Ознака: Косово

Расмунсен во посета на Косово

Post Views: 4 Новиот генерален секретар на НАТО Андрес Фог Расмунсен денеска ќа престојува во посета на Приштина, каде ќе се сретне со претставници на косовските власти и на командата на КФОР. Предвидено е Расмунсен во Приштина да има средби со командантот на Меѓунардоните сили на Косово (КФОР), италијанскиот генерал Џузепе Емилио Гај, со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и со премиерот Хашим Тачи. Покрај ова најавени се и разговори на првиот човек на НАТО и со косовскиот министер за безбедносните сили Фехми Мујота. Според извори во Брисел, Расмунсен најверојатно во Приштина ќе...

Continue reading

Kristofer Vilijam Del

Американски амбасадор на Косово

Post Views: 2 Американскиот претседател Барак Обама го именува дипломатот од кариера Кристофер Вилијам Дел за амбасадор на САД на Косово. Во својата дипломатска кариера, Дел бил на служба во Ангола, Зимбабве и во Бугарија. До 2007-та тој беше шеф на американската мисија во Авганистан. Номинацијата на Кристофер Дел за амбасадор на Косово треба да биде одобрена од американскиот Сенат.   {loadposition content9}

Continue reading

zname

Косово 186-от член на ММФ

Post Views: 0 Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) синоќа соопшти дека Република Косово стана неговиот 186-ти член, пренесе Франс прес. Одлуката се донесе по позитивното гласање на земјите членки на Фондот, се наведува во соопштението. Косово ја прогласи независноста на 17 февруари 2008 година. Во октомври Белград пред Меѓународниот суд на ОН ја оспори законитоста на косовската независност, потсетува Франс прес. Агенцијата дополнува дека Светската банка веќе има своја канцеларија во Приштина.                 {loadposition content9}

Continue reading

logo

Косово сака членство во Интерпол и Европол

Post Views: 5 Заменик-министерот за внатрешни работи на Косово Фатмир Џелили соопшти дека во април неговото Министерство ќе поднесе молба за членство во Интерпол и Европол.Џелили за Радио Слободна Европа изјави дека молбата ќе биде поднесена од името на Владата на Косово. Радиото сепак коментира дека поради малиот број држави кои го признале Косово и поради фактот што Косово не е член на ОН, тешко ќе може да обезбеди членство во Интерпол. Единствениот механизам преку кој може да соработува со Интерпол е мисијата на ОН УНМИК, која е одговорна за меѓународната соработка на Косово со...

Continue reading

kosovsko zname

Експлозии во касарна на Силите за безбедност на Косово

Post Views: 1 Непознати напаѓачи синоќа истрелаа противтенковски гранати врз касарни на новоформираните Сили за безбеност на Косово во западниот дел од земјата, соопшти косовската полиција. По нападот реонот околу градот Пеќ е блокиран од мировните сили на НАТО. Од експлозијата причинета е мала штета на зградата, но нема повредени. Нападот се случи еден ден откако Силите за безбедност на Косово официјално ја презедоа должноста по расформирањето на Косовскиот заштитен корпус, во кој служеа 3.000 лица, од кои повеќето етнички Албанци, поранешни ушесници во Ослободителната војска на...

Continue reading

eulex

Еулекс од денес на Косово

Post Views: 0 Мисијата на Европската унија – ЕУЛЕКС денеска почнува со преземање на полициските функции на Косово од УМНИК. Најавено е дека две илјади европски полицајци, цариници, судии и обвинители, ќе се распоредат на целата територија на Косово, освен во северниот дел на земјата, каде полициските и царинските функции ќе останат под контрола на мисијата на Обединетите нации УНМИК, согласно планот на генералниот секретар Бан Ки Мун. Кермабон не исклучи употреба на сила доколку тоа биде потребно. „Мојата работа главно ќе биде следење на советувачкиот дел на мисијата и да придонесам...

