Ознака: капитални

sednica

Ќе се продава земјиштето на кое ќе се градат автобуска, катна гаража и дом за стари лица

Post Views: 4 Мнозинство советници во градскиот совет во отсуство на нивните колеги од СДСМ и ЛДП,  дадоа зелено светло за трите предлог одлуки кои се однесуваа на отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р  Македонија, на кое е предвидено да се изградат катна гаража, автобуска станица и Дом за стари лица. Советниците од опозицијата нагласија дека не се против изградба на овие капитални проекти кои се од суштинско значење за градот, туку на начинот на кој тоа се прави, со отуѓување односно со продажба на земјиштето. “Одлуката е избрзана, истата не ја прифаќаме и ќе ја напуштиме...

Continue reading

sdsm

СДСМ: Партијата на власт се богати и луксузира додека граѓаните едвај успеваат да врзат крај со крај

Post Views: 1 Народот во Македонија е се посиромашен, а партијата на власт ВМРО – ДПМНЕ е се побогата, обвинуваат охридските социјалдемократи. Томислав Тунтев претседателот на партијата на денешната прес конференција обелодена дека атрактивната локација во центарот на Охрид, односно новиот простор на ВМРО – ДПМНЕ чини над 300 000 илјади евра, а јавноста била штуро информирана дека новите простории се купени со сопствени средства на партијата. Па од таму прашуваат како владеачката партија успева да се богати и луксузира, кога партијата на Никола Груевски во 2011 годин имала долг од...

Continue reading

opstina ohrid

Општината со кредит од Светска банка ќе прави капитални проекти

Post Views: 0 Со пари од Светска банка општината ќе прави капитални проекти. Денес за таа цел се одржа јавна расправа која е една од финалните постапки кои ги налага Светска банка пред  одобрување на кредитот. Општина Охрид долгорочно ќе се задолжи во висина од 1милион и 700 000евра. –Целта на овај заем е финансирање на капитални  инвестициски проекти за рехабилитација на некои локални улици  и два локални патни правци како и набавка на најсовремени специјални возила за ЈП Комуналец, вели градоначалникот Никола Бакрачески. Општината ќе има 13 години рок на отплата на кредитот...

Continue reading

Три капитални проекти во Охрид чекаат зелено светло од УНЕСКО

Post Views: 2 Три капитални проекти за Охрид на чекор до реализација, заглавени со препораките на Унеско. Проектот за реконструкцијата на градскиот кеј која требаше да започне оваа пролет, повтпрно е на ревизија во Париз. Иако опшптината ги направи сите потребни измени и го усогласи со препораките, сепак не доби одобрување за старт на изградбата.  Веќе две години се чека, а процесот може да трае уште со месеци. „Во консултации со Националната комисија за Унеско ни беше кажано дека не смееме да почнеме со реконструкција на кејот додека и за усголасениот објект не добиеме позитивно...

Continue reading

stavreski-bakraceski

Се додека општината работи домаќински ќе ја има подршката од централната власт

Post Views: 1 Уште во текот на летото во Охрид ќе се реализираат десетина капитални проекти во вкупна вредност од над 4 милиони евра со поддршка од Владата и со реализација на проекти кои се обезбедени од Светска банка, Европската банка за обнова и развој и други институции, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески кој денес имаше работен состанок со Градоначалникот Никола Бакрачески. Ставрески рече дека општината и понатаму се наоѓа во тешка финансиска состојба која е наследена, но подвлече дека Владата останува посветена во решавањето на ова прашање. –Од Владата и од...

Continue reading

sovet

Советниците прашуваа, градоначалникот одговараше

Post Views: 1 Осмата седница на советот на општина Охрид со единствена точка, советнички прашања. Се прашуваше за се од тоа до каде се зафатите на Плаошник и што таму се прави, па се до тоа какви капитални инвестиции планира да реализира локалната. Токму прашањето за тоа што се прави во рамките на Плаошник повторно го актуелизираше советникот од СДСМ, Томислав Тунтев, кој изрази сомнеж дека дел од зафатите таму се незаконски. „До мене не стигнала никаква забелешка од страна на граѓаните околу локалитетот Плаошник, ниту наоѓам што е она на што треба да реагираме, која е вашата забелешка,...

