ЛДП-Охрид доби нов претседател
Post Views: 21
Дејан Блажески е новиот претседател на општинската организација на Либерално-демократската партија од Охрид. Шестото по ред годишно собрание на партијата донесе промени во раководните структури, и ги постави целите на ЛДП за претстојниот период. Сите 100 делегати гласаа ЗА, за единствената поднесена кандидатура, со која Дејан Блажески стана нов претседател на охридската ЛДП.
„Јас се надевам и ветив пред делегатите и присутните дека чесно и одговорно ќе ја вршам оваа функција и дека ЛДП се наоѓа повторно на стазите на кои што беше порано. А, доказ дека постоиме после...