Ознака: Министерство

OU Bratstvo Edinstvo

Нема учебници за турските паралелки

Post Views: 6 Отворен проблем во образовниот процес на ОУ „Братство Единство“. Децата кои изведуваат настава на турски јазик сеуште се без соодветни учебници по редовните наставни предмети. Родителите со право реагираат, но се обраќаат на погрешна адреса, вели директорот на ова училиште Осман Османи. Тој вели дека од негова страна прави големи напори децата што помалку да трпат поради овој проблем. Османи вели дека неговиот апел до ресорното министерство досега не вродил со ефект.Проблемот со превод на учебниците на турски јазик најверојатно лежи во немање доволно кадар на преведувачи...

Continue reading

Grigor Prlicev

Недела на рускиот филм во Охрид

Post Views: 0 Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид од 19 до 23 септември ќе се прикажуваат филмови од руска продукција, во рамки на манифестацијата Недела на руски филмови. Организатори на манифестацијата се Министерство за култура на Руската Федерација, Министерство за култура на Македонија, Амбасада на Руската Федерација во Македонија, Филмскиот фонд на Македонија, Рускиот културно-информативен центар, Кинотека на Македонија и Студио „Фест-филм“. Освен во Охрид, Недела на руските филмови ќе се одржи и во Скопје и во Битола. {loadposition content9}

Continue reading

Grigor Prlicev

Центарот за култура ќе се подновува

Post Views: 33 Охридскиот центар за култура „Григор Прличев“ го замени дотраеното филмско платно со ново. Се очекува негово монтирање пред почетокот на есенската филмската ревија. Центарот за култура последниве години иако со бавно темпо ги подобрува условите во кино салата. Модернизирањето  го прават дел со  сопствени средства, но и со помош на спонзори и ресорното министерство. Пред две години се санира кровната конструкција, а се среди и внатрешниот ентериер. За поправка на кровот ресорното министерство потроши 1 милион и четиристотини денари. Сега има нови најави за осовременување...

Continue reading

testiranje

Пробно тестирање

Post Views: 2 Вчера Министерството за образованиe и наука спроведе пробно екстерно тестирање во 27 училишта од земјава. Основната цел на тестирањето било да се проверат процедурите за неговата реализација. Во примерокот биле опфатени ученици од прва година гимназиско образование од една паралелка (во училиштата во кои наставата се изведува на повеќе јазици било опфатена по една паралелка од секој наставен јазик). Вкупно тестирани биле 1056 ученици, од кои 716 на македонски наставен јазик, 198 на албански наставен јазик и 142 на турски наставен јазик.Постигнатите резултатите од пробното...

Continue reading

pari

Секој си ја тера водата на својата воденица

Post Views: 3 „Одземените пари од сметката на општина Струга се согласно законската регулатива“, велат од Министерството за финансии. Но, од друга страна, не им е познато дека проектот за кој се земени парите, воопшто не бил технички примен.Нови моменти во врска вчерашниот прилог на ТВМ Телевизија за олеснувањето на струшката општинска сметка. Покрај општина Струга, тука се и општините: Куманово, од каде беа подигнати 13.700 000 денари, потоа општина Струмица, од чија сметка беа одземени 12.000 000 денари и општина Штип од каде се подигнати 8.300 000 денари. Во Законот за задолжување...

Continue reading

pres

Сметката на општина Струга „полесна“ за 4 милиони денари

Post Views: 1 Министерството за финансии одзело над 4 милиони денари од сметката на општина Струга, по основ долг на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ – обвинуваат градоначалниците на Охрид и Струга. Долгот пак, за кој се терети Проаква, е рата од кредит за проект кој никогаш не бил технички примен. Сметката на Општина Струга олеснета од Министерството за финансии за 4 милиони денари. Мерко претпоставува дека парите од сметката на општината се повлечени поради неисполнета обврска  на меѓуопштинското јавно претпријатие Проаква кон  „КF“ банката, а за што државата била гарант. Долгот...

Continue reading

DUP

Министерството за Локална самоуправа ќе го стопира ДУП-от за 8 урбана заедница

Post Views: 16 Како што за ТВМ изјави потпаролот на ова министерство, Ели Чакар, од страна на инспекторатот при министерството, утврдено е дека ДУП- от е усвоен спротивно на уставот и законот.   Државниот инспекторат при Министерството за локална самоуправа подготвува решение за запирање на примената на одлуката со која советот го изгласа ДУП за 8 урбана заедница. Потпаролот на министерството, Ели Чакар, за ТВМ изјави дека причина е утврдената незаконитост и против- уставност на одлуката со која се усвои урбанистичкото решение. Ова го утврдиле службите на инспекторатот кога ја разгледувале...

Continue reading

gradonacalnik

Градоначалникот на Охрид подготви кривична пријава против Министерството за транспорт и врски

Post Views: 3 Градоначалникот Александар Петрески ја чека разрешницата од жалбената постапка за да ја активира кривичната пријава против Министерството за транспорт и врски. Пред две недели ова министерство поднесе кривични пријави против  Петрески и Советот на Општина Охрид поради изгласувањето на ДУП за 8ма урбана заедница. Градоначалникот тогаш беше на службено патување но најави дека по неговото враќање  ќе зададе контра удар. Портпаролот во општината, Никола Маневски, додава дека  кривичните  пријави  треба да бидат упатени до Министерството за транспорт и врски, Министерството...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top