Ознака: овој

Не стивнуваат тепачките пред и во угостителските објекти

Post Views: 2 Инцидентот кој се случи вчера попладне околу 14 часот и 45 минути пред пицеријата Американо и натаму ја бранува охридската јавност. Со овој инцидент продолжува негативната серија на настани кои се случија овој месец. Од СВР-Охрид известуваат дека до тепачката дошло кога кон А.В. кој бил пред пицеријата „Американо“ се упатиле  Ц.М.(33) М.Т.(25) З.Т.(28) Н.М.(25) од Охрид и уште две засега непознати лица. Со цел да го избегне нападот од нив, А.В. се сокрил внатре во пицеријата и ја заклучил влезната врата. Од страна на Ц.М. и М.Т. бил скршен прозорецот од вратата по што...

Continue reading

Компјутерскиот криминал, опасна форма на меѓународниот криминал

Post Views: 1 Успешната битка против комјутерскиот криминал, кој е најсовремена форма на организиран криминал, не се води само на национално ниво, велат експертите. Регионалната координирана соработка помеѓу сите субјекти вклучени во борбата против овој вид на криминал, претставува императив.Законите, системите на криминална правда и интернационалната соработка не ја одржуваат брзината со која технологијата се менува. Министерот за правда на РМ, Михајло Манески истакна дека само минатата година кај нас биле пријавени 51 кривично дело од овој вид на криминал, тренд кој е идентичен...

Continue reading

Gradski park

Ќе скокаме легално или нелегално?

Post Views: 6 Легален или нелегален статусот на детските реквизити за банџи скокови, кои пред помалку од еден месец никнаа во градскиот парк? Неодамна, првиот човек на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид, Танас Танасоски, кажа дека сопственикот на ова парче урбана опрема, поседува валиден важечки договор, па со тоа нема простор за нивно делување. Станува збор за договоро за закуп на простор, кој во 2007-та година лицето Трајанчо Митрески го има склучено со Општина Охрид, договор кој истекува во 2012 година. Танасоски појасни дека ваквите договори се издаваат со амин...

Continue reading

septicka jama

Во Охрид сеуште има септички јами

Post Views: 47 Од Варош па се до селото Љубаништа, речиси триесет проценти од Охридските домаќинства, проблемот со фекалната канализација го решиле со изградбата на овој вид постројки. Најголема причина за ваквата состојба е неможноста некои од домаќинствата да се приклучат на фекалната канализација. Посебно симптоматична е ситуацијата во стариот дел на градот, каде некои од домаќинствата сакаат да се приклучат на канализационата мрежа, но поради конфигурацијата на просторот во комбинација со нерешените имотно-правни односи, тоа е тешко изводливо. Од ЈП, „Нискоградба“ велат дека...

Continue reading

Bake and Cake

Ново од “Жито Леб“- Bake & Cake

Post Views: 41 Bake & Cake, ново лого и уште еден продажен објект на „Жито леб“ Охрид. Новиот млечен ресторан се наоѓа во комплексот Охридати, како дел од Вила Два Бисери. Станува збор за атрактивна локација, за која од менаџерскиот тим на ова претпријатие веруваат дека ќе биде вистинскиот погодок пред почетокот на туристичката сезона. Еден е од петте новоотворени објекти од овој вид, покрај млечните ресторани, кај Гимназијата, Стариот Чинар, Новата Автобуска станица и Кафето Два Бисери, во комплексот Летница. Од „Жито леб“ продолжуваат со реализација на најавените инвестиции,...

Continue reading

sednica na Sovet

Седница на советот како увертира на предвремените избори

Post Views: 5 Бурно издание на Седницата на советот на Општна Охрид. Оваа нејзина трисет и трета епизода, помина во знакот на извештаите за сработеното во комуналната сфера, барањата на такси превозниците и утврдувањето на локацијата за одржување на предизборните промотивни активности на партиите. Она за што нејзиниот дневен ред наизглед ветуваше мирно издание, прерасна во една турбулентна седница. Така уште со првата точка со која беше надополнат дневниот ред, а се однесуваше на Локацијата за одржување на политичките митинзи, почнаа политичките препукување помеѓу советниците. Ништо...

