Ознака: Нова

policaec

Нова стратегија на ОВР Струга

Post Views: 11 Советодавната група  за превенција ќе започне да функционира со поинтензивно темпо. Доколку граѓаните ги пријавуваат случаите, големи се шансите да се реализираат идеите,  и да се зголеми безбедноста во местото каде живеме. Во Струга се елиминираат појавите на проблеми предизвикани од наркозависниците и алкохоличарите. Овие две работи се најчести причинители за нарушување на јавниот ред и мир во градот. Радува фактот што нивниот број во последниве години не е во пораст. Тоа пред  се е  резултат на стекнатата навика кај граѓаните да ги пријавуваат случаитеод овој вид,...

Continue reading

petarda

Стружани интензивно ги привршуваат подготовките за дочек на Новата Година

Post Views: 4 За празнувањето да не премине во трагедија, одбегнувајте употреба на пиротехнички средства и огнено оружје. Оваа е новогодишната поораката на здружението на жени  „Езерка“ од Струга.    Во Струга се зголемува еуфоријата за највеселата ноќ во годината. Граѓаните забрзано ги привршуваат подготовките за вечерната прослава. Бутиците и  маркетите,  се преполни со луѓе, нагло се трошат пари за подготовките околу дочекот на Нова Година. Граѓаните веќе одлучија која-каде ќе слават вечерва. Од спроведената анкета повеќето од граѓаните рекоа дека ќе слават во домашен амбиент. Иако...

Continue reading

ukras

Започна предновогодишната декорација на Струга

Post Views: 9   Граѓаните речиси и не ги забележаа поставените елементи. Од општина Струга велат, скромно, но убаво за очите. Започна новогодишното украсување на Струга. Веќе неколку дена интензивно се поставуваат новогодишните реквизити. Како што беше најавено декорација се прави исклучиво во центарот на градот. Граѓаните речиси и да не забележаа дека се превземаат некакви предновогодишни ангажмани. Од спроведената анкета по градот мозинството од граѓаните рекоа дека очекувале не забележеле оти градот е украсен.Иако речиси декорацијата е при крај и новогодишни украси се поставени...

Continue reading

frizerski salon

Секоја жена сака да изгледа убаво

Post Views: 5 Занаетот пари вреди. Фризерските салони, сами со своите мајстори. Овој занает, кој нуди можност за добра заработка, во денешно време стагнира. Се помалку во салоните може да се забележат ученици или народски кажано чираци кои имаат афинитет да го изучуваат овој занает. Добрите познавачи на фризерството сметаат дека причината поради видниот недостаток на ученици, лежи во задолжителното средно образование. Евица Попаѓиноска, една од ретките фризери во Струга која има соодветна школа за тоа, се согласува со овој став. Таа вели дека занаетот не треба само да се изучува,...

Continue reading

Sashko Ars Nova

Стилизмот во Охрид постои

Post Views: 4 Сашко Георгиески е дел од европскиот тим на „ШварцкопФ“. Сите позитивни искуства на највисоко и најквалитетно ниво од Париз и Европа, Георгиевски успешно ги докажа во Охрид. Салонот за убавина „Арс Нова“ го одбележува својот 11-ти роденден. По тој повод, Сашко Георгиески, единствениот стилист во Охрид, докажан на врвната академија кај познатиот француски стилист Патрик Алез од Париз, ни го раскажа патот на својот успех. Георгиески кажа дека не е лесно да се работи во една специфична средина како што е Охрид и да се задоволат најразличните вкусови на клиентите.На идеите...

Continue reading

SDSM

Охридските социјалдемократки избраа нова претседателка

Post Views: 6 Лидија  Стојановиќ од саботата е новата претседателка на охридскиот клуб на жени при СДСМ. Taa ќе биде на оваа позиција на местото од  досегашната претседателка Елизабета Русеска. За Стојановиќ ова назначување е голема и одговорна задача. Првиот човек на охридската партија на социјал демократите, Наум Јовановски истакнува дека со овој процес  партијата целосно се  консолидирала. Сега се подготвени за нови активности, нагласува Јованоски.Додава дека клубот на жени е една од алките на општинската организација. Во повеќе наврати истакнувал  дека активностите кои следеле...

