви од Втората Светска војна, напомнувајќи дека идеите и вредностите на Европа треба да живеат и во Македонија. Во исто време тие ја искористија можноста да ги промовираат Охридските кандидати за пратеници во Македонскиот парламент. 9 ти Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа беше причина за Охридските сили на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Александар Николовски, заедно со Охриѓани, да им оддадат почит на сите жртви од Втората Светска војна. Тие велат: „Народно ослободителната...

Continue reading

VMRO-DPMNE

На листата за пратеници, тројца охриѓани кандидати на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 9 Синоќа нешто пред полноќ, ВМРО-ДПМНЕ ја достави кандидатската листа за пратеници до ДИК. На неа се најдоја имињата на тројца кандидати на оваа партија од Охрид. На листата се најдоа пратениците од претходниот мандат и тоа Александар Николовски, на високото четврто место и Анита Кипаризовска-Крстевска на тринаесетото место. За некои изненадување, но за добрите познавачи на вантерепартиските случувања во охридската ВМРО-ДПМНЕ, очекуван потег беше на кандидатската листа, да се најде името на Д-р Хари Шокаровски. На листата за пратеници струшкиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ...

Continue reading

SDSM Ohrid

Општинската СДСМ ја поддржува пратеничката листа

Post Views: 1 Социјалдемократите од Охрид добија само едно кандидатско пратеничко место. Од четирите предлози на кандидати од општинската органзиација на СДСМ меѓу кои се споменуваа имињата на Науме Јованоски, Бранко Трпчески и Тони Чингоски, избран е Митре Вељаноски. Вељаноски е  актуелен раководител на секторот за образование и култура при општина Охрид и член на извршниот одбор на СДСМ, и се најде на 4 –тата позиција на кандидатската листа за пратеници од изборната единица 5. Претседателот на општинската организација на СДСМ, Науме Јованоски за ТВМ даде краток коментар дека ја...

Continue reading

Четворката за Охрид, деветката за Струга

Post Views: 2 На денешниот конгрес на СДСМ во Скопје, утврдени се носителите на листи и кандидатите за пратеници од редовите на оваа партија. Во нашата изборна единица бр.5, носител е Јани Макрадули, а Митре Велјановски, членот на Извршниот одбор на партијата од Охрид, е на високот 4. место. Стружани ќе ги претставува Александра Несторовска, на која и е доделено 9. место на листата.Пред Велјановски се најдоја претседателот на ПЕИ Фијат Цановски, кој е позициониран на местото бр.2, додека на третото место е досегашната пратеничка од Битола Весна Бендевска.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top