Continue reading

arhitekti struga

Млади архитекти од цела Европа ќе работат на нов изглед на градскиот плоштад во Струга

Post Views: 1 Нов архитектонски изглед на градот на мостовите, соседна Струга. Петнаесетина млади студенти по архитектура, архитекти и дизајнери во наредните дваесет дена ќе работат на осмислување на нови урбани решенија за градскиот плоштад и воопшто централното градско подрачје во Струга. Според студентот од Техничкиот универзитет во Виена, Гоце Чавкоски, една од главните цели на проектот „Градот кој никогаш не спие“ е да се дојде до архитектонско решение со кое сите граѓани ќе се задоволни и во чие создавање сите граѓани ќе учествуваат. „Треба да придонесеме и да дадеме еден поинаков...

Continue reading

grafit

Косово со студен дочек на Еулекс

Post Views: 4 Демонстрации против на мисијата на ЕУ на Косово – Еулекс денеска ќе се одржат во Приштина, Брисел најави дека мисијата ќе почне да се распоредува до крајот на седмицата, иако првично беше најавена за денеска. Лидерот на Самоопределување Аљбин Курти изјави дека граѓаните треба да протестираат бидејќи Еулекс ќе биде неутрален по прашењето на статусот на Косово. Протестите ги поддржуваат невладините организации, синдикатите, како и поранешните борци на ОВК. Одложувањето на мисијата на ЕУ, западните дипломати во Приштина го објаснуваат со обидот да се избегнат можните непријатности...

Continue reading

karta Kosovo

Признавањето на Косово од Македонија и Црна Гора паметен дипломатски потег или не?

Post Views: 4 Признавањето на Косово како независна држава од неговите соседи Македонија и Црна Гора претставува значаен психолошки момент за Приштина, кое во исто време носи и практична корист за новата држава на Балканот. Прифаќањето на косовската независоност од уште две земји од просторот на поранешна СФРЈ, може да го елиминира застојот во процесот на признавање, по отцепувањето на поранешната покраина на Србија, во февруари оваа година.Сега само уште Босна и Херцеговина од поранешните југословенски републики го нема признаено Косово како независна држава и дел од новата балканска...

Continue reading

aerodorom ohrid

Косово бара од Македонија да прекине субвенционирање авиобилети

Post Views: 2 Косовската Влада покренала жалба против Македонија пред Европската комисија, барајќи земјава да ја прекине праксата на субвенционирање на авиобилети, јавува приштински КТВ. Според косовските власти, македонската страна на овој начин ја нарушува конкурентноста според европските правила. Официјални претставници на косовската Служба за цивилна авијација изјавиле дека очекуваат набрзо ваквата жалба да добие позитивна разврска. Од Министерството за транспорт и врски инфрмиртаат дека во однос на информациите дека Косово ќе ја тужи Македонија заради субвенционирање на авиокомпании,...

Continue reading

huligani

Хулигани во Косово го запалија македонското знаме

Post Views: 6 Македонското знаме гореше на фудбалскиот натпревар помеѓу Лепенци и Дрита, во рамките на косовската Суперлига. Хулиганите потоа истакнале и транспарент на кој пишувало, „2012 година не е крај на светот, туку крај на Македонија“. Ова не е првпат навивачите во Косово да го запалат македонското знаме. Тоа го направија и во 2009 година, кога беше издадена македонската енциклопедија. Фудбалската федерација на Косово не е признаена ниту од ФИФА, ниту од УЕФА, а со тоа и нивната лига е, всушност, „рекреативна“. Ова би значело дека за вакви провокации не може да има санкции...

Continue reading

Полицијата трага по осомничени за тројното убиство во Косово

Post Views: 2 Полицијата сѐ уште не уапсила ниту еден осомничен за тројното убиство кај селото Глоѓане во косовската општина Дечани. Возач на автобус и двајца ученици загинаа на 26 ноември при пукање во автобусот кој превезуваше ученици на релација Ѓаковица-Дечани. Заменик-командантот на косовската полиција Ветон Елшани за Радио Слободна Европа потврди дека сѐ уште нема апсења поврзани со убиствата. Во пукотниците кон автобусот е повреден еден ученик. Тој е опериран и е надвор од животна опасност. Косовската полиција соопшти дека постои сомневање дека кон автобусот било пукано од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top