Continue reading

ugostitel

Хотелиерите „суви“, за приватните стано-издавачи Нова година

Post Views: 1 По завршувањето на  новогодишните празници угостителските работници ги сумираат резултатите.   Поголемиот дел од нив се задоволни од посетеноста на странските гости, но се согласуваат  дека има потфрлање во однос на минатата година. Лани   немаше проблеми со пандемијата и економската криза, а и додатно визната либерализација кои влијаат на сегашната ситуација во туризмот. Покрај наведените три причини, познатиот охридски угостител  Љупчо Патчев, сопственик на ресторанот Далга, смета дека за намалената посетеност влијае  отсуството на Стратегија за туризам, на локално...

Continue reading

Дочекот на Новата 2010 та „величенствен“

Post Views: 3 Новата година на градскиот плоштад, дочекана во преубава празнична еуфорија. Десетина илјади граѓани и гости одлучија првите новогодишни честитки да си ги упатат токму таму. Невообичаено на +11 степени целзиусови, во весела и забавна атмосфера забавата траеше до долго во ноќта. За да истата биде повесела и поинтресна се погрижи гостинот од соседна Србија, Бојан Бјелиќ и „Аренси бенд“. Присутните на градскиот плоштад без ниту еден инцидент, во прекраснот ритам на музиката, се забавуваа секој на свој специфичен начин. Еуфоријата доживеа своја кулминација на полноќ, кога...

Continue reading

legitimacija

Нова функција – комунален редар

Post Views: 1 На територијата на Општина Охрид започнаа со работа комунални редари кои дополнително ќе се грижат за хигиената во градот. Станува збор за дополнително се вработени 5 лица кои на територијата на Општина Охрид согласно законот ќе ја регулираат хигиената во градот. „Комуналните редари во соработка со комуналните инспектори и полицијата се директно овластени да го спроведуваат законот“, велат од општинскиот инспекторат. Казните предвидени со законот изнасуваат: 50 евра во денарска противвредност за физички лица или од 2000 до 3000 евра за правни субјекти. Граѓаните со...

Continue reading

logo

Tермин за одржување на прва седница на советот сеуште нема

Post Views: 1 Советникот Борис Стефаноски, од Вмро Дпмне иако најави дека нивната советничка група ќе свика седница доколку тоа не го направи претседавачот до крајот на неделава, не кажа конкретен термин. Стефаноски, кажа дека денес бил закажан  состанок од страна на советникот на грдаоначалникот на кој ќе се формираа  Комисиите, а очекувал да се утврди и датум за седницата. Но, тој  непријатно се изненадил затоа што состанокот не се одржал. Стефаноски смета  дека на овој начин намерно се одолговлекува датумот за одржување на седницата. Од друга страна, советникот на градоначалникот...

Continue reading

logo

И по еден месец од конститутивната седница, најава за нова нема

Post Views: 2 Носењето на голем број значајни одлуки за доброто на Охрид ќе причекаат. Кога ќе заседаваат советниците и понатаму останува неизвесно. Актуелниот Претседавач на советот, Драган Пандески, се уште не закажал седница на совет.      За ТВМ Пандески, најави дека седница ќе има, но не откри кога. Ниту ги отфрли, ниту потврди информациите дека основна причина поради која седница се уште не е закажана, се пазарењата околу формирањето на мнозинство во советот. Неофицијално, Пандески чека да завршат преговорите помеѓу советничките групи, за да ја закаже наредната седница. Имено,...

Continue reading

Vasvi Doko

Развивање на економијата во Охрид

Post Views: 0 Нова демократија ги претставува своите планови за прв пат пред пошироката охридска јавност. „Потребно е да се добие една комплетна слика за градот и да се создадат услови за развој на економијата“. Изјави Васви Доко Канадидатот за градоначалник од партијата нова демократија Васви Доко, денеска за прв пат пред охридската јавност ја презентираше својата кампања. Васви Доко кажа дека доколку ја добие довербата на граѓаните ќе се залага за балансиран развој на градот Охрид. „Младите се темелот на едно општсество, потребно е тие да се насочат во правилната насока а тоа е...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top