Ознака: лиценца

galeb

Нема испраќање пакети по шофер на автобус без лиценца

Post Views: 7 Автобуските и такси-превозниците доколку во иднина сакаат да превезуваат пратки од еден до друг град ќе мора да извршат поштенско лиценцирање.  Тоа е следната фаза од кампањата што пред две години ја започна Агенцијата за пошти со цел искоренување на нелегалниот пазар на поштенски пратки испратени по автобус или со такси. Од агенцијата велат дека се наметнала ваква потреба поради тоа што  нелегалниот транспорт на пратки  преставувал нелојална конкуренција на лиценцираните фирми. Најголемиот авто превозник во градов  АД „Галеб“ веќе е во фаза на лиценцирање. Сите знаеме...

Continue reading

alkohol

Нема алкохол после 19 часот

Post Views: 0 Почнува зимското сметање на времето ама за продажбата на алкохолни пијалоци.  Одлуката за повторно да се врати старото ограничување стапува на сила од утре. Во текот на летните месеци забраната за продажба на алкохол важеше од 21 часот за сите трговски објекти кои имаат важечка лиценца за продажба на алкохолни пијалоци. Во текот на изминатово лето, вршени се континуирани контроли. Началникот на пазарниот инспекторат во Охрид, Ѓорѓи Бошалески вели дека генерално гледано оваа забрана се почитувала, а биле изречени само мал број на казни. „Тие што беа затекнати без да...

Continue reading

nurkac

Авантура која мора да се доживее

Post Views: 23 Апетитите на современиот турист од сезона во сезона растат. Затоа и туристичката понуда мора да го следи чекорот, со од час во час менливата туристичка побарувачка. Мал е бројот на туристите, посебно оние странските, кои бараат само плажа и сонце. Годиниве побарувачката е ориентирана кон таканаречениот активен одмор во кој максимално ќе бидат ангажирани. Нуркањето пак претставува можеби една од најатрактивните содржини кога станува збор за активниот одмор во летниот период. Нуркачкиот туризам во вистинска смисла на зборот, кај нас може да се доживее преку НЦ „Амфора“...

Continue reading

grobishta Ohrid

ЈП „Погребни Услуги“ – зголеми дел од цените на своите услугите

Post Views: 6 ЈП „Погребални услуги“ доби амин од советниците дека можe да ги зголеми  цените на дел од своите услуги. „ Добивме предлог со кој ЈП бара зголемување на цените за погребални услуги, па се запрашуваме зошто. Со поделбата на ЈП се соочуваат со реални проблеми од финансиска и кадровска политика, не сакам да верувам дека со зголемување на цените преку грбот на граѓаните се трудат да ги наплатат“, вели “,советникот Дејан Паноски. „ Сметаме дека не постои никаква економска оправданот за подигање на цената на овие услуги нити објаснување зошто се погигаат овие услуги и зошто...

Continue reading

Premier

Затворени кладилници-необновени лиценци!

Post Views: 2 Како до лиценца за работа? Голем број кладилници не нашле одговор на ова прашање. Измените на законот за игри на среќа ги оскапе лиценците. Добивањето на истите станува уште потешко. Многу кладилници, времено затворени. Нема лиценца-нема работење! Голем дел од кладилниците во градов останаа затворени. Причина, необновена лиценца. Ако случајно поминете покрај некоја од затворените обложувалници, ќе го видите натписот кој вели дека објектот е привремено затворен поради необновена лиценца. Со последните измени на Законот за игри на среќа, за 5 % поскапеа токму лиценците....

Continue reading

уперкомпјутер

Промовиран првиот суперкомпјутер од Македонија!

Post Views: 1 Суперкомпјутер за секој студент. Изманативе 4 месеци на Универзитетот за информатички науки и технологии се создаваше првиот македонски суперкомпјутер. Овој компјутер е дизајниран од младите докторанти Драги Кимовски и Атанас Христов, со помош на студентите од Универзитетот. „Овој компјутер е создаден за паралелно процесирање“, вели асистентот по информатички науки Драги Кимовски и додава „Се обидовме да создадеме систем со многу малку средства, кој во иднина ќе се користи да развиеме кадри и да фатиме чекор со трендовите во светот“. Кимовски појаснува дека компјутерот...

Continue reading

alpinisti

Алпинисти и планински водичи

Post Views: 15 Можност македонските алпинисти да станат светски признаени планински водичи. Под менторство на Словенечкото здружение на водичи на високи планини, македонските алпинисти ќе се запознаат со што се е потребно да станат планински водичи по ИФМГА стандардите. Во моментов Македонската организација на водачи во планина е со статус на Член аспирант. Стекнувањето на овој статус е најделикатниот и најтешкиот дел од процесот на зачленување во организацијата, станува збор за долг процес, но ние сме свесни дека треба да почне некогаш, вели алпинистот Антонио Додески. Додески додава...

Continue reading

Grobishta

Погребални услуги само со лиценца

Post Views: 7 ЈП „Охридски Комуналец“ управува на диво со гробиштата. Вака денес обвини Денис Шибаковски, операторот на погребални услуги „Мирен Сон“. Шибаковски потенцира дека согласно Законот за гробишта и погребални услуги кој на сила стапи 2008 година, неговото претпријатие е единствено во Охрид и околината кое е лиценцирано да врши опремување со погребална опрема, превоз на починато лице, право на чување во ладилник и капела и погреб на починато лице. Даниела Кузмановска, задолжена за односи со јавност на ова претпријатие, рече дека еднаш засекогаш мора да се воведе ред во оваа...

Continue reading

Од понеделник продажба на алкохол само со лиценца

Post Views: 2 Алкохолни пијалоци од 1 септември ќе може да се продаваат само во продавниците кои имаат лиценца за тоа. Според законските прописи алкохолоните пијалоци ќе треба да бидат одвоени од другите производи и ќе може да се продаваат од 6 часот наутро до 19 часот навечер. Забранета ќе биде продажбата на алкохолните пијалоци, вклучувајќи го и виното и пивото во продавници во состав на бензиските пумпи, киосците и на зелените пазари. Барања за лиценци се поднесуваат во Министерството за економија од почетокот на неделава. Интересот, како што информираат од оваа институција, е...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top