Continue reading

univerzitet Sv Apostol Pavle

Универзитетот „Св. Апостол Павле“ доби пофалби и од Груевски

Post Views: 3 Информатичката технологија е една од најразвиените индустриски гранки во светот. Иако по навика кај нас работите се случуваат со задоцнување, сепак може да се рече дека полека но сигурно фаќаме чекор со технолошкиот напредок, пред се од информатичката технологија. Македонија произведува нови и одлично образовани кадри, од кои дел излегуваат и од Охридскиот универзитет за информатички науки и технологии, „Св.Апостол Павле“. Во последната своја посета на градов, премиерот Груевски се запозна поблиску со функционирањето на овој факултет, и искажа само пофални зборови за...

Continue reading

zapoznavanje so FINKI

Охридските матуранти и ФИНКИ

Post Views: 3 Охридските матуранти, идни студенти, имаа можност да се запознаат со студиските програми на новоформираниот Факултет за информатички науки и компјутерско инженерество, популарно познат како ФИНКИ. Доцент Доктор Анастас Мишев од овој факултет, истакна дека ова е најмладиот факултет, при најстариот универзитет кај нас, универзитетот Св. Кирил и Методиј. Мишев Потенцира дека, ФИНКИ претставува една нова високо образовна институција која ги спои досегашниве две информатички катедри и тоа, онаа на Природно-математичкиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски...

Continue reading

obicai

Велигден, некогаш и сега

Post Views: 3 Православните христијани се во исчекување на празникот над празниците, Велигден. Верските празнувања поврзани со Велигден не се забораваат, но за жал исчезнуваат некои поранешни обичаи и празнувања. Пред празнувањето на најголемиот христијански празник Велигден во минатото со голема радост се празнувале повеќе верски празници. Меѓу нив е  Лазарева сабота кој секогаш се слави на една недела пред Велигден. Во  календарот на православната црква овој празник  се поврзува со воскреснувањето на Лазар. Исто така, овој ден се поврзува со периодот на премин од детството кон...

Continue reading

humanitarna pomosh

Стигна помош за Митреви

Post Views: 1 Велигденски празници со полна трпеза. Со солзи радосници фамилијата Митреви ја дочека хуманитерната помош на охридската компанија Гир Риг. За ова семејство, ТВМ сериозно се нафати, прикажувајќи ја нивната слика на живот во неколку наврати, со цел да ги поттикне сите хумани луѓе во Охрид, да бидат дел од обезбедувањето на подобро утре на едно 5 члено семејство, кое со сите сили се бори со тешкиот и сиромашен живот. Претседателот на Црвениот Крст, Сашо Точков, вели добро е сите кои се во можност да го следат овој пример, како би се подигнала општествената одговорност,...

Continue reading

den na deteto

Денот на детето

Post Views: 2 Денес во Турција се одбележува 23 април, денот на националниот суверенитет и празникот на детето. Кон прославата на празникот на детето, кој масовно се слави во Турција, денес се приклучи и О.У. „Братство Единство“. Тие во дворот на училиштето низ игра и песна, покажаа чест кон Мустафа Кемал Ататурк, човекот кој овој ден го поклонил на детето. Проф. Ајсеј Доко, рече дека Ататурк оставил јака порака во чест на денот на детето. „Го подарувам овој ден на децата бидејќи денешниве деца се наша иднина“. Таа додаде дека овој празник се слави насекаде во светот каде што има...

Continue reading

Den na planeta Zemja

Да ја зачуваме планетата Земја

Post Views: 1 Американскиот сенатор Гејлорд Нелсон, далечната 1970 година организираше протест кој беше насочен кон подигнување на свеста за загадувањето на воздухот и водата. На 22 Април, повеќе од 20 милиони Американци излегоа на неговиот протест, и на она што денес сите го знаеме како Ден на планетата Земја. Обединетите нации овој ден го слават под името Светски ден за заштита на животната средина. Слоганот на овогодинешниот Ден на планетата Земја е „Милијарда зелени дела“ кој ја потенцира потребата од активно вклучување на секој поединец во глобалната акција за спасување на нашата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top