Continue reading

subatra roj

Гостите од корпорацијата „Сахара Груп“, фасцинирани од Охрид и Македонија

Post Views: 21 Гостите од Индија од корпорацијата „Сахара Груп“ фасцинирани од убавините на Охрид и Македонија. Фактот што  за неполни две недели повторно се враќаат во Охрид, повеќе од јасно покажува дека оваа групација е заинтересирана за инвестирање во Македнија.  Директорот на агенцијата за капитални инвестиции, Виктор Мизо за ТВМ открива дека групата која од вчера е во Охрид е составена од околу 45 луѓе, предводени од  Сопругата на мултимилијардер Субрата Рој газда на „Сахара Груп“, синот и снаата но и нивните најблиски соработници.  Дел од гостите се дојдени директно од Индија,...

Continue reading

sednica sovet

Фалат средства од општинскиот буџет

Post Views: 2 Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ укажува за низа пропусти во врска со трошењето на средствата од минатогодишниот буџет. Тоа не влијаеше врз ставот на останатите советници за да ја изгласаат точката, Предлог Одлука  за усвојување на Извештајот за остварените приходи и извршените трошоци на  буџетот и завршната сметка на буџетот  Општина Охрид  за 2011 година. Советникот Паноски рече дека има недостаток на капитални инвестиции и во никој случај интервенциите за зафати од комуналната сфера неможат да се препишат како капитални проекти. Тој побара отчет од Локалната за...

Continue reading

petreski

Михаилов пред општина, Петрески пред болница

Post Views: 1 Петрески рече дека Михаилов одржал пресс пред Општинската зграда и посака цел живот да одржува пресови пред зградата, а внатре никогаш да не влезе и додаде дека тој ќе влезе во зградата на болницата за да испита каков криминал е направен таму. Петрески рече дека Михаилов изнесува во јавноста невистини и лаги затоа што е во паника зошто му се ближи крајот. Тој кажа дека Локалната има направено многу капитални инвестиции за што секогаш дава отчет пред граѓаните. Тој побара сметка од ВМРО ДПМНЕ од Охрид, но и од Владата зошто граѓаните се доведени на работ на егзистенција.{loadposition...

Continue reading

opshtina

„За ВМРО-ДПМНЕ и потпорните ѕидови се капитални инвестиции“

Post Views: 5 Во дописот до нашата нашата телевизиска куќа од Локалната самоуправа стои: Поради немањето аргументи за продолжување со нападите врз градоначалникот Александар Петрески и локалната самоуправа, ОК на ВМРО- ДПМНЕ , на денешната прес конференција и изградбата на потпорен ѕид во селото Коњско ја прогласи за капитална инвестиција на Владата на Никола Груевски. Згора на тоа, најверојатно од незнаење, селата Волино, Лактиње, Врбјани, Ботун и Годивје наместо во општина Дебрца ги смести во општина Охрид. Немојте да ги потценувате граѓаните на Охрид. Исто како што знаете вие,...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Петрески ги открива приоритетите за 2011-та

Post Views: 1 Локалната самоуправа има големи планови за 2011 год. Градоначалникот смета дека токму годинава ќе се изградат неколкуте капитални проекти за Охрид. Петрески за ТВМ ги открива плановите за оваа година. Владината одлука со која државното земјиште од трета, четврта и петта категорија, од месец јуни 2011 год треба да премине во рамките на општината, ќе овозможи токму на тие места конечно да се изградат капитални објекти, вели Градоначалникот Александар Петрески.  Тој смета дека за овие промени локалната треба добро да се подготви. Градоначалникот Петрески вели дека, локалната...

Continue reading

Tanja Paskali Buntasheska

Бројни капитални проекти ќе реализира охридскиот Завод и музеј

Post Views: 5 Во 2009 година, Националната установа Завод и музеј- Охрид влегува со амбициозни планови. Пари за нивна реализација има. Директорот, Тања Паскали- Бунташеска, вели дека е повеќе од задоволна со финансиските средства кои Владата ги издвоила за оваа намена. „Сите проектите за кои аплициравме до Министерството за култура се прифатени. За работењето на Завод и музеј за 2009 Владата има издвоено над 40 милиони денари“, вели Бунташеска. Годинава ќе се реализираат неколку капитални проекти. Реконструкцијата на куќата на Уранија е само еден од нив.   „Завршена е првата фаза...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top