Ознака: новиот

Пештанци ќе добијат спортска сала

Post Views: 1 Четри милиони денари, за изградба на спортска сала, во Пештани. Станува збор за инвестиција на Локалната самоуправа, од Охрид. Раководителот на секторот за образовани, Митре Вељаноски и градоначалникот Александар Петрески ги фрлија првите лопати во темелите  на новиот објект. Вељаноски рече – „она што го вети а не го направи Централната власт, го направи Локалната“. Тој додаде дека локалната досега во образованието има вложено над 100 милиони денари за санација и реконструкција на основните и средните училишта во општината.Спортскиот објект во Пештани ќе биде готов...

Continue reading

Аирлија театар

Post Views: 8 Градот Охрид го доби свјот професионален театар. Денес во Охрид Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска ја соопшти веста дека Владата на РМ ја усвои информацијата доставена од страна на Министерството за култура, за формирање посебна организациона единица Театар во состав на Н.У. Центар за култура „Григор Прличев“. Со ова постојаната мрежа од 5 тетари кои успешно дејствуваат во состав на центрите за култура во Велес, Прилеп, Куманово, Штип и Струмица од денес ќе се надополнат со новиот потенцијал на Охридскиот театар и ќе бидат стимул и продуктивен импулс...

Continue reading

imunizacija

Нов редослед, според новиот Правилник за имунизација

Post Views: 6 Раководителот на РЕ превентива за деца и млади, при Здравствениот дом од Охрид, Д-р Катерина Димитрова, вели дека во нашава општина имунизацијата уредно се спроведува и се карактеризира со 98%. Д-р Димитрова информира дека последниве неколку години се воведени неколку нови вакцини, како вакцината против хемофилус инфлуенца тип Б или (ХИБ) и најновата ХПВ вакцина. „До пред неколку месеци работевме по стариот правилник, кој беше донесен во 1991 година, меѓутоа годинава, на сила стапи нов правилник, во којшто се вметнати овие нови вакцини и има промена во редоследот на...

Continue reading

prezentacija na DUP

Поткровља ќе има над чаршијата, но колку, каде?

Post Views: 7 Започнаа јавните анкети и презентации на петте спорни нацрт детални урбанистички планови. Овие пет Нацрт – ДУП – ви беа донесени на 21-ва седница на Советот на општината. Околу нивното донесување советниците од позицијата и опозицијата имаа дијаметрално спротивставени ставови. Денес во големата сала на општината на ред дојде јавната анкета и презентација на нацрт – ДУП за УЗ 1, Уб 1.1 опфат1. Имено станува збор за Просторот на планскиот опфат во Нацрт- ДУП кој е ,е во границите на улиците:”Св.Климент Охридски”, “Климентов Универзитет”...

Continue reading

Пуштен во употреба новиот информативен центар на НП Галичица

Post Views: 5 Драгоцен камен на НП Глаичица. Вака, претставниците на италијанската амбасада го нарекоа новиот информативнен центар, кој денеска и официјално беше пуштен во употреба на Националниот парк. Центарот се градеше некаде околу 7 месеци, со средства во износ од околу 200 000 евра донација од италијанската амбасада. Според изјавите на првиот човек на паркот Зоран Ангелоски во иднина, тука предвидено е да бидат сместени канцалариите на НП Галичица, и уреден дел за посетители. Но новина е, што на ова место, предвиден е ресторан со македонски специјалитети и ботаничка градина...

Continue reading

Новиот универзитет за информатички технологии сеуште подстанар

Post Views: 5 Ултра квалитетни студенти по информатика. Финишираат инфраструктурните работи на локацијата кај стариот дом на АРМ, кој прерасна во универзитет за информатички технологии. Министерот за образование и наука Никола Тодоров денес, во рамките на својата работна посета на Охрид, покрај целта да го проследи академскиот час, најави дека до средина на декември студентите по информатички технологии предавањата ќе ги одржуваат во новите простории. Недостасува опремување уште на амфитеатарот додаде тој, и задоволен е од досегашниот тек на настаните. На универзитетот за информатички...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top